ФК Сиднеј

ФК Сиднеј е австралиски фудбалски клуб со седиште во Сиднеј, Нов Јужен Велс. Клубот моментално се натпреварува во А-лигата, најсилното фудбалско натпреварување во земјата.

ФК Сиднеј
Целосно имеФудбалски клуб Сиднеј[1][2]
ПрекарThe Sky Blues (небесно сини)
Основан1 ноември 2004
ЛокацијаСиднеј, Австралија
СтадионЏубили Овал
Капацитет20,505
СопственикРусија Давид Трактовенко
ПретседателАвстралија Скот Барлоу
ТренерАвстралија Стив Корика
ЛигаА-лига
2018–19А-лига, 2-ри (шампиони)
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот е основан на 1 ноември 2004 година и во својата кратка историја има освоено четири титули во А-лигата, како и четири првенства во истата лига, еден ФФА Куп и исто така ја освоиле Лигата на шампионите на Океанија, пред Австралија да се пресели во Азиската фудбалска конфедерација.

До пред почетокот на сезоната 2018–2019, својте домашни натпревари ФК Сиднеј ги играл на Алијанц стадионот, кој имал капацитет од 45.500 места и се наоѓал во предградието на Мур Парк. Откако овој стадион бил срушен била започната изградба на нов на истото место која сѐ уште трае, а привремено клубот ги игра својте домашни натпревари на стадионот Џубили Овал. Фудбалерите на ФК Сиднеј најчесто настапуваат во светлосини дресови и темносини шорцеви.

Низ историјата голем број на фудбалски ѕвезди го носеле дресот на Сиднеј како: Двајт Јорк, Жунињо Паулиста, Џон Алоизи, Брет Емертон, Лукас Нил, Марк Јанко, Алесандро Дел Пјеро и др.

Играчи

Моментален состав

Бр.ПозицијаИграч
1 ГМЕндрју Редмејн
2 ОДПатрик Флотман
3 ОДБен Ворленд
4 ОДАлекс Вилкинсон
5 СРАлександер Баумјохан
6 ОДРајан МекГован
7 ОДМајкл Зуло
8 СРПауло Ретре
9 НПАдам ле Фондр
10 СРМилош Нинковиќ
11 НПКоста Барбарусес
Бр.ПозицијаИграч
12 НПТрент Буаџир
16 ОДЏоел Кинг
17 СРАнтони Касерес
18 НПЛук Ивановиќ
19 СРКрис Зувела
20 ГМТом Хеуард-Бел
21 ОДХари ван дер Саг
23 ОДРајан Грант
24 НПМарко Тилио
26 СРЛук Братан
Алесандро Дел Пјеро, капитен на ФК Сиднеј во сезоната 2013-2014.

Капитени

  • Марк Руден (2005-2007)
  • Тони Поповиќ (2007-2008)
  • Стив Корика (2008-2010)
  • Тери МекФлин (2010-2013)
  • Алесандро Дел Пјеро (2013-2014)
  • Алекс Броске (2014-2019)
  • Алекс Вилкинсон (2019-денес)

Титули

А-лига

  • А-лига Првенство
Победник (4): 2009–2010, 2016–2017, 2017–2018, 2019–2020
Вицешампион (3): 2005–2006, 2014–2015, 2018–2019
  • А-лига Финале
Победник (4): 2006, 2010, 2017, 2019
Финалист (1): 2015

ФФА

  • ФФА Куп
Победник (1): 2017
Финалист (2): 2016, 2018

АФК/ОФК

  • ОФК Лига на шампиони
Победник (1): 2005

Наводи

Надворешни врски