Тито Петковски

Политичар од Македонија

Тито Петковски (роден 23 јануари 1945 во Псача, Кривопаланечко) — македонски политичар, претседател на Нова социјалдемократска партија. Пратеник е во Собранието на Република Македонија во сите пратенички состави од осамостојувањето на Република Македонија.[1]

Тито Петковски
II Претседател на Собранието
На должноста
6 март 1996 – 19 ноември 1998
ПретседателКиро Глигоров
ПретходникСтојан Андов
НаследникСаво Климовски
Пратеник во Собрание на Република Македонија
На должноста
1998 – 2002
ПретседателБорис Трајковски
ПремиерЉупчо Георгиевски
На должноста
2006 – 2014
ПретседателБранко Црвенковски
Ѓорге Иванов
ПремиерНикола Груевски
Претседател на Нова социјалдемократска партија
На должноста
17 декември 2005 – 4 јуни 2022
Лични податоци
Роден(а)23 јануари 1945(1945-01-23)(79 г.)
Псача, ДФ Македонија, ДФЈ
НационалностМакедонец
ПартијаСојуз на комунистите на Македонија
СДСМ
НСДП
ПрофесијаПолитичар
ВероисповедПравославен христијанин

Биографија

Завршил Правен факултет со правосуден испит. Работел во Општинскиот суд во Крива Паланка, како правник во Републичкиот завод за урбанизам, во Извршниот совет на Собранието на Град Скопје, бил на функција во Градскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија - Скопје. Бил потпретседател на Македонското собрание во првиот парламентарен состав, пратеник во трите претходни парламентарни состави, а од 6 март 1996 до третите парламентарни избори во 1998 година и претседател на Собранието.

На претседателските избори 1999 година беше кандидат за претседател на СДСМ и го освои второто место зад кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Трајковски. Во врска со победата на Трајковски на овие избори беа ставени сериозни забелешки за изборен фалсификат.

По долгогодишното членство во СДСМ, на 30 ноември 2005 година Тито Петковски ја формира Нова социјалдемократска партија (НСДП)[2]. Во април 2022 година изјавува дека се повлекува од претседателската позиција на партијата, односно и од политиката, и немал план да се кандидира за нов претседателски мандат во НСДП.[3]

Наводи

Надворешни врски

Политички функции
Претходник
Стојан Андов
Претседател на Собранието на Македонија
1996–1998
Наследник
Саво Климовски