Триатлон на Летните олимписки игри 2020

Натпреварите во триатлон на Летните олимписки игри 2020 во Токио се одржаа од 26 до 31 јули 2021 година. Олимписките игри првично биле планирани да се одржат во 2020 година, но биле преместени за 2021 година како резултат на пандемијата од КОВИД-19.[1][2] По педесет и пет спортисти се натпреварувале во две конкуренции. За прв пат на програмата била вклучена и мешана тимска дисциплина.[3]

Триатлон
на Летните олимписки игри 2020
ОдржувалиштеОдаиба Марин Парк
Денови26–31 јули 2021
Натпреварувачи110
«20162024»
Триатлон на Летните
олимписки игри 2020

Квалификации
Дисциплини
 мажи  жени  мешано 

Формат

Олимискиот триатлон се состои од три компоненти; 1.5 км пливање, 40 км возење велосипед и 10 км трчање.[4] Натпреварувањето се состои од еден натпревар без квалификации.

Новата мешана тимска дисциплина вклучува тим од четири триатлонци (двајца мажи и две жени). Секој триатлонец плива 300 м, вози велосипед 8 км и трча 2 км во штафетен формат.[3]

Квалификации

Квалификацискиот период траел од 11 мај 2018 година до 11 мај 2020 година. Вкупно 110 натпреварувачи (55 во двете конкуренции) обезбедуваат место на игрите, притоа националните олимписки комитети можат да пријават по три натпреварувачи во двете конкуренции. Квалификациските места се доделуваат најпрво преку ИТУ мешаниот ранкинг од 31 март 2020 година, каде седум национални комитети добиваат по четири места (по две во двете конкурекции). Три останати национални олимписки комитети можат да добијат по четири места на мешаниот олимписки квалификациски турнир во 2020 година. Следно, предвид се земаат индивидуалните рангирања од 11 мај 2020 година, каде што најдобрите 26 натпреварувачи во двете конкурекции обезбедуваат место на олимпискиот турнир. Едно дополнително место за секој континент го добива највисоко рангираниот натпреварувач од тој НОК кој сè уште не квалификувал свој натпреварувач. Домаќинот, Јапонија, добива две гарантирани места во двете конкуренции. Последните две места се пополнуваат преку специјална покана од трипартитната комисија.[5]

Распоред на натпреварување

Сите саатници се според јапонското стандардно време (UTC+9). [6][7]

ДисциплинаДатумПочеток
Мажи поединечно26 јули06:30
Жени поединечно27 јули06:30
Мешано31 јули07:30

Земји учеснички

Преглед на медали

Табела на медали

МестоЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно
1 Велика Британија1203
2 Норвешка1001
Бермуда1001
4 САД0112
5 Нов Зеланд0011
Франција0011
Вкупно3339

Освојувачи на медали

ДисциплинаЗлатоСреброБронза
Мажи
подробно
Кристијан Блуменфелт1:45:04 Алекс Ји1:45:15 Хајден Вајлд1:45:24
Жени
подробно
Флора Дафи1:55:36 Џорџија Тејлор-Браун1:56:50 Кејти Заферес1:57:03
Мешано
подробно
Велика Британија
Џесика Лирмонт
Џони Браунли
Џорџија Тејлор-Браун
Алекс Ји
1:23:41 OB САД
Кејти Заферес
Кевин Мекдауел
Тејлор Книб
Морган Пирсон
1:23:55 Франција
Леони Периол
Доријан Конанкс
Касандра Богран
Винсен Луис
1:24:04

Наводи