Тур де Свис 2014 — 78. издание на велосипедската етапна трка Тур де Свис. Започнала на 14 јуни со поединечен хронометар во Белинцона, а завршила на 22 јуни во Зас-Фе, одржувајќи вкупно девет етапи.[1] Претставувала седумнаесетта трка во сезоната на Светската турнеја.
Трката била освоена трета година по ред од возачот на Лампре-Мерида Руј Кошта,[2] кој ја преземал водечката жолта маичка по освојувањето на последната етапа, планинска етапа на растојание од 157 километри,[3], надоместувајќи ја разликата од 1' 05" од претходниот предводник на трката Тони Мартин од Омега Парма-Квик Степ, кој бил предводник на трката од првата етапа.[4] Разликата помеѓу Кошта и второпласираниот Матијас Франк од ИАМ Сајклинг била триесет и три секунди, додека подиумот бил заокружен од возачот на Белкин Про Сајклинг Бауке Молема, седумнаесет секунди зад Франк и педесет зад Кошта.
Во другите пласмани на трката, возачот на Канондејл Петер Саган повторно бил победник на бодовниот, остварувајќи и етапна победа на третата етапа, како и постојани солидни настапи.[5] Планинскиот пласман во трката бил освоен од страна на Бјерн Турау од Белкин Про Сајклинг, додека Белкин Про Сајклинг завршила на чело на екипниот пласман.
Екипи
Бидејќи Тур де Свис е настан од Светската турнеја на UCI, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Дополнително биле доделени четири специјални покани на професионални континентални екипи.
Екипи кои настапиле на трката биле:
- Специјално поканети професионални континентални екипи.
Распоред
Етапи
Етапа 1
- 14 јуни 2013 — Белинцона, 9,4 км, поединечен хронометар (ITT)
Резултат од етапа 1 и генерален пласман по етапа 1 |
Етапа 2
- 15 јуни 2014 — Белинцона до Зарнен, 182 км
Резултат од етапа 2 | | Генерален пласман по етапа 2 |
Етапа 3
- 16 јуни 2014 — Зарден до Хајден, 203 км
Резултат од етапа 3 | | Генерален пласман по етапа 3 |
Етапа 4
- 17 јуни 2014 — Хајден до Осинген, 160 км
Резултат од етапа 4 | | Генерален пласман по етапа 4 |
Етапа 5
- 18 јуни 2014 — Осинген до Бирен на Аре, 184 км
Резултат од етапа 5 | | Генерален пласман по етапа 5 |
Етапа 6
- 19 јуни 2014 — Бирен на Аре до Делемон, 184 км
Резултат од етапа 6 | | Генерален пласман по етапа 6 |
Етапа 7
- 20 јуни 2014 — Ворб, 24,7 км, поединечен хронометар (ITT)
Резултат од етапа 7 | | Генерален пласман по етапа 7 |
Етапа 8
- 21 јуни 2014 — Делемон до Вербје, 219 км
Резултат од етапа 8 | | Генерален пласман по етапа 8 |
Етапа 9
- 22 јуни 2014 — Мартињи до Зас-Фе, 157 км
Резултат на етапа 9 | | Краен генерален пласман |
Поредок
На Тур де Свис 2014 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка.[6] Овој пласман бил сметан за најважен на Тур де Свис 2014 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.
Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со црвена маичка.[6] За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории. Постоеле дваесет и едно категоризирано искачување на трката, кои биле поделени на пет различни категории.[6]
Третата маичка го претставувало бодовниот пласман наградуван со црвено-бела маичка.[6] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку се пласираат на првите места на етапите. На етапите 4, 5, 6 и 8, победата носела 25 бода, второто место 20 бода, третото 16, четвртото 13, петтото 11 и еден бод помалку за секое место подолу, сè до еден бод за 15. место.[6] На сите останати етапи, победата носела 15 бода, второто место носело 12 бода, третото 10 и еден бод помалку за секое место подолу сè до еден бод за 12. место.[6] Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 6 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.[6]
Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.[6]
Наводи
Надворешни врски