Тимоти Веа

Тимоти Тарпе Веа (роден на 22 февруари 2000 година, во Бруклин, Њујорк) — американски фудбалер, крило или напаѓач на Јувентус и на американската репрезентација.

Тимоти Веа
Лични податоци
Роден на22 февруари 2000(2000-02-22)(24 г.)
Роден воБруклин, САД
ДржаваСАД САД
Висина&100000000000001820000001,82 м
Позицијакрило, напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клубЈувентус Јувентус
Број22
Младинска кариера
Блау-Вајс Готши
Њујорк Ред Булс Њујорк Ред Булс
Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2017-2018Париз Сен Жермен Б Париз Сен Жермен Б15(4)
2018-2019Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен5(1)
2019Селтик Селтик13(3)
2019-2023Лил Лил89(6)
2023-Јувентус Јувентус0(0)
Репрезентација
2015САД САД 156(1)
2018-2019САД САД 1714(6)
2019САД САД 206(2)
2021-2022САД САД 232(0)
2022-САД САД31(4)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 11 август 2022
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 11 август 2022

Биографија

Веа е роден на 22 февруари 2000 година, во Бруклин, Њујорк, како син на либерискиот фудбалер Џорџ Веа, добитник на Златната топка во 1995 година, и неговата сопруга од Јамајка Клер. Неговиот татко Џорџ, подоцна, по завршувањето на фудбалската кариера бил избран за 25-ти претседател на Либерија во 2018 година, откако служел три години во Сенатот на Либерија.[1]

Тимоти има еден брат, Џорџ Џуниор, исто така фудбалер, и една сестра по име Тита; и двајцата се постари од него. Неговиот братучед, Кајл Данкан, исто така е професионален фудбалер во Њујорк Ред Булс во МЛС.[2] Својот ран живот, Тимоти го поминал во Бруклин, Њујорк и Пембрук Пајнс, Флорида. Тој течно зборува англиски и француски јазик.[3]

Технички карактeристики

Физички силен, опремен со добра техника и брз, тој е крилен напаѓач кој претпочита да игра на десната страна во нападот, иако сè уште нема развиено голема плодност во офанзивната фаза. Со текот на годините во дресот на Лил, тој, исто така, научил да игра во повеќе одбранбени улоги, понекогаш бил користен и како бек на двете страни од теренот.[4][5][6]

Клупска кариера

Почетоци

Веа научил да игра фудбал од неговиот татко и додека бил во Флорида играл за Вест Пајнс Јунајтед,[7] пред да се врати назад во Њујорк и да се приклучи на фудбалскиот клуб Розедејл од Квинс, Њујорк, кој бил во сопственост на неговиот вујко.[3] Тој потоа играл три сезони со Блау-Вајс Готши, екипа од американската развојна лига, а оттаму подоцна стигнал во академијата на Њујорк Ред Булс во 2013 година.[3] Една година подоцна, Веа се преселил во Франција за да се приклучи на академијата на Париз Сен Жермен, клуб за кој играл и неговиот татко во 1990-тите години.

Париз Сен Жермен

На 3 јули 2017 година, Веа го потпишал првиот професионален договор со Париз Сен Жермен, приклучувајќи се на првиот тим на клубот за сезоната 2017-2018.[8][9] Сепак, и покрај тоа, тој го поминал поголемиот дел од сезоната играјќи за резервите во националното првенство 2 и со тимот до 19 години во Младинската лига на УЕФА.[10][11]

Тој за првпат бил повикан во првиот тим за натпреварот од Лига 1 против Троа на 3 март 2018 година, за време на кој стартните напаѓачи на клубот одморале за претстојен натпревар од Лигата на шампионите;[12] Веа дебитирал влегувајќи како замена во 79-тата минута од натпреварот и имал можност да постигне гол во судиското надополнување, но неговиот удар го одбранил голманот на Троа.[13][14] Веа го направи својот прв старт во почетниот тим на светците во ремито 0-0 против Каен во последното коло од сезоната.[15] Веа го постигнал својот прв погодок за ПСЖ за време на победата со 4–0 против Монако во Суперкупот на Франција на 4 август 2018 година.[16] Една недела подоцна, тој го постигнал својот прв првенствен гол во победата со 3-0 над Каен.

Позајмица во Селтик

На 7 јануари 2019 година, Веа бил позајмен до крајот на сезоната на Селтик во Шкотска,[17][18] каде по првите импресии рекол дека е „заљубен“ во клубот.[19] Своето деби го направил на 19 јануари, влегувајќи како замена за Скот Синклер во 69-тата минута од натпреварот од четвртото коло на Купот на Шкотска на домашен терен против Ердрионианс и постигнал гол при победата од 3–0.[20] Вториот гол за Селтик, и негов прв во лигата, тој го постигнал во победата со 4–0 над Сент Мирен на 23 јануари.[21] Во февруари, тој бил додаден во составот на Селтик за натпреварите од Лига Европа.[22] Со Селтик, тој го освоил шкотското првенство и помогнал клубот да стигне до финалето на Купот на Шкотска,[23] во кое што сепак тој не можел да игра бидејќи неговата позајмица била прекината предвреме во средината на месец мај, откако бил избран во репрезентацијата на САД да учествува на Светското првенство за играчи под 20 години.[24]

Лил

Веа со Лил во 2021

На 29 јуни 2019 година, тој се согласи на трансфер од Париз Сен Жермен во Лил, потпишувајќи петгодишен договор со мастифите;[25] износот на операцијата останал тајна, но според она што го објавил L'Équipe тој бил околу 10 милиони евра.[26] Своето деби за Лил го имал на 11 август, започнувајќи во победата со 2-1 против Нант. Тој играл до 68-мата минута кога бил заменет од Јусуф Јазиџи.[27] Веа забележал само три настапи за Лил во текот на сезоната 2019-2020, пропуштајќи го поголемиот дел од сезоната поради повреда. Тој претрпел две повреди на тетивата што го оддалечиле од терените во најголемиот дел од сезоната: првата повреда се случила за време на натпреварот против Амјен кон средината на август 2019, поради која отсуствувал од терените шест месеци, а втората се случила за време на неговиот прв натпревар по опоравувањето против Олимпик Марсеј на 16 февруари 2020.[28]

Веа се вратил во акција по повредата во текот на следната сезона, играјќи во вториот натпревар на Лил за сезоната, во кој се појавил од клупата за резерви на местото на Бурак Јилмаз во 79-тата минута.[29] Својот прв гол за Лил, Веа го постигнал во Лига Европа во поразот со 3-2 од неговиот поранешен клуб Селтик.[30] Само неколку дена подоцна, на 16 декември, влегувајќи како замена против Дижон во победата со 2–0, тој го постигнал својот прв гол во Лига 1 во дресот на Лил.[31] На крајот, тој одиграл 28 натпревари и постигнал три гола за мастифите во првенството, помагајќи им да ја освојат нивната четврта титула во клупската историја, прва после една деценија чекање.[32] На 1 август 2021, Лил го освоил Суперкупот на Франција со победа од 1–0 над Париз Сен Жермен во Израел, при што Веа ги одиграл само последните 14 минути од истата појавувајќи се во игра од клупата на местото на Џонатан Дејвид.[33]

Тој останал важен играч за Лил и во следните две сезони, но за време на сезоната 2022-2023, неговата последна во Лил, добил поразлична и подефанзивна улога од тренерот Пауло Фонсека, кој најчесто го користел во последната линија како десен бек, што довело до тоа сезоната да ја заврши без ниту еден постигнат погодок. Вкупно за Лил, Веа одиграл 107 натпревари и постигнал 8 голови.

Јувентус

На 1 јули 2023 година, Веа се преселил во Јувентус,[34] за обесштетување од околу дванаесет милиони евра.[35]

Репрезентативна кариера

Покрај за САД, Веа имал право да ги претставува Франција, Јамајка и Либерија, преку жителство и неговиот државјанства на родители.[36]

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 18 јуни 2023.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2017-2018 Париз Сен ЖерменЛ130КФ+ЛКФ00ЛШ00---30
2018-јан. 2019Л121КФ+ЛКФ00ЛШ00СФ1132
Вкупно Париз Сен Жермен5100001162
јан.-јун. 2019 СелтикШПЛ133КШ+ЛКШ3+01ЛЕ10---174
2019-2020 ЛилЛ130КФ+ЛКФ00ЛШ00---30
2020-2021Л1283КФ30ЛЕ62---375
2021-2022Л1293КФ00ЛШ50СФ10353
2022-2023Л1290КФ30------320
Вкупно Лил89660112101078
Вкупно во кариерата10710911222113014

Титули

Клупски

Париз Сен Жермен

2017–2018, 2018–2019
  • Суперкуп на Франција : 1
2018

Селтик

2018-2019
  • Куп на Шкотска : 1
2018-2019

Лил

2020–2021
  • Суперкуп на Франција : 1
2021

Јувентус

2023-2024

Наводи

Надворешни врски