Тимоти Кастањ

белгиски фудбалер

Тимоти Кастањ (роден на 5 декември 1995 година, во Арлон) — белгиски фудбалер, играч од одбраната на Фулам и на белгиската репрезентација.

Тимоти Кастањ
Лични податоци
Полно имеТимоти Кастањ[1]
Роден на5 декември 1995(1995-12-05)(28 г.)
Роден воАрлон, Белгија
ДржаваБелгија Белгија
Висина&100000000000001850000001,85 м[2]
Позицијаодбрана
Клупски податоци
Сегашен клубФулам Фулам
Број21
Младинска кариера
Арлон
Виртон
Генк Генк
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2014-2017Генк Генк80(1)
2017-2020Аталанта Аталанта75(5)
2020-2023Лестер Сити Лестер Сити91(5)
2023-Фулам Фулам29(1)
Репрезентација
2013Белгија Белгија 184(0)
2013-2014Белгија Белгија 1912(0)
2014-2016Белгија Белгија 218(1)
2018-Белгија Белгија41(2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 23 април 2021
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 23 април 2021

Технички карактеристики

Технички цврст и способен да има офанзивно влијание, Кастањ е брз играч кој најдобро се изразува на позцијата десен бек.[3] Во Аталанта под водството на Гасперини, тој најчесто бил користен како страничен играч од средиот ред по двете страни, благодарение на неговата способност да игра еднакво добро и со десната и со левата нога.

Клупска кариера

Почетоци

Роден во Арлон, Белгиски Луксембург, Кастањ започнал да игра фудбал во локалните клубови УС Валцинг и Лорен Арлон, пред да се пресели во младинската академија на Виртон, најголемиот клуб во покраината.[4] Потоа, тој тренирал во младинските категории на Стандард Лиеж, за време на периодот кога престојувал во училишниот интернат кој се наоѓал недалеку од клубот, но продолжил да игра натпревари во Виртон за време на викендите.[5]

Генк

Во 2011 година, Кастањ се преселил во Генк, откако Стандард одлучи да не го регрутира трајно.[6]

Во јуни 2013 година, тој потпишал професионален договор со клубот на три години. Во јануари 2014 година, тогашниот тренер на Генк, Марио Бен, го вклучил Кастањ во тренинг кампот со првиот тим па откако овој му оставил добар впечаток, бил промовиран трајно во првиот тим за втората половина од сезоната 2013-2014, но не добил можност на дебитира.[7]

Своето деби за Генк, Кастањ го направил под водството на новиот тренер Алекс Меклиш на почетокот на сезоната 2014-2015, играјќи како стартер во натпреварот од првенството против Клуб Бриж (1-1).[8] На 2 мај 2015, го постигнал својот прв гол во кариерата во победата со 7-1 на домашен терен над Васланд-Беверен.[9]

Во сезоната 2016-2017, тој исто така ги имал своите први меѓународни настапи, играјќи 12 натпревари во Лига Европа (дебитирал на 14 јули 2016, против Будуќност во второто квалификациско коло[10]) на кои постигнал два гола, од кои еден бил во белгиското дерби Гент во осминафиналето.[3] После вкупно 99 настапи и 3 гола за Генк, Кастањ го напуштил клубот во летото 2017.

Аталанта

Во јули 2017, потпишал за италијанската Аталанта, во трансфер вреден 6 милиони евра.[11] Дебитирал во Серија А на 10 септември, играјќи од почеток во победата со 2-1 над Сасуоло. Својот прв гол за тимот од Бергамо го постигнал на 2 јануари 2018 година, во натпреварот од Купот на Италија добиен со 2-1 на гостувањето кај Наполи.[12]

По првата сезона на адаптација,[13] втората ја започнал подобро,[14] а на 27 август го постигнал својот прв гол во кариерата во Серија А, во ремито 3-3 на гостувањето против Рома.[15] Втората сезона за него генерално била позитивна,[13] и покрај тоа што морал да се ротира на страничните позиции со Ханс Хатебур, постигнувајќи вкупно 4 првенствени голови; другите голови дошле во вториот натпревар против Рома (пак завршил 3-3, во кој му помогнал на тимот да ја анулира негативата од 3 гола[16]), и во два важни успеси при крајот од првенството против Лацио (1-3)[17] и Џенова (2-1).[18]

Следната година, тој продолжил да се менува со Хатебур; во однос на головите, тој постигнал два: еден во првенството во последната минута во ремито 2-2 против Фјорентина (каде „Божицата“ анулирала негатива од два гола),[19] другиот во Лигата на шампионите, во кој го постигнал првиот гол во успехот од 0-3 против Шахтар Донецк, со што и овозможил на Аталанта да се пласира во осминафиналето.[20]

За 3 години поминати во Бергамо, тој собрал 96 настапи и 8 гола во сите натпреварувања за Аталанта;[21] неговото збогување било поттикнато и од влошениот однос со тренерот Џан Пјеро Гасперини.[22]

Лестер Сити и Фулам

На 3 септември 2020, Кастањ го комплетирал својот трансфер во Премиер лигата на Англија, потпишувајќи петгодишен договор со Лестер Сити.[23] На 13 септември 2020, тој го постигнал својот прв гол на своето деби за лисиците во победата со 3–0 над Вест Бромвич Албион;[24][25] тој станал петтиот белгиски играч кој постигнал гол на своето деби во Премиер лигата, по Лук Нилис, Томас Вермален, Кристијан Бентеке и Леандро Тросар.[26] Својата прва сезона во клубот ја завршил со освојување на трофеј, кога Лестер Сити го освоиле првиот ФА Куп во нивната клупска историја, совладувајќи го Челси во финалето со 1-0; Кастањ го започнал финалето од првата минута и го одиграл целиот натпревар.

Во сезоната 2022-2023, Кастањ одиграл 37 од 38-те натпревари на Лестер Сити во Премиер лигата (пропуштајќи го само натпреварот од петтото коло против Манчестер Јунајтед на домашен терен во кој останал на клупата) постигнувајќи два гола, но истата завршила неславно за лисиците со испаѓање од елитната дивизија по 9 години. И покрај испаѓањето на Лестер, тој останал да игра во Премиер лигата, потпишувајќи за Фулам на 29 август 2023.[27][28]

Репрезентативна кариера

Кастањ е поранешен младински репрезентативец на Белгија во селекциите под 18, под 19 и под 21 година. За последната дебитирал во 2015 година, постигнувајќи гол за победа уште на неговото деби.

Своето деби за сениорите го имал на 7 септември 2018 во пријателски натпревар против Шкотска,[29] додека првиот погодок го постигнал на 8 јуни 2019, во победата со 3-0 над Казахстан во квалификациите за Европското првенство 2020. Откако Белгија се квалификувала за споменатиот турнир, тој се нашол на списокот играчи кој учествувале, забележувајќи таму еден настап, во победата со 3-0 над Русија. Тој го започнал натпреварот против русите во почетната постава, но морал да го напушти теренот во 27-мата минута откако се судрил директно со противничкиот играч Далер Кузјаев. Подоцна било утврдено дека Кастањ доживеал двојна скршеница на окото, по што морал да се повлече од остатокот на турнирот.[30]

Во декември 2022, тој бил повикан за Светско првенство 2022 во Катар. Таму тој ги одиграл сите три натпревари на Белгија во групната фаза, по која репрезентацијата била елиминирана.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Белгија
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
7-9-2018ГлазговШкотска 0 – 4  БелгијаПријателска-  46'
16-10-2018БриселБелгија 1 – 1  ХоландијаПријателска-  73'
21-3-2019БриселБелгија 3 – 1  РусијаКвал. за Евро 2020-
24-3-2019НикозијаКипар 0 – 2  БелгијаКвал. за Евро 2020-
8-6-2019БриселБелгија 3 – 0  КазахстанКвал. за Евро 20201
10-10-2019БриселБелгија 9 – 0  Сан МариноКвал. за Евро 20201
16-11-2019Санкт ПетербургРусија 1 – 4  БелгијаКвал. за Евро 2020-
5-9-2020КопенхагенДанска 0 – 2  БелгијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-
8-10-2020БриселБелгија 1 – 1  Брег на Слоновата КоскаПријателска-  90'
11-10-2020ЛондонАнглија 2 – 1  БелгијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-
14-10-2020РејкјавикИсланд 1 – 2  БелгијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-  68'
24-3-2021ЛевенБелгија 3 – 1  ВелсКвал. за СП 2022-  83'
27-3-2021ПрагаЧешка 1 – 1  БелгијаКвал. за СП 2022- 25'
6-6-2021БриселБелгија 1 – 0  ХрватскаПријателска-
12-6-2021Санкт ПетербургБелгија 3 – 0  РусијаЕвро 2020 - Прва фаза-  27'
5-9-2021БриселБелгија 3 – 0  ЧешкаКвал. за СП 2022-
8-9-2021КазањБелорусија 0 – 1  БелгијаКвал. за СП 2022-
7-10-2021ТориноБелгија 2 – 3  ФранцијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Полуфинале-  90+2'
10-10-2021ТориноИталија 2 – 1  БелгијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - за 3. место-
13-11-2021БриселБелгија 3 – 1  ЕстонијаКвал. за СП 2022-
16-11-2021КардифВелс 1 – 1  БелгијаКвал. за СП 2022-  59'
3-6-2022БриселБелгија 1 – 4  ХоландијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-
8-6-2022БриселБелгија 6 – 1  ПолскаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-  84'
14-6-2022ВаршаваПолска 0 – 1  БелгијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-
25-9-2022АмстердамХоландија 1 – 0  БелгијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза- 6'  82'
18-11-2022КувајтБелгија 1 – 2  ЕгипетПријателска-  82'
23-11-2022Ал РајанБелгија 1 – 0  КанадаСП 2022 - Прва фаза-детали
27-11-2022ДохаБелгија 0 – 2  МарокоСП 2022 - Прва фаза-детали
1-12-2022Ал РајанХрватска 0 – 0  БелгијаСП 2022 - Прва фаза-детали
24-3-2023СолнаШведска 0 – 3  БелгијаКвал. за Евро 2024-
28-3-2023КелнГерманија 2 – 3  БелгијаПријателска-
17-6-2023БриселБелгија 1 – 1  АвстријаКвал. за Евро 2024-
20-6-2023ТалинЕстонија 0 – 3  БелгијаКвал. за Евро 2024- 4'
9-9-2023БакуАзербејџан 0 – 1  БелгијаКвал. за Евро 2024-
12-9-2023БриселБелгија 5 – 0  ЕстонијаКвал. за Евро 2024-  66'
13-10-2023ВиенаАвстрија 2 – 3  БелгијаКвал. за Евро 2024- 63'
16-10-2023БриселБелгија 1 – 1  ШведскаКвал. за Евро 2024-
15-11-2023ЛевенБелгија 1 – 0  СрбијаПријателска-  77'
19-11-2023БриселБелгија 5 – 0  АзербејџанКвал. за Евро 2024-
23-3-2024ДаблинИрска 0 – 0  БелгијаПријателска-  46'
26-3-2024ЛондонАнглија 2 – 2  БелгијаПријателска-
ВкупноНастапи41Голови2

Титули

Лестер Сити

2020-2021
  • ФА Комјунити Шилд : 1
2021

Наводи

Надворешни врски