Тренделаг

округ и регион во Норвешка

Тренделаг (норвешки: Trøndelag, јужнолапонски: Trööndelage) — округ во средишниот дел на Норвешка. Настанал на 1 јануари 2018 г. со спојување на дотогашните окрузи Северен и Јужен Тренделаг, одвоени уште од 1804 г. Округот се граничи со Мере и Румсдал и заедно го образуваат регионот Средна Норвешка.

Тренделаг
Trøndelag
округ
Грб на Тренделаг
Тренделаг во рамките на Норвешка
Тренделаг во рамките на Норвешка
ЗемјаНорвешка
ОкругТренделаг
РегионСредна Норвешка
НазнакаNO-50
СедиштеСтејнхер
Управа
 • Окружен управникФранк Јенсен
  (2018–)
 • Окружен градоначалникТоре О. Сандвик
  (2018–)
Површина
 • Вкупна41.260 км2 (15,930 ми2)
Население (2009)
 • Вкупно418,453
 • Густина10/км2 (30/ми2)
 • Промена (10 г.)0 %
Час. појасCET (UTC+01)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02)
Мреж. местоtrondelagfylke.no
Статистички податоци

Најголем град е Трондхејм, каде е сместено седиштето на окружниот градоначалник, иако седиштето на округот е Стејнхер. Ова е предвидено да ја намали централизацијата во управата, со оглед на тоа што Тренделаг е втор по големина округ во земјата.

Во 1804 г. кралот Данска-Норвешка го поделил Тренделг на два дела, и ова траело сè до повторното спојување на почетокот на 2018 г.[1][2]

Мештаните говорат дијалект наречен трендерски (trøndersk), чија главна особина е изоставувувањето на завршните самогласки.

Тренделаг е меѓу најплодните места во Норвешка, чие обработливо земјиште дава големи приноси. Највеќето производи се предаваат кооперативот за месо и млеко, но во последно време ова важи и за земјоделските култури.

Историја

Подрачејто е населено со иладници години. На почетокот на железното време Тренделаг (старонордиски: Þrǿndalǫg) бил поделен на неколку ситни кралства наречени „филки“. Филките имале заеднички закони и првобитни собрание — тинг. Тука се нарекувал Фростатинг, по полуостровот Фроста. Некои го сметаат за прв пример за вистинска демократија.

По времето на Хокон Грјотгардсон (838-900), Тренделаг бил под власта на велможа — јарлот од Ладе, со седиште во источниот дел на Трондхејм, крај морскиот ракав Трондхејмсфјорд. Јарловите имале значајна моќ и влијание во Норвешка сè до 1030 г.

Население во минатото
ГодинаНас.±%
176978.274—    
1951307.635+293.0%
1960327.127+6.3%
1970350.297+7.1%
1980368.942+5.3%
1990377.202+2.2%
2000389.960+3.4%
2010422.102+8.2%
Извор: Централно статистичко биро [1][2][3][4].

Тренделаг (заедно со делови од Мере и Румсдал) влегле во Шведска in the Роскилдскиот мировен договор во 1658 г. под власт ана Карл X, но набргу биле вратени Данска-Норвешка по Копенхагенскиот договор во 1660 г. Во текот на овие две години, шведска власт регрутирала 2.000 мажи и млади момчиња да се борат во војната против Полска и Бранденбург. Карл X стравувал дека ќе тренделажаните востанат против шведскиот окупатор и затоа решил да ги држи подалеку од родниот крај. Само една третина се вратиле дома, додека пак други биле приморани да се населат во Естонија (тогаш шведска покраина) по начелото раздели па владеј.[3]

Есента 1718 г. за време на Големата северна војна, војсководецот Карл Густав Армфелд тргнал со десетилјадна војска навлегол во Тренделаг за да го заземе Трондхејм по наредба на кралот Карл XII. Поради лошата линија на снабдување од Шведска, војската морала да се прехранува од селание, предизвикувајќи голема беда. Походот не успеал: бранителите на Трондхејм успешно ја одвратиле опсадата. По загинувањето на Карл XII во Опсадата на Фредрикстен во југоисточна Норвешка, Армфелд бил отповикан назад во Шведска. Повлекувањето било мачно. Војската се свела на 6.000 борци кои веќе биле парталави и прегладнети, а потоа западнале во силна вејавица. Илјадници премрзнале до смрт во норвешките планини, а стотици биле доживотно осакатени.[4]

Традиционална куќа во Тренделаг.
Нидаруската катедрала во Трондхејм.

Управа

Округот е под управа на совет. Во Стејнхер е седиштето на окружниот управник и окружната управа. Истите имаат служби и во Трондхејм.

Во Тренделаг има вкупно 41 вишо средно училиште, од кои девет се приватни. Има и 10-11 народни средни училишта.[5]

Краеви

Округот често се дели на неколку географски краеви:

  • Геулдален — речната долина на Геула
  • Инхеред — подрачјето околу внатрешниот ракав Трондхејмсфјорд
  • Намдал — пошироката речна долина на Намсен
  • Оркдален — речната долина на Оркла
  • Стјердален — долината Стјердален
  • Трондхејмски Регион — подрачјата околу градот Трондхејм
  • Фусен — полуостровот Фусен и околината

Градови и гратчиња

Округот има девет градски населени места, како и рударското место Рерус.

  • Брекстад (во општината Ерланд)
  • Вердалсера (во општината Вердал)
  • Колверејд (во општината Нереј)
  • Левангер (во општината Левангер)
  • Намсус (во општината Намсус)
  • Оркангер (во општината Оркдал)
  • Рерус (во општината Рерус)
  • Стејнхер (во општината Стејнхер)
  • Стјердалсхалсен (во општината Стјердал)
  • Трондхејм (во општината Трондхејм)

Општини

Тренделаг има вкупно 47 општини според попоисот од 2018 г.

ИмеИзворно
име
На картаСедиштеНаселение
(2017)[6]
КрајБрој [7]
АгденесAgdenes Ленсвик&100000000000017110000001.711Оркдален5016
БјугнBjugn Ботнгорд&100000000000048220000004.822Фусен5017
ВеранVerran Малм&100000000000025150000002.515Инхеред5039
ВердалVerdal Вердалсера&1000000000001484900000014.849Инхеред5038
ВикнаVikna Рервик&100000000000044180000004.418Намдален5050
ГронгGrong Медјо&100000000000024670000002.467Намдален5045
ЕрландØrland Брекстад&100000000000052910000005.291Фусен5015
ИндерејInderøy Стреумен&100000000000068000000006.800Инхеред5053
Индре ФусенIndre Fosen Орнсет&1000000000001010800000010.108Фусен5054
КлебуKlæbu Клебу&100000000000060500000006.050Трондхејмски Регион5030
ЛевангерLevanger Левангер&1000000000001989200000019.892Инхеред5037
ЛекаLeka Лекнес&10000000000000584000000584Намдален5052
ЛиернеLierne Сандвика&100000000000013890000001.389Намдален5042
МалвикMalvik Хумелвик&1000000000001382000000013.820Трондхејмски Регион5031
МелдалMeldal Мелдал&100000000000039600000003.960Геулдален5023
МелхусMelhus Мелхус&1000000000001621300000016.213Оркдален5028
МерокерMeråker Митбигда&100000000000025090000002.509Стјердален5034
Митре ГеулдалMidtre Gauldal Стерен&100000000000063190000006.319Геулдален5027
НамдалсејдNamdalseid Намдалсејд&100000000000015930000001.593Намдален5040
НамскоганNamsskogan Намскоган&10000000000000872000000872Намдален5044
НамсусNamsos Намсус&1000000000001305100000013.051Намдален5005
НерејNærøy Колверејд&100000000000051380000005.138Намдален5051
ОпдалOppdal Опдал&100000000000069730000006.973Оркдален5021
ОркдалOrkdal Оркангер&1000000000001198100000011.981Трондхејмски Регион5024
ОфјордÅfjord Орнес&100000000000032630000003.263Фусен5018
РејрвикRøyrvik Рејрвик&10000000000000469000000469Намдален5043
РенебуRennebu Беркок&100000000000025560000002.556Геулдален5022
РерусRøros Рерус&100000000000056230000005.623Геулдален5025
РуанRoan Руан&10000000000000959000000959Фусен5019
СелбуSelbu Мебонден&100000000000040980000004.098Стјердален5032
СкеунSkaun Берса&100000000000080000000008.000Трондхејмски Регион5029
СнилфјордSnillfjord Крукстадера&10000000000000982000000982Оркдален5012
СносаSnåsa Сноса&100000000000021590000002.159Намдален5041
СтејнхерSteinkjer Стејнхер&1000000000002197200000021.972Инхеред5004
СтјердалStjørdal Стјердалсхалсен&1000000000002362500000023.625Стјердален5035
ТидалTydal Ос&10000000000000861000000861Стјердален5033
ТрондхејмTrondheim Трондхејм&10000000000190464000000190.464Трондхејмски Регион5001
УверхалаOverhalla Ранемслета&100000000000038400000003.840Намдален5047
УсенOsen Стејнсдален&10000000000000978000000978Фусен5020
ФлатангерFlatanger Леувснес&100000000000010900000001.090Намдален5049
ФрејаFrøya Систранда&100000000000049370000004.937Оркдален5014
ФростаFrosta Фроста&100000000000026300000002.630Стјердален5036
ФуснесFosnes Дун&10000000000000628000000628Намдален5048
ХејландетHøylandet Хејландет&100000000000012640000001.264Намдален5046
ХемнеHemne Кирксетерера&100000000000042590000004.259Оркдален5011
ХитраHitra Филан&100000000000046590000004.659Оркдален5013
ХултоленHoltålen Ренбигда&100000000000020460000002.046Геулдален5026
ТренделагTrøndelag Стејнхер&10000000000454596000000454.596Тренделаг50

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

63°25′37″N 10°23′35″E / 63.42694° СГШ; 10.39306° ИГД / 63.42694; 10.39306{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница