Том Јорк

Томас Едвард „Том“ Јорк (англиски: Thomas Edward "Thom" Yorke, роден на 7 октомври 1968) е англиски музичар кој е водечкиот вокалист и главен текстописец на музичката група Radiohead. Тој главно свири на гитара и пијано, но исто така има свирено на тапани и бас гитара (најмногу за време на сесиите за албумите „Kid A“ и „Amnesiac“). Во јули 2006 година тој го издаде неговиот дебитантски соло-албум, „The Eraser“.

Том Јорк
Јорк во Остин, Тексас во 2016 година.
Јорк во Остин, Тексас во 2016 година.
Основни информации
Родено имеТомас Едвард Јорк
Thomas Edward Yorke
Познат(а) и какоTchock,[1] Tchocky,[2][3] Dr. Tchock[4][5]
Роден(а)7 октомври 1968(1968-10-07)(55 г.)
Велинборо, Нортхемтонсшир, Англија
ЖанрАлтернативен рок
Електроника
ЗанимањеМузичар
ИнструментВокали
Гитара
Пијано
Клавијатура
Перкусија
Бас гитара
Програмирање
Тапани
Активност1985—денес
ИздавачXL
Други
групи и точки
Radiohead, UNKLE, Atoms for Peace

Јорк е истакнат како една од највлијателните личности во музичката индустрија: во 2002 година магазинот „Q“ го именува Јорк како најмоќниот британски музичар[6], а во 2005 година Radiohead беа на 73. место на списокот „100 најголеми уметници на сите времиња“ на магазинот „Rolling Stone“. Јорк исто така е именуван и како еден од најдобрите пејачи во историјата на популарната музика: според анкетата од 2005 година организирана од списанието „Blender“ и MTV2, Јорк беше изгласан на 18. место како најдобар пејач на сите времиња,[7] а во 2008 беше рангиран на 66. место на списокот на „Roling Stone“: „100 најдобри пејачи на сите времиња.“[8] Allmusic има напишано: „Малку рок-пејачи од 90-те беа оригинални и инстантно незаборавливи како Том Јорк“.[9]

Дискографија

Наводи

Надворешни врски