ФК Лугано

ФК Лугано е швајцарски фудбалски клуб со седиште во Лугано.

Швајцарија Лугано
Основан1908
СтадионКорнаредо (15,000)
Лугано, Швајцарија
СопственикШвајцарија Анџело Ренцети
ТренерШвајцарија Ливио Бордоли
ЛигаЧеленџ лига
2023/242.
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот бил основан во 1908 година под името ФК Лугано, но во 2004 година како резултат на испаѓање од втората лига и лошата финансиска состојба, клубот претрпел банкрот и бил рефундиран под името АК Лугано. Во 2008 година, клубот го вратил неговото оригинално име, ФК Лугано. Инаку, тие се трикратни шампиони на Швајцарија и трикратни освојувачи на Купот на Швајцарија.

Својте домашни натпревари Лугано ги игра на Стадионот Корнаредо. Во моментов клубот се натпреварува во Супер лигата, највиското ниво по ранг на швајцарскиот фудбал.

Бои и амблеми

Официјалните бои на клубот се црна и бела ( ).

Стадион

Лугано ги играат својте домашни натпревари на Стадионот Корнаредо, изграден во 1951 година, и има капацитет од 15.000 гледачи. Теренот е со димензии 105 x 68м.

Тој бил домаќин на некои натпревари од Светското првенство 1954.

Соперништва

Дербито со екипата на Белинцона се смета за Дерби Тичино; Лугано и Белинцона всушност претставуваат двата најголеми града во кантонот Тичино и се единствените тимови кој го освоиле швајцарското првенство.

Титули

1937-1938, 1940-1941, 1948-1949.

  • Куп на Швајцарија
    • Победник (3) :

1930-1931, 1967-1968, 1992-1993.

1953-1954, 1960-1961, 1963-1964.

Познати поранешни играчи

  • Кристијан Едуардо Хименес
  • Хулио Ернан Роси
  • Нелсон Вивас
  • Дида
  • Мауро Галвао
  • Фелипе Кампањоли Мартинс
  • Томислав Ерцег
  • Отмар Хицфелд
  • Едвин Гортер
  • Јерн Андерсен
  • Симоне Рота
  • Лудовик Мањин
  • Валон Бехрами
  • Алесандро Фригерио
  • Шарил Шапуис

Надворешни врски