Тур де Романди 2012 било 66. издание на велосипедската етапна трка Тур де Романди. Започнала на 24 април во Лозана и завршила на 29 април во Кран-Монтана и се состоела од шест етапи, вклучувајќи го и прологот и поединечниот хронометар. Таа била 14. трка од оваа сезона на Светската турнеја.
Трката била освоена од Британецот Бредли Вигинс од Тим Скај,[2] откако победил на две етапи, вклучувајќи го и последниот хронометар, со што го преземал генералниот пласман последниот ден. Вигинс го освоил генералниот пласман со 12 секунди пред Ендру Талански од Гармин-Баракуда,[3] кој завршил веднаш зад Вигинс на последната етапа; Талански исто така го освоил и пласманот за млад возач. Третото место му припаднало на возачот на Мовистар Тим Руј Кошта откако и тој покажал добри резултати на хронометарот,[4] и остварил значајно време зада се помести од деветтата позиција.
Во другите пласмани на трката, Петр Игнатенко од Катјуша ја освоил зелената маичка за најмногу освоени бодови на спринтовите во трката и розовата маичка за планинскиот пласман,[5] додека Тим Скај завршил на чело на екипниот пласман,[6] со трите возачи од екипата – Вигинс, Ричи Порт и Мајкл Роџерс – кои завршиле во првите пет.[7]
Екипи
Бидејќи Тур де Романди е дел од Светската турнеја, сите 18 UCI ProTeam екипи биле повикани автоматски и се обврзани да испратат свој состав. Две други екипи биле дополнително повикани во трката,[8][9] и така се создала главната група од 20 екипи.
Екипите, кои ќе се натреваруваат на трката се:[10]
Етапи
Пролог
- 24 април 2012 — Лозана, 3,34 км, поединечен хронометар (ITT)[11]
Резултати од прологот и генералниот пласман по прологот
Етапа 1
- 25 април 2012 — Морж до Шо де Фон, 184,5 км[12]
Резултат од етапа 1 | | Генерален пласман по етапа 1 |
Етапа 2
- 26 април 2012 — Монбелјар (Франција) до Мутие, 149,1 км[13]
Резултатт од етапа 2 | | Генерален пласман по етапа 2 |
Етапа 3
- 27 април 2012 — Невил до Шарми, 157,9 км[14]
Резултат од етапа 3 | | Генерален пласман по етапа 3 |
Етапа 4
- 28 април 2012 — Буле до Сион, 184 км[15]
Резултат од етапа 4 | | Генерален пласман по етапа 4 |
Етапа 5
- 29 април 2012 — Кран-Монтана, 16,24 км, поединечен хронометар (ITT)[16]
Резултат од етапа 5 | | Краен генерален пласман |
Поредок
Белешки
Наводи
Надворешни врски