Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

универзитет во Скопје

„Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) — најстар и најголем универзитет на македонски јазик со седиште во Скопје. Формиран е на 24 април 1949 година со три факултети, а денес претставува заедница на 24 факултети, 9 научни институти (5 составни и 4 кои соработуваат со универзитетот) и 6 други институции. За прв ректор е избран Кирил Миљовски[1], а сегашен ректор е Никола Јанкуловски.

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Виддржавен
Основан24 април 1949
РекторБилјана Ангелова
Студенти36.700
МестоСкопје, Македонија
ПрипадностМрежа на универзитети на ЈИЕ
www.ukim.edu.mk

Состав на универзитетот

Ранг на универзитетот
Глобално рангирање
THE World[2]1501+ (2024)
USNWR Global[3]=1 291 (2023)
Регионално рангирање
QS Emerging Europe and Central Asia[4]159 (2022)

Универзитетот е составен од 23 факултети, 5 составни институти и 4 јавни научни установи, како и 6 други организации кои соработуваат со универзитетот.

Факултети

Денес во универзитетот постојат 23 факултети од сферата на природните, медицинските, техничките, општествените и биотехничките науки како и уметноста.

Природни науки

Медицински науки

Технички науки

Општествени науки

Комплексот на Економскиот, Филозофскиот, Филолошкиот и Правниот факултет.

Биотехнички науки

Уметности

Составни институти

  • Економски институт
  • Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
  • Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
  • Земјоделски институт
  • Институт за сточарство

Придружни членки

Јавни научни установи

Други високообразовни институции

Други организации

Универзитетска библиотека

Универзитетската библиотека НУБ „Св. Климент Охридски“

Академска библиотека на „Св. Кирил и Методиј“ е НУБ „Св. Климент Охридски“, која е воедно и национална библиотека на Македонија. Отворена е во 1920 година како библиотека на Филозофскиот факултет, а подоцна станала јавна Народна библиотека и библиотека на универзитетот во сегашната зграда.

Награди

Во 2007 година Универзитетот „Кирил и Методиј“ е одликуван со Орден на Република Македонија за постигнатите исклучителни резултати во долгогодишната научна, наставна и апликативна дејност, давајќи значителен придонес за севкупниот развој и афирмација на Република Македонија како современа демократска држава во светот.

Дипломци

Наводи

Надворешни врски