УС Салернитана 1919

УС Салернитана 1919, познат и само како Салернитанаиталијански фудбалски клуб од Салерно, Кампанија.

Салернитана
Целосно имеУС Салернитана 1919
ДржаваИталија Италија
Основан1919; пред 105 години (1919)
1927 (реоснован)
2005 (реоснован)
2011 (реоснован)
ЛокацијаСалерно, Италија
СтадионАреки[1]
Капацитет26,000[2]
СопственикИталија Андреја Радрицани
ТренерПортугалија Пауло Соуса
ЛигаСерија А Серија А
2020–21Серија Б, 2-ри (промоција)
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот е основан на 19 јуни 1919 година од конзорциум предводен од Матео Скијавоне,[3][4][5] но во текот на својата историја, клубот трипати бил реоснован: во 1927[6] при што по воспоставувањето на новото партнерство клубот го добил сегашниот идентитет со дресови во гранатна боја, во 2005[7][8] и 2011 година од финансиски причини.[9] Сегашниот клуб, всушност, бил основан како Салерно Калчо во 2011 година, но продолжил со обележјата на Салернитана почнувајќи од 2012 година. На 19 јуни 2019 година, клубот прославил точно 100 години од својата фудбалска историја.

Салернитана се вратила во Серија А во 2021 година, по пауза од 23 сезони, откако завршиле на второто место во Серија Б со што добиле директна промоција. Претходно, клубот бил член на најсилната италијанска фудбалска лига само уште во два наврати во сезоната 1947-1948 и сезоната 1998-1999, но и во двата случаи испаднале од лигата уште во првата сезона по промоцијата.

Својте домашни натпревари клубот ги игра на стадионот Ареки, кој има капацитет од 26,000 седечки места.

Играчи

Моментален состав

Бр.ПозицијаИграч
1 ГМВинченцо Фјорило
2 СРДилан Брон
3 ОДДомагој Брадариќ
5 ОДФлавиус Данилиук
6 ОДЖуниор Самбија
8 СРЕмил Бохинен
9 НПФедерико Бонацоли
10 СРТони Вилена
11 НПЕрик Ботхејм
13 ГМГиљермо Очоа
14 СРДиего Валенсија
15 ОДВилијам Трост-Еконг
17 ОДФедерико Фацио
Бр.ПозицијаИграч
18 СРЛасана Кулибали
20 СРГригорис Кастанос
22 СРДомен Чрнигој
23 ОДНорберт Ѓомбер
25 СРЏулио Маџоре
29 НПБулаје Диа
30 ОДПасквале Мацоки
33 ГМЛујџи Сепе
41 СРХанс Николуси Кавиља
66 ОДМатео Ловато
87 СРАнтонио Кандрева
98 ОДЛоренцо Пирола
99 НПКшиштоф Пјонтек

Познати поранешни играчи

  • Роберто Бреда
  • Ерјон Богдани
  • Џенаро Гатузо
  • Марко Ди Вајо
  • Франческо Ди Јорио[10]
  • Давид Ди Микеле
  • Булент Екен
  • Марко Зоро
  • Валтер Ѕенга
  • Андреј Кристеа
  • Фил Масинга
  • Роберто Мерино
  • Руслан Нигматулин
  • Сијабонга Номвете
  • Ригоберт Сонг
  • Дани Тиато
  • Салваторе Фрези

Статистика

Учество во првенства

НивоКатегоријаУчестваДебиПоследна сезонаВкупно
Дивизионе Национале1[11]1945-19464
Серија А31947-19482021-2022
Серија Б301938-19392020-202130
Секонда Дивизионе11927-192857
Прима Дивизионе71928-19291934-1935
Серија Ц281935-19361977-1978
Серија Ц1181978-19792007-2008
Лега Про Прима Дивизионе22010-20112013-2014
Лега Про12014-2015
Лега Про Секонда Дивизионе12012-20131
Серија Д12011-20121

Наводи

Надворешни врски