Тијаго Алкантара

Тиаго Алкантара до Насименто роден на 11 април 1991 година, попознат како Тиаго (шпански изговор: [ˈtjaɣo], португалски изговор: [tʃiˈaɡu]), е шпански фудбалски репрезезентативец кој настапува за англискиот премиерлигаш Ливерпул.

Тијаго
Настап на Тиаго за Шпанија во 2015
Лични податоци
Полно имеТиаго Алкантара до Насименто[1]
Роден на11 април 1991(1991-04-11)(33 г.)
Роден воСан Пјетро Вернотико, Италија
Висина&100000000000001720000001,72 м[2]
ПозицијаИграч од средниот ред
Клупски податоци
Сегашен клубЛиверпул
Број6
Младинска кариера
1995–1996Фламенго
1996–2000Урека
2000–2001Келме
2001–2005Фламенго
2005–2008Барселона
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2008–2011Баселона Б59(3)
2009–2013Барселона68(7)
2013–2020Баерн Минхен150(17)
2020-Ливерпул2(0)
Репрезентација
2007Шпанија 161(0)
2007–2008Шпанија 178(5)
2009Шпанија 181(1)
2009–2010Шпанија 1911(4)
2010–2013Шпанија 2121(6)
2011–Шпанија20(0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 18:23, 15 April 2017 (UTC)
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 28 March 2017

Роден е во Италија од бразилски родители, неговиот татко Мазињо е поранешен фудбалски репрезентативец на Бразил и дел од генерацијата која го освои Светското првенство во Сад 1994 година. Тијаго се приклучил на ФК Барселона на возраст од 14 години, а своето деби го имал во 2009 година. По освојувањето на повеќе трофеи вклучувајќи четири Ла Лига првенства, Лига на шампионите и ФИФА клупско Светското првенство со Барселона, тој беше потпишан од страна на Баерн Минхен за 25 милиони евра € во 2013 година. Со Баерн, тој има освоено седум трофеи, вклучувајќи ја и Бундеслигата во секоја од првите три сезони.

По успешните настапи за Шпанија на Европското првенство во Шпанија за играчи под-19 години и за фудбалската репрезентација под 21 година, тој го направи своето деби за Шпанија во 2011 година. Тој беше привремен репрезентативец на Шпанија на Светското првенство 2014, но се повлече поради повредата на коленото. Тиаго беше селектиран за УЕФА Евро 2016.

Наводи

Надворешни врски