Кинеска историографија Хронологија на кинеската историја Кинески династии Лингвистичка историја Историја на уметноста Економска историја Образовна историја Научно-технолошка историја Правна историја Медиумска историја Воена историја Морепловна историја
Тројцата владетели и петте цареви (кин.: 三皇五帝, транскр.Санхуанг вуди) биле митолошки владетели на Кина за време на периодот од ~ 2852 п.н.е. до 2205 п.н.е., времето кое ѝ претходи на династијата Сја.
Тројцата владетели или Тројцата возвишени биле кралеви-богови или полубогови кои им помагале на луѓето со своите магични моќи. Заради нивната возвишена доблест, ти живееле многу долго и владееле во мир.
Аулата на Тројцата владетели (三皇殿) во Чангчуен Се, таоистички храм во Вухан
Ним им се препишуваат разни идентитети во разни историски дела. Книгата „Записи на историчарот“ од Сема Ќен вели дека тие биле:
Фу Сји и Нива биле богови-маж и жена од кои се смета дека потекнува човештвото по големата разорна поплава. За Шенунг се смета дека го измислил земјоделството и прв почнал да користи билки како лекови.
„Шангшу тачуан“ (尚書大傳) и „Пајху тунги“ (白虎通義) ја заменуваат Нива со Сујжен (燧人), изумителот на огнот. „Диванг шечи“ (帝王世紀) ја заменува Нива со Жолтиот цар (黄帝), претпоставениот предок на сите (хански) Кинези .
Јао и Шуен се познати и како „Двата цара“, и, заедно со Ју Велики (禹), основачот на династијата Сја, се сметале за пример за владетели и морални архетипи од страна на конфуцијанците во подоцнежната кинеска историја. Делата „Шангшу Сји“ (尚書序) и „Диванг шеџи“ го наведуваат Шаошао (少昊) наместо Жолтиот цар.
Во „Песната на Чу“ (楚辭) се опеваат петте цареви како богови на страните на светот:
Во една смисла на зборот, првиот историски цар на Кина бил Ќин Ше Хуанг (秦始皇), кој го измислил поимот „цар“ (皇帝, хуангди) со комбинација на титулите „возвишен“ (皇, хуанг ) и „крал-бог“ (帝, ди).