Убавицата и Ѕверот (цртан филм)

Убавицата и ѕверот ( англиски: Beauty and the Beast) е американски анимиран филм од 1991 година премиерно прикажан во холивудскиот театар „Ел Капитан“ на 13 ноември истиата година. Филмот е продуциран од Дон Хенкс, во режија на Гери Трусдејл и Кирк Вајз, а сценариото на Линда Вулвертон, всушност е филмска адаптација на француската бајка Убавицата и ѕверот со елементи на истоимениот игран филм од 1946 година.[1] Во англиската верзија на филмот не стои името на францускиот писател Жан Мари Лепренс де Бомон, додека во француската верзија таа е потпишана како автор на бајката.[2]

Ова е воедно триесеттиот филм од колекцијата класици на Волт Дизни. Тој е првиот од само два анимирани филма што некогаш биле номинирани за Оскар во категоријата најдобар филм.

Музиката за филмот ја компонирале Алан Менкен и Хауард Елиот Ашман, тимот на композитори кои исто така ја напишале музиката за „Малата сирена“ на Дизни. Со заработка од 145.000.000 долари во САД и Канада и над 403.000.000 во остатокот од светот, Убавицата и ѕверот станала најуспешната анимирана адаптација до тоа време.[3][4] Филмот се нашол и на листата на најгледани филмови во Соединетите Американски Држави во 1991 година, и то на третото место, пред блокбастерите Terminator 2: Судниот ден и Робин Худ: Принц на крадците.[5]

Заплет

Бел е млада девојка која поради сплет на околности се наоѓа во замокот на принцот кој бил претворен во ѕвер. Со помош на слугите на замокот кои се трансформирани во предмети за домаќинството и мебел, Бел ја учи најважната лекција од сите: вистинската убавина доаѓа одвнатре.

Награди и номинации

Оскар ( Оскар )

НаградаПримил
Најдобра музика, оригинална музикаАлан Менкен
Најдобра музика, оригинална песна Beauty and the BeastАлан Менкен и Хауард Ашман
Номинации:
Најдобар филмДон Хенк
Најдобра музичка оригинална песна БелАлан Менкен и Хауард Ашман
Најдобра музика, оригинална песнаАлан Менкен и Хауард Ашман
Најдобра песнаТери Портер, Мел Меткалф, Дејвид Џ. Хадсон и Док Кејн

Златен глобус

Убавицата и ѕверот е првиот анимиран филм кој освоил Златен глобус во категоријата најдобар филм - мјузикл или комедија. Следните анимирани филмови кои го постигнале ова се Кралот Лав и Приказна за играчките 2 .

Наградарезултати
Најдобар филмски мјузикл или комедијапобедник
Најдобра оригинална музикапобедник
Најдобра оригинална песна за Убавицата и ѕверотпобедник
Најдобра оригинална песна за песната Ти си наш гостинноминација
НаградаРезултатот
Најдобар албум за децапобедник
Најдобра поп изведба на група или дует со вокал (за Убавицата и ѕверот)победник
Песна на годината (за Убавицата и ѕверот)номинација
Најдобра инструментална композиција напишана за филмпобеда
Најдобра песна напишана за филм или телевизиска претстава (за Убавицата и ѕверот)победа
Албум на годината (за Убавицата и ѕверот)номинација

Други награди

Во јуни 2008 г Американскиот филмски институт ја објави топ 10 листата. (Топ десет) од најдобрите филмови во десет филмски жанрови базирани на анкета на повеќе од 1.500 луѓе. Убавицата и ѕверот го зазеде седмото место меѓу најдобрите анимирани филмови.[6][7]

Поврзано

  • Убавицата и ѕверот (филм 2017)

Наводи

Надворешни врски