Суперкуп на УЕФА

(Пренасочено од УЕФА Супер Куп)

Супекуп на УЕФА (исто така наречен Суперкуп на Европа) е годишен фудбалски натпревар помеѓу шампионите на двете клупски натпреварувања организирани од раководното тело на Европскиот фудбал, УЕФА: УЕФА Лигата на шампионите и УЕФА Лига Европа. Натпреварот се одржува при почетокот на натпреварувачката сезона, во август, најчесто во петок.

Суперкуп на УЕФА
РегионЕвропа (УЕФА)
Основана1972; пред 52 години (1972)
(официјално од 1973)
Број на клубови2
Тековен првакРеал Мадрид Реал Мадрид (5. титула)
(2022)
Најмногу титулиБарселона Барселона
Милан Милан
Реал Мадрид Реал Мадрид
(5 титули)
Мрежно местоОфицијална страна
Трофеј
Суперкуп на УЕФА 2022

Од 1972 до 1999, Суперкупот на УЕФА се играл помеѓу победникот во Купот на шампиони/УЕФА Лига на шампионите и победникот во Купот на победниците на куповите. По укинувањето на Купот на победниците на куповите, Суперкупот на УЕФА се игра помеѓу победникот во УЕФА Лигата на шампионите и победникот во Купот н УЕФА, кој подоцна бил преименуван во УЕФА Лига Европа во 2009.

Моментален шампион е германскиот клуб Бајерн Минхен кој ја победил Севиља со 2–1 по продолженија во Суперкупот на УЕФА 2020. Најуспешни клубови во натпреварувањето се шпанската Барселона и италијанскиот Милан со по пет титули.

Историја

Суперкупот на Европа бил создаден во 1971 од Антон Виткамп, новинар а потоа и спортски директор на холандскиот весник De Telegraaf. Идејата му дошла во времето кога холандскиот фудбал бил најдобар во Европа и кога холандските клубови ги живееле нивните златни ери (особено Ајакс). Виткамп бил во потрага по нешто ново за конечно да се реши кој е најдобар клуб во Европа и исто така да го тестира тимот на Ајакс, предводен од суперѕвездата Јохан Кројф. Потоа било предложено победникот од Купот на шампиони да се соочи со победникот од Купот на победниците на куповите.

Се било подготвено за создавање на ново натпреварување. Сепак, кога Виткамп се обидел да добие официјална поддршка за натпреварувањето, претседателот на УЕФА го одбил предлогот.

Финалето на Суперкупот 1972 помеѓу холандскиот тим Ајакс и шкотскиот Глазгов Ренџерс се смета за неофицијално од страна на УЕФА,[1] откако Глазгов Ренџерс бил казнет од европските натпреварувања поради неспортското однесување на навивачите на Ренџерс за време на финалето на Купот на Победниците на Куповите во 1972. Како резултат на тоа, УЕФА одбила да го признае натпреварувањето до следната сезона.[2] Финалето се играло во два натпревари, на домашен и гостински терен и било финансиски поддржано од страна на холандскиот весник De Telegraaf. Ајакс го поразил Ренџерс со вкупен резултат од 6–3 и го освоил првиот (иако неофицијален) Суперкуп на Европа.

Финалето на Суперкупот 1973, во кое Ајакс го поразил Милан со вкупен резултат од 6–1, било официјално признаено и поддржано од УЕФА.

Иако форматот од два натпревари бил задржан сè до 1997, Суперкупот се одиграл во еден натпревар поради проблеми со распоредот или политички проблеми во 1984, 1986, и 1991. Во 1974, 1981 и 1985, Суперкупот воопшто не се одиграл.[3]

Во сезоната 1992-93, Купот на шампионите бил преименуван во Лига на шампиони, а победниците во ова натпреварување се соочиле со победниците од Купот на победниците на куповите во Суперкупот на УЕФА.

Во сезоната 1994–95, Купот на победниците на куповите бил преименуван во УЕФА Куп на победниците на куповите.

По сезоната 1998–99, Купот на победниците на куповите бил укинат од страна на УЕФА. Лацио, последниот победник на ова натпреварување во сезоната 1998–1999, го победил Манчестер Јунајтед, победникот во сезоната 1998-1999 од Лигата на шампионите со 1–0 и со тоа станал последниот победник на КПК кој го освоил Суперкупот на УЕФА.

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, со трофејот од Суперкупот на УЕФА 2017, одигран во Скопје.

Од тогаш, Суперкупот на УЕФА се одржува помеѓу победниците во Лигата на Шампионите и победниците во Купот на УЕФА. Во првиот суперкуп помеѓу победниците на овие две натпреварувања, Галатасарај, победникот во Купот на УЕФА за сезоната 1999-2000, го поразил Реал Мадрид, победникот во Лигата на шампионите за истата сезона со 2–1.

Во сезоната 2009–2010, Купот на УЕФА бил преименуван во УЕФА Лига Европа и победниците во ова натпреварување се соочиле со победниците на Лигата на шампионите во Суперкупот на УЕФА.

По петнаесет последователни Суперкупови на стадионот Луис Втори во Монако меѓу 1998 и 2012, од 2013 година Суперкупот на УЕФА ќе се одигрува на различни стадиони (слично како финалните натпревари во Лигата на шампионите и Лига Европа). Суперкупот на УЕФА 2013 се одигра на Еден Арената во Прага, Чешка.[4]

Место

Натпреварувањето првично се играло во два натпревари, на домашен и гостински терен, освен во посебни случаи; како на пример во 1991 кога на Црвена Ѕвезда не и било дозволено својот натпревар на домашен терен да го одигра во Југославија поради граѓанската војна која се случувала во тоа време. Меѓу 1998 и 2012, финалето се играло во еден натпревар, одигран на стадионот Луј Втори во Монако.[5] Од 2013 па натака, различни стадиони ќе бидат домаќини на Супер Купот. Ова се наредните домаќини на УЕФА Супер Купот:

Награди

Трофеј

Трофејот на Суперкупот на УЕФА.

Оригиналниот трофеј од Суперкупот на УЕФА го задржува УЕФА. На победничкиот тим му се доделува копија од трофејот во иста големина. Триесет златни медали му се доделуваат на победничкиот тим и триесет сребрени медали на поразениот во финалето.[13]

Во својата историја трофејот во Суперкупот на УЕФА претрпел неколку измени. Првиот трофеј кој бил презентиран на Ајакс во 1973 и 1974 бил екстремно голем; фактички, бил поголем од трофејот во Европскиот Куп. Овој трофеј бил заменет со плакета со златен УЕФА амблем. Следниот трофеј бил најмал и најсветол од сите останати трофеи, тежејќи 5 кг со обем од 42.5 см во висина. Новиот модел тежи 12.2 кг со обем од 58 см во висина.[14]

Тимот кој ќе го освои Суперкупот на УЕФА трипати последователно или вкупно пет пати, добива оригинална копија од трофејот и посебен белег на препознавање. Само Барселона и Милан го постигнале овој успех досега, освојувајќи го купот вкупно пет пати, од кои сите пет пати како победник во Лигата на Шампионите.[15]

Парични награди

  • Финалист: €3,800,000
  • Победник: €5,000,000

Правила

Моментално, правилата во Суперкупот на УЕФА се исти како и кај другите УЕФА клупски натпреварувања. Финалето се состои од еден натпревар кој се игра на неутрален стадион. Натпреварот се состои од две полувремиња од по 45 минути. Доколку резултатот е изедначен по крајот на 90-та минута, се играат две продолженија од по 15 минути. Доколку повторно победникот не е добиен по крајот на второто продолжение, изведувањето на пеналите го решаваат победникот на Суперкупот на УЕФА (до денес, само еден Суперкуп бил решен со изведување на пенали).[5] Секој тим се состои од 18 играчи, од кои 11 го започуваат натпреварот. Од останатите 7 играчи, може во игра да влезат само 3 замени. Доколку некој клуб одбие да игра или нема право на настап, тогаш тој клуб е заменет со вториот финалист од натпреварувањето преку кое е квалификуван. Доколку теренот не е подготвен за игра поради лоши временски услови, натпреварот мора да биде одигран следниот ден.[13]

Билети

60% од капацитетот на стадионот на Монако е резервиран за гостинските клубови. Стадионот исто така има и ВИП седишта. Останатите седишта се продаваат од страна на УЕФА преку интернет аукцијаПри аукцијата секој апликант може да аплицира за билет неограничен број пати. За секоја испратена апликација се плаќа административен трошок од 5 евра.[16]

Натпревари

Клуч
Победник по продолженија, златен гол или изведување пенали
Победник на Куп на шампиони / УЕФА Лига на шампиони
Победник на Европски / УЕФА Куп на победниците на куповите
Победник на Куп на УЕФА / Лига Европа
  • Колоната "Година" се однесува на годината кога се одржал Суперкупот и линк до статијата за тој натпревар.
  • Двомеч финалињата се наведени според редоследот како биле одиграни.
Натпревари од Суперкупот на УЕФА
ГодинаДржаваПобедникРезултатФиналистДржаваСтадионГледачи
1973[б 1]  Холандија Ајакс0–1 Милан  Италија Сан Сиро, Милано15,000
 Холандија Ајакс6–0 Милан  Италија Олимписки стадион, Амстердам25,000
Ајакс победил со вкупен резултат 6–1
1974[б 2]Не се одржало
1975  СССР Динамо Киев1–0 Бајерн Минхен  Западна Германија Олимписки стадион, Минхен30,000
 СССР Динамо Киев2–0 Бајерн Минхен  Западна Германија Олимписки стадион, Киев110,000
Динамо Киев победил со вкупен резултат 3–0
1976  Белгија Андерлехт1–2 Бајерн Минхен  Западна Германија Олимписки стадион, Минхен40,000
 Белгија Андерлехт4–1 Бајерн Минхен  Западна Германија Парк Астрид, Андерлехт32,000
Андерлехт победил со вкупен резултат 5–3
1977  Англија Ливерпул1–1 Хамбургер  Западна Германија Фолкспаркштадион, Хамбург16,000
 Англија Ливерпул6–0 Хамбургер  Западна Германија Енфилд, Ливерпул34,931
Ливерпул победил со вкупен резултат 7–1
1978  Белгија Андерлехт3–1 Ливерпул  Англија Парк Астрид, Андерлехт35,000
 Белгија Андерлехт1–2 Ливерпул  Англија Енфилд, Ливерпул23,598
Андерлехт победил со вкупен резултат 4–3
1979  Англија Нотингем Форест1–0 Барселона  Шпанија Сити Граунд, Нотингем23,807
 Англија Нотингем Форест1–1 Барселона  Шпанија Камп Ноу, Барселона80,000
Нотингем Форест победил со вкупен резултат 2–1
1980  Шпанија Валенсија1–2 Нотингем Форест  Англија Сити Граунд, Нотингам12,463
 Шпанија Валенсија1–0 Нотингем Форест  Англија Стадион Луис Касанова, Валенсија29,038
2–2 вкупен резултат; Валенсија победила поради правилото за гол во гости
1981[б 3]Не се одржало
1982  Англија Астон Вила0–1 Барселона  Шпанија Камп Ноу, Барселона40,000
 Англија Астон Вила3–0 (прод.) Барселона  Шпанија Вила Парк, Бирмингем31,750
Астон Вила победила со вкупен резултат 3–1
1983  Шкотска Абердин0–0 Хамбургер  Западна Германија Фолкспаркштадион, Хамбург15,000
 Шкотска Абердин2–0 Хамбургер  Западна Германија Питодри, Абердин22,500
Абердин победил со вкупен резултат 2–0
1984[б 4]  Италија Јувентус2–0 Ливерпул  Англија Комунале, Торино55,834
1985[б 5]Не се одржало
1986[б 6]  Романија Стеауа Букурешт1–0 Динамо Киев СССР Луј Втори, Монако8,456
1987  Португалија Порто1–0 Ајакс  Холандија Олимписки стадион, Амстердам27,000
 Португалија Порто1–0 Ајакс  Холандија Дас Антас, Порто50,000
Порто победил со вкупен резултат 2–0
1988  Белгија Мехелен3–0 ПСВ  Холандија Ахтер де Казерн, Мехелен7,000
 Белгија Мехелен0–1 ПСВ  Холандија Филипс, Ајндховен17,100
Мехелен победил со вкупен резултат 3–1
1989  Италија Милан1–1 Барселона  Шпанија Камп Ноу, Барселона50,000
 Италија Милан1–0 Барселона  Шпанија Сан Сиро, Милано50,000
Милан победил со вкупен резултат 2–1
1990  Италија Милан1–1 Сампдорија  Италија Лујџи Ферарис, Џенова25,000
 Италија Милан2–0 Сампдорија  Италија Стадион Ренато Дал'Ара, Болоња25,000
Милан победил со вкупен резултат 3–1
1991[б 7]  Англија Манчестер Јунајтед1–0 Црвена ѕвезда  Југославија Олд Трафорд, Манчестер22,110
1992  Шпанија Барселона1–1 Вердер Бремен  Германија Везер, Бремен22,098
 Шпанија Барселона2–1 Вердер Бремен  Германија Камп Ноу, Барселона75,000
Барселона победил со вкупен резултат 3–2
1993  Италија Парма0–1 Милан[б 8]  Италија Енио Тардини, Парма8,083
 Италија Парма2–0 (прод.) Милан  Италија Сан Сиро, Милано24,074
Парма победила со вкупен резултат 2–1
1994  Италија Милан0–0 Арсенал  Англија Хајбери, Лондон38,044
 Италија Милан2–0 Арсенал  Англија Сан Сиро, Милано23,953
Милан победил со вкупен резултат 2–0
1995  Холандија Ајакс1–1 Реал Сарагоса  Шпанија Ла Ромареда, Сарагоса17,500
 Холандија Ајакс4–0 Реал Сарагоса  Шпанија Олимписки стадион, Амстердам23,000
Ајакс победил со вкупен резултат 5–1
1996  Италија Јувентус6–1 Париз Сен Жермен  Франција Паркот на принцовите, Париз29,519
 Италија Јувентус3–1 Париз Сен Жермен  Франција Ла Фаворита, Палермо35,100
Јувентус победил со вкупен резултат 9–2
1997  Шпанија Барселона2–0 Борусија Дортмунд  Германија Камп Ноу, Барселона50,000
 Шпанија Барселона1–1 Борусија Дортмунд  Германија Вестфален, Дортмунд32,500
Барселона победила со вкупен резултат 3–1
1998  Англија Челси1–0 Реал Мадрид  Шпанија Луј Втори, Монако10,000
1999  Италија Лацио1–0 Манчестер Јунајтед  Англија Луј Втори, Монако12,000
2000  Турција Галатасарај2–1 (зг) Реал Мадрид  Шпанија Луј Втори, Монако15,000
2001  Англија Ливерпул3–2 Бајерн Минхен  Германија Луј Втори, Монако13,824
2002  Шпанија Реал Мадрид3–1 Фејенорд  Холандија Луј Втори, Монако18,284
2003  Италија Милан1–0 Порто  Португалија Луј Втори, Монако16,885
2004  Шпанија Валенсија2–1 Порто  Португалија Луј Втори, Монако17,292
2005  Англија Ливерпул3–1 (прод.) ЦСКА Москва  Русија Луј Втори, Монако17,042
2006  Шпанија Севиља3–0 Барселона  Шпанија Луј Втори, Монако17,480
2007  Италија Милан3–1 Севиља  Шпанија Луј Втори, Монако17,822
2008  Русија Зенит Ст. Петербург2–1 Манчестер Јунајтед  Англија Луј Втори, Монако18,064
2009  Шпанија Барселона1–0 (прод.) Шахтар Донецк  Украина Луј Втори, Монако17,738
2010  Шпанија Атлетико Мадрид2–0 Интер  Италија Луј Втори, Монако17,265
2011  Шпанија Барселона2–0 Порто  Португалија Луј Втори, Монако18,048
2012  Шпанија Атлетико Мадрид4–1 Челси  Англија Луј Втори, Монако14,312
2013  Германија Бајерн Минхен2–2 (прод.)[б 9] Челси  Англија Еден Арена, Прага17,686
2014  Шпанија Реал Мадрид2–0 Севиља  Шпанија Стадион Кардиф Сити, Кардиф30,854
2015  Шпанија Барселона5–4 (прод.) Севиља  Шпанија Динамо Арена, Тбилиси51,940
2016  Шпанија Реал Мадрид3–2 (прод.) Севиља  Шпанија Стадион Леркендал, Трондхајм17,939
2017  Шпанија Реал Мадрид2–1 Манчестер Јунајтед  Англија Арена Филип Втори, Скопје30,421
2018  Шпанија Атлетико Мадрид4–2 (прод.) Реал Мадрид  Шпанија А. Ле Кок Арена, Талин12,424
2019  Англија Ливерпул2–2 (прод.)[б 10] Челси  Англија Водафон Парк, Истанбул38,434
2020  Германија Бајерн Минхен2–1 (прод.) Севиља  Шпанија Пушкаш Арена, Будимпешта[б 11]
2021  Англија Челси1–1 (прод.)[б 12] Виљареал  Шпанија Виндсор Парк, Белфаст10,435
2022  Шпанија Реал Мадрид2–0 Ајнтрахт Франкфурт  Германија Олимписки стадион, Хелсинки31,042

Рекорди и статистика

Освојувачи и финалисти

КлубПобедникФиналистПобедник - година[A]Финалист - година
Барселона541992, 1997, 2009, 2011, 20151979, 1982, 1989, 2006
Милан521989, 1990, 1994, 2003, 20071973, 1993
Реал Мадрид422002, 2014, 2016, 20171998, 2000, 2018
Ливерпул421977, 2001, 2005, 20191978, 1984
Атлетико Мадрид302010, 2012, 2018
Бајерн Минхен232013, 20201975, 1976, 2001
Ајакс[B]211973, 19951987
Андерлехт201976, 1978
Јувентус201984, 1996
Валенсија201980, 2004
Севиља1520062007, 2014, 2015, 2016, 2020
Порто1319872003, 2004, 2011
Манчестер Јунајтед1319911999, 2008, 2017
Челзи1319982012, 2013, 2019
Динамо Киев1119751986
Нотингем Форест1119791980
Астон Вила101982
Абердин101983
Стеауа Букурешт101986
Мехелен101988
Парма101993
Лацио101999
Галатасарај102000
Зенит Ст. Петерсбург102008
Хамбургер021977, 1983
ПСВ Ајндховен011988
Сампдорија011990
Црвена Ѕвезда011991
Вердер Бремен011992
Арсенал011994
Сарагоса011995
Париз Сен Жермен011996
Борусија Дортмунд011997
Фејенорд012002
ЦСКА Москва012005
Шахтар Донецк012009
Интер012010

По држави

ДржаваПобеднициФиналистиВкупно
 Шпанија151328
 Италија9413
 Англија81018
 Белгија303
 Германија[C]279
 Холандија[B]235
 Португалија134
 Русија112
СССР[D]112
 Романија101
 Шкотска[B]101
 Турција101
 Франција011
 Украина011
 Југославија011
Total454590
Notes
  • A. ^ Натпреварувањето не се одржало во 1974, 1981 и 1985.[1][3]
  • B. ^ Финалето во 1972-та не е признаено од страна на УЕФА како официјална титула.[1]
  • C. ^ Вклучени се екипите од Западна Германија. Ниту една екипа од Источна Германија не учествувала во финалето.
  • D. ^ Двете финалиња на Советски екипи ги играла екипа од денешна Украина

Белешки

Наводи

Надворешни врски