ФК Партизан

ФК Партизан е фудбалски клуб од Белград. 27 пати ја има освоено шампионската титула (прво на СФРЈ, подоцна на Југославија и на крајот на Србија), а освојувач е и на 15 национални купови. Најголем успех на Партизан на европско тло е финалето во Купот на европските шампиони против мадридски Реал. По распадот на заедничката држава, Партизан е првиот клуб од Србија кој се има пласирано во Лигата на шампионите и кој ја има поминато фазата по групи во Купот на УЕФА, стигнувајќи до осминафиналето.

Партизан
Грбот на ФК Партизан
Целосно имеФудбалски клуб Партизан
Основан1945
Распаднат
СтадионСтадион на Партизан
Капацитет32.710
Претседател Милорад Вучелиќ
Тренер Александар Станојевиќ
ЛигаСуперлига Србија
2022-234.
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

Историја

Партизан е основан на 4 октомври 1945 година, како дел од Југословенското спортско друштво. Клубот сè уште е член на истото друштво, чие име денес е променето во Спортско друштво на Србија и кое брои 25 клубови во различни спортови, но е потполно независно во поглед на организација, управа, финансии, материјални средства и објекти.

На почетокот формиран е под закрила на Југословенската Народна Армија, поради што и самиот стадион на Партизан долго време го носи името Стадион ЈНА. Сепак, на почетокот на 1950-тите станува независен од војската. Првиот меѓународен натпревар, Партизан го одигрува на 6 декември 1946 година против ЦСКА Москва.

Моментално, боите на Партизан се црна и бела, иако првите 13 години дресовите им се во сино-црвена комбинација.

Навивачи

Навивачите на Партизан, познати под името Гробари, се организираат кон крајот на 1970-тите. Прекарот го добиваат од навивачите на нивниот најголем соперник – Црвена Ѕвезда - кои на ваков начин алудираат на воглавно црната клупска боја, која е сосема иста како облеката на гробарите.

За време на постоењето на СФРЈ, Гробарите, заедно со уште неколку навивачки групи на територијата на поранешна Југославија, важат за едни од најсложните и најпосветените навивачи; сепак, по распадот на заедничката држава, доаѓа до несогласувања во рамките на навивачката група, па од 1999 година, до денес постојано следат поделби.

Денес постојат три посебни групи: Јужен фронт, Гробари 1970 и Гробари Белград.

Стадион

Стадионот на Партизан е објект со најдолга спортска традиција во Југославија. Се наоѓа на местото каде пред почетокот на Втората светска војна, било сместено игралиштето на тогашниот шампион БСКБелградски Спортски Клуб.

Непосредно по завршувањето на војната, започнува изградбата на модерен стадион токму на тоа место. На 9 октомври 1949 година на него е одигран првиот натпревар, и тоа меѓу Југославија и Франција (1:1) во квалификациите за Светското првенство 1950 година.

Од 1950-тите до 1987 година, стадионот се користи како цел на годишниот фестивал наречен „Ден на младоста“. На секој 25 мај, „Штафетата на младоста“ е предавана на Јосип Броз Тито, претседателот на Југославија, токму на Стадионот ЈНА.

Долго време, стадионот на Партизан прима 55.000 навивачи, бројка која многу често е и надминувана за време на поважните натпревари; сепак поради заострените критериуми на Меѓународниот фудбалски сојуз, стадионот е реконструиран во 1998 година, па по оваа интервенција гледалиштето е сведено на 32.710 места.

Награди и признанија

Во 1966 година, Партизан е вицешампион на Европа, а во 1978 година, победник на Средноевропскиот куп. Момчило Вукотиќ е рекордер по бројот на одиграни натпревари - 752, а рекордер по бројот на постигнати голови за црно-белите е Стјепан Бобек со 403 погодоци. За репрезентацијата на Југославија имаат настапено преку 130 Партизанови фудбалери, а повеќе од педесет натпревари во редовите на СФРЈ имаат одиграно Стјепан Бобек, Бранко Зебец, Златко Чајковски, Фахрудин Јусуфи, Милан Галиќ и Милутин Шошкиќ. За фудбалската репрезентација на Југославија Славиша Јокановиќ и Предраг Мијатовиќ ја имаат надминато таа бројка. Поранешниот играч на Партизан Саво Милошевиќ има одиграно 101 натпревар за репрезентацијата, што пак е апсолутен рекорд.

Пред распадот на Југославија, Партизан има шест пати победено со десет или повеќе дадени голови, а во две првенства има постигнато по повеќе од сто гола; Партизан го држи и рекордот за најмногу постигнати голови во рамките на југословенската прва лига со 107 погодоци во едно првенство.Еден од највозбудливите натпревари, Партизан го има одиграно против Селтик во 1989 година, непосредно пред распадот на СФРЈ. На првиот натпревар, одигран во Мостар, Партизан победува со 2-1. Реваншот се игра во Шкотска, а Селтик победува со 5-4. Партизан постигнува гол во последната минута и на таков начин се квалификува во наредното коло.

Партизан има играно и во финалето на Купот на европските шампиони во 1966 година против Реал Мадрид, откако го исфрла Манчестер Јунајтед во полуфиналето. Партизан поведува со 1-0 во финалето, но на крајот Шпанците сепак победуваат со 2-1.

Партизан на европските натпреварувања

СезонаНатпреварувањеРангЗемјаКлубРезултат
1955/56Лига на шампиониосминафинале  ПортугалијаФК Спортинг Лисабон3-3, 5-2
четвртфинале ШпанијаФК Реал Мадрид0-4, 3-0
1956Митропа купчетвртфинале  АвстријаФК Вакер Виена1-1, 1-1, 4-0
Полуфинале УнгаријаФК Вашаш1-0, 1-6
1958Дунав куп1 коло  ЧешкаФК Татран Прешов4-2, 1-4
1959Митропа купчетвртфинале  ЧешкаФK Бањик Острава1-1, 3-2
полуфинале  УнгаријаФК Хонвед3-3, 2-2
1960Митропа купГрупа  ЧешкаФК Слован Братислава2-1, 1-4
1961/62Лига на шампиониквалификации  ПортугалијаФК Спортинг Лисабон1-1, 2-0
осмина финала  ИталијаФК Јувентус1-2, 0-5
1962Митропа купГрупа  ИталијаФК Аталанта Бергамо3-3, 2-2
Група  УнгаријаФК МТК2-1, 1-4
Група  ЧешкаФК Бањик Острава2-2, 1-1
1962/63Лига шампионаквалификации БугаријаЦСКА Софија1-2, 1-4
1963/64Лига шампионаквалификации  КипарАнортозис Фамагуста3-0, 3-1
осминафинала  ЛуксембургЖенес д'Еш1-2, 6-2
четвртфинале  ИталијаФК Интер0-2, 1-2
1965/66Лига шампионаквалификации  ФранцијаФК Нант2-0, 2-2
осмина финала  ГерманијаФК Вердер Бремен3-0, 0-1
четвртфинале  ЧешкаФК Спарта Прага1-4, 5-0
полуфинале  АнглијаМанчестер Јунајтед2-0, 0-1
финале ШпанијаФК Реал Мадрид1-2
1967/68Куп на саемските градови1 коло БугаријаФК Локомотива Пловдив5-1, 1-1
2 коло  АнглијаФК Лидс Јунајтед1-2, 1-1
1969/70Куп на саемските градови1 коло  УнгаријаФК Ујпешт2-1, 0-2
1970/71Куп на саемските градови1 коло ДР ГерманијаФК Динамо Дрезден0-0, 0-6
1972Митропа купГрупа  ИталијаФК Фјорентина0-3, 2-1
Група  АвстријаФК Виена3-0, 4-1
1974/75УЕФА куп1 коло ПолскаФK Гурник2-2, 3-0
2 коло  Северна ИрскаФК Портдаун5-0, 1-1
осминафинале  ГерманијаФК Келн1-0, 1-5
1976/77Лига на шампиони1 коло СССРФК Динамо Киев0-3, 0-2
1978Митропа купГрупа  ИталијаФК Перуџа1-2, 4-0
Група  ЧешкаФК Збројовка Брно5-1, 4-1
Победник  УнгаријаФК Хонвед1-0
1978/79Лига на шампиони1 коло ДР ГерманијаФК Динамо Дрезден2-0, 0-2 (4-5 пен.)
1983/84Лига на шампиони1 коло  НорвешкаФК Викинг Ставангер5-1, 0-0
осминафинале ДР ГерманијаФК Динамо Берлин0-2, 1-0
1984/85УЕФА куп1 коло  МалтаФК Рабат Ајакс2-0, 2-0
2 коло  АнглијаКвинс Парк Ренџерс2-6, 4-0
осминафинале  УнгаријаФК Видеотон0-5, 2-0
1985/86УЕФА куп1 коло  ПортугалијаФК Портимоненсе0-1, 4-0
2 коло  ФранцијаФК Нант1-1, 0-4
1986/87УЕФА куп1 коло  ГерманијаБорусија Менхенгладбах0-1, 1-3
1987/88УЕФА куп1 коло АлбанијаФК Фљамуртари0-2, 2-1
1988/89УЕФА куп1 колоБугаријаФК Славија Софија5-0, 5-0
2 коло  ИталијаФК Рома4-2, 0-2
1989/90Куп на победниците на куповите1 коло  ШкотскаФК Селтик2-1, 4-5
осминафинале  ХоландијаФК Гронинген3-4, 3-1
четвртфинале РоманијаФК Динамо Букурешт1-2, 0-2
1990/91УЕФА куп1 коло  МалтаФК Хибернијан3-0, 2-0
2 коло  ШпанијаФК Реал Сосиедад0-1, 1-0 (5-4 пен.)
осминафинале  ИталијаФК Интер0-3, 1-1
1991/92УЕФА куп1 коло  ШпанијаФК Спортинг Хихон0-2, 2-0 (2-3 пен.)
1996/97УЕФА куп1 коло кв. ИзраелФК Макаби Хаифа1-0, 3-1
2 коло кв. РоманијаФК Национал Букурешт0-0, 0-1
1997/98Лига на шампиони1 коло кв.  ХрватскаКроација1-0, 0-5
1998/99Куп на победниците на куповитеквалификации  ГрузијаФК Динамо Батуми2-0, 0-1
1 коло  АнглијаФК Њукасл Јунајтед1-2, 1-0
осминафинале  ИталијаФК Лацио0-0, 2-3
1999/00Лига на шампиони1 коло кв.  ЕстонијаФК Флора Талин6-0, 4-1
2 коло кв.  ХрватскаХНК Ријека3-1, 3-0
3 коло кв.  РусијаФК Спартак Москва0-2, 1-3
1999/00УЕФА куп1 коло  АнглијаФК Лидс Јунајтед1-3, 0-1
2000/01УЕФА купквалификации  МалтаСлиема Вондерерс1-2, 4-1
1 коло  ПортугалијаФК Порто1-1, 0-1
2001/02УЕФА купквалификации  АндораФК Санта Кулома7-1, 1-0
1 коло  АвстријаФК Рапид Виена1-0, 1-5
2002/03Лига на шампиони2 коло кв.  ШведскаФК Хамарби1-1, 4-0
3 коло кв.  ГерманијаБаерн Минхен0-3, 1-3
2002/03УЕФА куп1 коло  ПортугалијаФК Спортинг Лисабон3-1, 3-3
2 коло  ЧешкаФК Славија Прага3-1, 1-5
2003/04Лига на шампиони2 коло кв.  ШведскаФК Ѓурѓарден1-1, 2-2
3 коло кв.  АнглијаФК Њукасл Јунајтед0-1, 1-0 (4-3 пен.)
Група  ПортугалијаФК Порто1-1, 1-2
Група  ФранцијаФК Олимпик Марсеј0-3, 1-1
Група  ШпанијаФК Реал Мадрид0-1, 0-0
2004/05УЕФА куп2 коло кв. РоманијаФК Оцелул Галаци0-0, 1-0
1 коло РоманијаФК Динамо Букурешт0-0, 3-1
Група  ГрцијаФК Егалео4-0
Група  ИталијаФК Лацио2-2
Група  ШпанијаФК Виљареал1-1
Група  АнглијаФК Мидлсборо0-3
3 коло  УкраинаФК Днепро Днепропетровск2-2, 1-0
осминафинале  РусијаФК ЦСКА Москва1-1, 0-2
2005/06Лига на шампиони2 коло кв.  МолдавијаФК Шериф Тираспол1-0, 1-0
3коло кв.  СловачкаФК Артмедиа Братислава0-0, 0-0 (3-4 пен.)
2005/06УЕФА куп1 коло ИзраелФК Макаби Петах Тиква2-0, 2-5
2006/07УЕФА куп2 коло кв.  СловенијаНК Марибор2-1, 1-1
1 коло  ХоландијаФК Гронинген4-2, 0-1
Група  ИталијаФК Ливорно1-1
Група ИзраелФК Макаби Хаифа0-1
Група  ФранцијаФК Осер1-4
Група  ШкотскаФК Ренџерс0-1
2007/08УЕФА куп1 коло кв.  Босна и ХерцеговинаНК Зрињски6-1, 5-0 *

* Поради нередите предизвикани од Партизановите навивачи во Мостар, со одлука на УЕФА, ФК Партизан е исфрлен од УЕФА купот во сезоната 2007/08.

Надворешни врски

Официјални

Страници на обожаватели