Уасим Боуи

Уасим Боуи (роден на 11 јуни 1993 во Амстердам) — холандски фудбалер кој моментално игра за фудбалскиот клуб Јувентус.

Уасим Боуи
Лични податоци
Роден на11 јуни 1993(1993-06-11)(31 г.)
Роден воАмстердам, Холандија
ДржаваХоландија Холандија
Висина&100000000000001800000001,80 м
Позицијасреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубПанатинаикос Панатинаикос
Број22
Младинска кариера
Зебургија
Ајакс Ајакс
Јувентус Јувентус
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2012–Јувентус Јувентус0(0)
2012–2013Бреша Бреша17(1)
2014Хамбургер Хамбургер3(0)
2014-Панатинаикос Панатинаикос5(0)
Репрезентација
2009-2010Холандија Холандија 1710(1)
2011-Холандија Холандија 1918(3)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 септември 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011

Боуи игра како внатрешен играч за врска, но омилена позиција му е да игра зад напаѓачите.

Клупска кариера

Ајакс

Боуи ја започнал својата кариера во клубот од родниот град, Ајакс. Тој настапувал три години за младинскиот тим на Ајакс, но иако му предвидувале блескава кариера во клубот, тој го напуштил Ајакс без да одигра ниту еден натпревар за првиот тим.

Јувентус

Во февруари 2012 Боуи одлучил да се пресели во Торино и да потпише договор со Јувентус. До крајот на сезоната настапувал за младинскиот тим на Јувентус. Боуи бил дел и од младиот тим на Јувентус кој триумфирал на Турнирот Вијареџо во 2012 година, каде тој бил еден од најзапазените играчи на тимот со својте асистенции и голови. На 31 август 2012, Јувентус се согласил да и го позајми Боуи на Бреша на една година.[1] Тој дебитирал само еден ден подоцна во натпреварот против Јуве Стабија во Серија Б.[2] Веќе во вториот натпревар тој го постигнал својот прв професионален погодок, носејќи и предност на Бреша нагостувањето кај Специја, но неговиот тим на крајот бил поразен во тој натпревар со 3-1. До крајот на неговиот заем одиграл 17 натпревари и имал 5 асистенции, но неуспеал да постигне уште некој гол.

На 30 јуни 2013, Боуи се вратил во Јувентус по завршувањето на позајмицата.[3] Тој бил вклучен во првиот тим на Јувентус за сезоната 2013-14, добивајќи го дресот со број 24 кој малку претходно бил испразнет од страна на Емануеле Џакерини.

Надворешни врски

Наводи