Томо Владимирски

Томо Владимирски (Скопје, 26 август 1904 - Скопје, 14 септември 1971) — македонски сликар, сценограф, еден од основоположниците на модерното македонско сликарство.[1]

Томо Владимирски
Роден26 август 1904
Скопје ,  Османлиско Царство
Починал14 октомври 1971
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Занимањесликар и сценограф

Животопис

Владимирски е роден на 26 август 1904 година во Пајко Маало во Скопје. Првите сликарски поуки ги добил од својот учител, зографот Димитар Андонов Папрадишки. Во 1935 година завршил академски курс во Белград, веќе во 1937година, специјализирал сликарство на Уметничката академија во Прага, кај професорот Јакоб Обровски. Во Прага ја подготвил ѝ својата прва самостојна изложба. Пред војната самостојно излагал во Прага (1937 година), Скопје (1937, 1939 и 1943 година) и Битола (1938 година). По војната самостојно излагал во Скопје (1960, 1968 и 1970 година) и Куманово (1971 година).[2] Работел како сценограф во Македонскиот народен театар во Скопје во периодот од 1939 до 1966 година. Имал ретроспектива во Скопје (МСУ, 1981).[3]

Стил

Стилски се поврзува со реалистичкиот и експресионистичкиот израз. Сликал со масла, темпера и акварел. Се одликува со разновидна тематска определеност: градски мотиви, мртва природа, портрети (Мотив од Прага,1937; Работник, 1940), етнолошко-фолклорни елементи, а по војната, сликал историски содржини и мотиви од реките Вардар и Радика.[3] Учествувал во организирањето на ликовниот живот во Македонија и во основањето на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, на Училиштето за применета уметност и на Уметничката галерија.[2] Неговите дела се наоѓаат во многу музејски збирки во Македонија, како во македонски приватни збирки, така и во странски.[3]

Награди

Добитник е на Октомвриската награда за сликарство (1961 година) и за животно дело (1968 година).[2]

Наводи

Надворешни врски