Три точки

Три точки (се пишуваат и бележат со ) — интерпункциски знак кој означува дека текстот е изоставен, ненаведен или недовршен.[1]

...

Интерпункција

апостроф( ' )
загради( ( ) ), ( [ ] ), ( { } ), ( < >)
две точки( : )
запирка( , )
црта( , , , )
три точки( , ... )
извичник( ! )
точка( . )
закосени наводници( « » )
цртичка( -, )
прашалник( ? )
наводници( ‘ ’, “ ” )
точка и запирка( ; )
коса црта( / )
знак ⁄( )
Одделување на зборови
празно место( ) () () ( ) () () ()
интерпункт( · )
Општа типографија
амперсанд( & )
знак ет( @ )
ѕвездичка( * )
обратна коса црта( \ )
потточка( )
карета( ^ )
валутаопшт:( ¤ )
особени:฿, ¢, $, €, ₭, £, ₦, ¥, ₩, ₪
крст( , )
степен( ° )
превртен извичник( ¡ )
превртен прашалник( ¿ )
тараба( # )
знак за нумеро( )
реден показател(º, ª)
отсто и сл.( %, ‰, )
нов ред( )
прим( )
отсечок( § )
тилда( ~ )
преглас( ¨ )
долна црта( _ )
вертикална/испрекината црта( |, ¦ )
Необична типографија
астеризам( )
индекс( )
знак ∴( )
знак ∵( )
интеробанг( )
знак за иронија( ؟ )
ромб( )
знак за референца( )

Употреба

Три точки се пишуваат:

  • на крајот на незавршен исказ или во средината на реченицата ако се јавува прекин. Пред нив нема белина (празно место), односно се пишуваат веднаш зад последниот збор, а по нив има белина.

Примери: Не знае дека тука тешко се живее, не знае дека нема за леб, не знае… Ќе дојде, па ќе види.

Сите ќе слушнат за мојата радост… за успехот на мојот син.


  • во незавршен исказ од прашални или извични реченици;

Пример: Ах!… Толку болка!… Ќе има ли сето ова крај?…


  • за означување застој во говорот или при испрекинато зборување;

Примери: Да… токму така, денес е тој ден.

Зо… зо… зошто не ми кажа веднаш?


  • при пренесување делови од разговор (телефонски, електронски) за обележување застој и подолга пауза во исказот;

пример: – Добар ден… се јавувам во врска со наградната игра.


  • за означување прекин на натамошно набројување;

Пример:Македонија е земја на сонцето, планините, водите…


Во овој случај, наместо трите точки, може да употребиме зборови и кратенки, како: и така натаму (итн.),  и слично (и сл.), и друго (и др.).

Наводи