Тејлор Хил (модел)

Тејлор Мари Хил (родена на 5 март 1996 година) е американски модел. Тејлор е поранешен ангел на Викторија Сикрет. Таа се појавувала на годишната модна изложба на брендот од 2014 до 2018 година. Американскиот модел исто така има работено со други познати брендови како Ралф Лорен, Мајкл Корс и Каролина Ерера. Хил, исто така, се појавила во списанија како Вог, Ел и Харперс Базар.

Биографја

Хил е родена во Палатин, Илиноис, а израсната во Арвада, Колорадо.[1] Почнувајќи од рана возраст, таа била гимнастичарка, пред да стане модел. Има еден брат и две сестри. Нејзините сестри се Логан Реј и Мекинли а нејзиниот брат е Чејс. Мекинли и Чејс се исто така модели. Дипломирала во средното училиште Помона во Арвада на 16-годишна возраст.[2]

Кариера

Хил во 2015 година

Хил била откриена во 2011 година на нејзина 14-годишна возраст од страна на агентот за таленти Џим Џордан[3]на ранчот во Гранби, Колорадо каде Тејлор и нејзиното семејство јавале коњи.[4] Хил била фотографирана од страна на Џордан кој потоа ги купил сликите, обезбедувајќи ѝ договори со голем број агенции за моделирање.[5]

Својата манекенска кариера ја започнала во 2013 година кога била прикажана на каталогот на Интимисими. Тејлор била во печатени кампањи за Форевер 21.[6]

Во 2014 година, Хил била модел за H&M[7] и за прв пат одела на модната ревија на Викторија Сикрет каде била најмладиот модел во нивната ротација на возраст од 18 години.[8][9] Таа година станала заштитно лице на Роза Ча.

Тејлор Хил била избрана за „Најперспективен модел во 2015 година“ од страна на читателите на Коутуреск.[10] Хил, во 2015 година, била домаќин на настан за Викторија Сикрет ПИНК.[11] Исто така во 2015 година станала ангел на Викторија Сикрет.[12] Го рекламирала Версус Версаче. Во август 2015 година, ја освоила наградата „Модел на годината“ во социјалните медиуми на Фешн Медиа Награди.[13]

Во 2016 година, Хил глумела манекенка во филмот „Неонскиот демон“ и го имала своето деби на 17-то место на листата на Форбс „Модели кои заработуваат најдобро во светот“, со проценета заработка од 4 милиони долари во период на 2015 и 2016 година. Хил во 2016 била именувана за ново лице на францускиот бренд за убавина Ланком.[14]

Се појавува во едиторијали за американски, британски, француски, шпански, јапонски, арапски, мексикански и турски Вог, Харперс Базар, француски, холандски и австралиски Ел," W" Мадам Фигаро, Дејзд, ЛОВЕ, V, руски Нумеро, Поп магазин, Британски, шпански, турски, италијански Космополитен, списание Рус, Грација, Гламур и италијанскиот Мари Клер .

Во 2016 година нејзиното име достигнало 9-то место со 3,6 милиони следбеници на листата „Најследени модели“ на Харперс Базар. На социјалната мрежа Инстаграм имала 24 милиони следбеници, заклучно со декември 2023 година.

Хил работела во кампањи и фотосесии. Учествувала на модни ревии за дизајнерите на висока мода Версаче, Валентино, Шанел, Армани, Москино, Долче и Габана, Брендон Максвел, Балмен, Живанши, Томи Хилфигер, Фенди, H&M, Ралф Лорен, Кензо, Ланвинанг, ДКНУ, Марк Џејкобс, Миу Миу, Мајкл Корс и Ботега Венета за време на модните недели во Њујорк, Милано и Париз. Хил била заштитно лице за рекламите на Џими Чу од Крег МекДин, Мајкл Корс од Марио Тестино, Топшоп од Џампаоло Сгура, Дејвид Јурман на Брус Вебер и Џоус Џинс од Марио Соренти во период на 2016 и 2018 година.

Личен живот

Во јуни 2021 година, Хил објавила дека е свршена со приватниот инвеститор на капитал Даниел Фрајер.[15] Парот се венчал во Винтер Парк, Колорадо, во јуни 2023 година.[16]

Филмографија

Филмски и телевизиски улоги
годинаНасловУлогаБелешки
2016 годинаНеонскиот демонФлертувачки модел #1Филм
Модниот фондСаматаЕпизода: „Огласен победникот“
2019 годинаПремногу стар за да умре младДонаЕпизода: „Том 1: Ѓаволот“
2020 годинаГалеријата „Скршени срца“.ТејлорФилм
2021 годинаЗапознавање и ЊујоркОливијаФилм
Добро на хартијаШантерелаСтриминг филм
2022 годинаВавилонРебекаФилм

Наводи

Надворешни врски