Телевизија во Македонија

Телевизијата во Македонија — за прв пат претставена во педесетите години на 20 век, а во 1964 година започнало емитувањето на сигналот на Телевизија Скопје. Денес во Македонија има број на слободни и заклучени телевизиски содржини кои се достапни преку различни сервиси, на кои има повеќе од 200 домашни, регионални и странски телевизиски станици.

МРТ е најголема и најстара медиумска куќа во Македонија

Од 1 јуни 2013 година телевизиската содржина во Македонија се создава во дигитален формат, по гасењето на аналогниот земски сигнал низ целата држава. Дигиталната содржина е достапна преку земска мрежа, сателит, кабелска мрежа и интернет телевизија. Сепак, дел од кабелските оператори преку својата мрежа сè уште емитуваат аналоген сигнал.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е задолжена за контрола на содржината која ја емитуваат домашните телевизиски станици и програмите што се реемитувани од телекомуникациските оператори.

Земска телевизија

Историја

По поставуањето на првиот VHF предавател на радиодифузниот објект на Црн Врв, во јуни 1964 година започнал да се емитува првиот телевизиски сигнал, а веќе до крајот на годината започнала со редовна работа Телевизија Скопје. До крајот на шеесетите години целата територија на Македонија била покриена со телевизиски сигнал. Во февруари 1971 година се започнува со работа првиот предавател во боја, а до крајот на 1974 година е целосно развиена мрежата на предаватели и репетитори на сигнал во боја. Светското првенство во кајак на диви води во август 1975 бил прв настан кој РТВ Скопје го пренесува меѓународно во боја. Во 1978 година започнала со работа втората програма на Телевизија Скопје.

Кон крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години со либерализацијата на медиумскиот пазар, се отвараат голем број на национални, регионални и локални телевизиски станици.

Дигитален пренос

Поради техничките ограничувања на аналогната телевизиска техника, преку истата на еден канал може да се пренесува само еден телевизиски сигнал, во стандардна резолуција (4:3 576i). За разлика, со дигитално кодирање на сигнал на еден канал можат да се пренесуваат повеќе телевизиски станици во висока резолуцја. Од тие причини, дел од европските држави преминот кон дигитална телевизија го започнале во деведесетите години. Поради сето ова, но и поради долгорочните планови да се ослободи дел од VHF и UHF подрачјето кое се користи за пренос на аналогна телевизија, во 2008 година започнала постапката за воведување на дигитално земско емитување.

Дигиталната телевизија во Македонија беше започната во ноември 2009. Платформата е лансирана од страна на операторот ONE под името "BoomTV", која потоа беше преземена од Vip при спојувањето на двата мобилни оператори и истата се нудеше под името Vip TV Lite, а потоа се преименува во A1 TV Lite, од кога A1 ја купи Vip. Каналите во стандардна дефиниција се емитуваат преку MPEG-2 методот за компресија, а каналите во висока дефиниција се емитуваат преку MPEG-4 методот за компресија. Околу шеесет канали се достапни за гледање, меѓу кои спаѓаат и сите национални телевизиски мрежи, вклучувајќи ја Македонската Телевизија. Дигиталната телевизија во Македонија моментално е достапна за 95% од населението во Македонија.

Интернет телевизија (IPTV)

На 17 ноември 2008 година, Македонски Телеком ја вовел првата IPTV (интернет телевизија) платформа во Македонија, наречена „MaxTV“ која ги пренесува содржините преку интернет протокол. На 17 февруари 2016 година Неотел, под брендот „NeoTV“ ја вовел својата платформа за интернет телевизија. Поради далеку поголемиот проток на податоци возможен преку интернет протокол, овие оператори се во можност да понудат далеку поголема количина на содржини во висока резолуција споредно со класичните начини за пренос. Интернет протоколот исто така овозможува пристап до т.н. содржини по желба (англиски: on demand), како видеотека на телевизиска содржина емитувана во одреден претходен период и ризница на филмски и останати содржини, услуги кои се дел од понудата на двата оператори. Ова ја прави интернет телевизијата далеку поинтерактивна и богата со други содржини кои не се возможни кај други видови на пренос, пред сè поради практичните технички ограничувања.

Кабелска телевизија

Кабелската телевизија е високо развиена во Македонија, со пенетрација до 67% во македонските домаќинства. Вкупно има 49 услужници на кабелска телевизија во Македонија, од кои најистакнати се кабелските оператори A1 (поранешен Vip) и Телекабел, кои држат окопу 80% од пазарот. Истите овие два кабелски оператора нудеа телевизиски пакети преку аналоген сигнал сè додека пред почетокот на 2021 година операторот А1 го изгаси аналогниот сигнал, сега само Телекабел нуди аналоген сигнал. Дигитален сигнал нудат и двата оператори, а од почетокот на 2007 година нудат и Трипл плеј (TriplePlay) пакети.

Број на телевизиски претплатници по години

ГодинаВкупно претплатнициПроцент на домаќинствааКабелска телевизијаУчествоИнтернет телевизија (IPTV)Учество DVB-T мултиплексУчествоСателитска телевизијаУчество
2010[1]238.69541,24%165.02869,14%30.12312,62%42.89017,97%6540,27%
2011[1]251.58443,33%159.53963,41%40.12915,95%50.43520,05%1.4810,59%
2012[2]278.14047,76%172.83562,14%66.54123,92%37.45213,47%1.3120,47%
2013[3]339.92358,19%178.95552,65%88.12525,92%58.27717,14%14.5664,29%
2014[4]358.83361,24%185.60851,73%98.79827,53%58.50616,30%15.9214,44%
2015[5]381.11064,84%209.60055,00%103.02827,03%50.92913,36%17.5534,61%
2016[6]392.74766,61%219.07555,78%108.82027,71%45.38011,55%19.4724,96%
2017[7]394.37666,68%214.08654,28%118.43230,03%41.50610,52%20.3525,16%
2018[8]405.16768,30%210.19151,88%128.85531,80%44.34710,95%21.7745,37%
2019[9]418.32370,30%212.75450,86%137.74532,93%45.33010,84%22.4945,38%
2020[10]420.18270,40%208.80349,69%144.57634,41%43.00910,24%23.7945,66%
2021[11]426.86571,31%209.06448,98%150.22435,19%42.0979,86%25.4805,96%

Забелешка
1.^ Процентот на домаќинства кои се претплатени на одреден сервис не е податок кој е претставен во годишните извештаи на АЕК. Процентот прикажан е пресметан под претпоставка дека растот на бројот на домаќинства помеѓу пописите од 2002 и 2021 е линеарен, и дека нема повеќе од еден претплатник по домаќинство.

Телевизиски станици во Македонија

Заклучно со јуни 2023 година во Македонија постојат 52 активни телевизиски канали, од кои осум се програмски сервиси на државната МРТ, а останатите 44 се приватни комерцијални телевизиски станици. Од нив, 11 се со национална, 18 со регионална, а пак 15 со локална покриеност.[12][13]

Јавен програмски сервис

Македонската радио-телевизија како јавен сервис во Македонија има осум програмски сервиси, од кои шест се емитуваат на државно ниво, а два се емитуваат преку сателит и се наменети за македонската дијаспора.

Сервиси на МРТ кои се емитуваат преку земски мултиплекс

ПрограмаМултиплексНиво на емитувањеВидЈазикСедиште
МРТ 1 MUX 4/5националноколаженмакедонскиСкопје
МРТ 2 MUX 4/5националноколаженалбанскиСкопје
МРТ 3 MUX 4националноспортскимакедонскиСкопје
МРТ 4 MUX 4националноколажентурски, српски, влашки, босански и ромскиСкопје
МРТ 5 MUX 4националнодетскимакедонскиСкопје
МРТ собраниски канал MUX 4/5националнособраниски сервисдвоен тон
(мак. и алб.)
Скопје

Сервиси на МРТ кои се емитуваат преку сателит

ПрограмаСателитДостапностВидЈазикСедиште
МРТ Сат BulgariaSat-1
(1.9° E) 12169 V
ЕвропаколаженмакедонскиСкопје
МРТ 2 Сат ЕвропаколаженалбанскиСкопје

Телевизиски станици со национална покриеност

Во Македонија има 11 приватни телевизиски станици кои имаат дозвола за емитување на национално ниво од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од нив, пет станици, членки на Македонската медиумска асоцијација, се достапни преку земската дигитална мрежа на мултиплекс под концесија на А1 Македонија, а еден е достапен преку сателит. Останатите пет телевизии се достапни само преку кабелските мрежи.

Телевизиски станици кои се емитуваат преку земски мултиплекс

ПрограмаМултиплексНиво на емитувањеВидЈазикСедиштеМрежно место
Алсат М MUX 6националноколаженмакедонски и албанскиСкопјеalsat.mk
Алфа ТВ MUX 6националноколаженмакедонскиСкопјеalfa.mk
Канал 5 MUX 6националноколаженмакедонскиСкопјеkanal5.mk
Сител MUX 6националноколаженмакедонскиСкопјеsitel.com.mk
Телма MUX 6националноколаженмакедонскиСкопјеtelma.com.mk

Телевизиски станици кои се емитуваат преку сателит

ПрограмаСателитДостапностВидЈазикСедиштеМрежно место
ТВ 21б 2 Eutelsat 16A
(16° E) 12537 V
Европаколаженмакедонски и албанскиСкопјеtv21.mk

Забелешка
^б 2 ТВ21 има дозвола за емитување само преку кабелски мрежи во Македонија. Меѓутоа, сигналот на телевизијата е достапен преку сателит, бидејќи албанскиот телекомункациски провајдер ДигитАлб го реемитува истиот без енкрипција.[14][13]

Телевизиски станици кои се емитуваат само преку кабелски оператори

ПрограмаНиво на емитувањеВидЈазикСедиштеМрежно место
ТВ 24б 3 националноколаженмакедонскиСкопје24.mk
Наша ТВб 3 националноколаженмакедонскиСкопјеnasatv.com.mk
Клан ТВ националноколаженалбанскиСкопјеklanmk.mk
ТВ Шења националноколаженалбанскиСкопјеshenja.tv
ТВ Сонце националноколаженмакедонскиСкопјеtv-sonce.com

Забелешка
^б 3 Телевизиите ТВ24 и Наша ТВ не го емитуваат својот сигнал преку сателит иако за тоа имаат активна дозвола од АВМУ.[15][16][13]

Tелевизиски станици со регионална покриеност

Телевизиски станици кои се емитуваат преку земски мултиплекс

ПрограмаМултиплексНиво на емитувањеВидЈазикСедиштеМрежно место
ТВ Едо MUX 6Д1 Црн Врв (СК)колаженмакедонскиСкопјеedo.com.mk
ТВ ЕРА MUX 6Д1 Црн Врв (СК)колаженалбанскиСкопјеera.com.mk
МТМ 1 Скопска MUX 6Д1 Црн Врв (СК)колаженмакедонскиСкопјеmtm.mk
Б1 ТВ MUX 6Д1 Црн Врв (СК)колаженмакедонски
и ромски
Скопје/
КТВ Телевизија MUX 7Д1 Црн Врв (ВЕ)колаженмакедонскиКавадарциktv.mk
ТВ Коха MUX 7Д8 Попова шапкаколаженалбанскиТетовоtvkoha.tv

Телевизиски станици кои се емитуваат само преку кабелски оператори

ПрограмаНиво на емитувањеВидЈазикСедиштеМрежно место
Тера ТВ Д5 ПелистерколаженмакедонскиБитолаtera.mk
ТВМ ТВ Д6 Мали ВлајколаженмакедонскиОхридtvm.mk
ТВ Стар Д3 ТуртелколаженмакедонскиШтипtvstar.com
ТВ Вис Д4 БоскијаколаженмакедонскиСтрумицаkanalvis.com
ТВ Ирис Д3 ТуртелколаженмакедонскиШтип/
ТВ Кобра Д4 БоскијаколаженмакедонскиРадовиш/
ТВ Полог Д8 Попова Шапкаколаженалбански и македонскиТетовоpollogu.mk
ТВ ТопЕстарда Д8 Попова ШапказабавеналбанскиТетовоtopestrada.tv
ТВ 3 Д7 Стоговоколаженмакедонски, албански и турскиДебар/
Kiss&Менада ТВ Д8 Попова ШапкаколаженмакедонскиТетовоk&m.mk
ТВ м»нет Д3 ТуртелколаженмакедонскиШтип/
Вистел Д1 Црн Врв (Ск)колаженмакедонскиСкопјеvtv.mk

Tелевизиски станици со локална покриеност

Телевизиски станици кои се емитуваат само преку кабелски оператори

ПрограмаНиво на емитувањеВидЈазикСедиште
Канал Феста Куманово, Липково и Старо НагоричанеколаженалбанскиКуманово
ТВ Плус Куманово, Липково и Старо Нагоричанеколаженмакедонски и српскиКуманово
ТВ Њуз Куманово, Липково и Старо НагоричанеколаженалбанскиКуманово
ТВ Кочани Кочани, Виница, Чешиново-Облешево и ЗрновциколаженмакедонскиКочани
ТВ Канал 8 Кочани, Виница, Чешиново-Облешево и ЗрновциколаженмакедонскиКочани
Протел Пробиштип и КратовоколаженмакедонскиПробиштип
ТВ Зравкин Велес, Чашка и ГрадскоколаженмакедонскиВелес
ТВ Свет Свети Николе и ЛозовоколаженмакедонскиСвети Николе
Калтрина ТВ Струга и Вевчаниколаженалбански и македонскиСтруга
Спектра ТВ Струга и ВевчаниколаженмакедонскиЛабуништа
Дибра ТВ Дебар, Центар Жупа, Маврово и Ростушаколаженалбански и македонскиДебар
ТВ Гурра Кичево, Пласница и Македонски Бродколаженалбански и македонскиКичево
ТВ Ускана Кичево, Пласница и Македонски Бродколаженалбански и македонскиКичево
ТВ Дуе Гостивар, Врапчиште и БоговињеколаженалбанскиГостивар
Глоби ТВ Гостивар, Врапчиште и Боговињеколаженалбански, македонски и турскиГостивар

Локализирани верзии на транснационални телевизиски станици

Документарни канали со превод на македонски јазик:

  • National Geographic Channel, со македонски DVB превод
  • Discovery Channel, со македонски DVB превод
  • Discovery HD Showcase, со македонски DVB превод
  • Animal Planet, со македонски DVB превод
  • TLC Balkans, со македонски DVB превод
  • History channel, со македонски DVB превод
  • H2, со македонски DVB превод
  • Da Vinci Learning, со македонски DVB превод
  • Viasat Explore, со македонски DVB превод
  • Viasat History, со македонски DVB превод
  • Viasat Nature, со македонски DVB превод
  • DocuBox HD, со македонски DVB превод
  • Travel channel, со македонски DVB превод
  • BBC Earth, со македонски DVB превод
  • Travel XP, со македонски DVB превод

Детски канали со превод на македонски јазик:

  • OK Orlando Kids, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик (каналот е повлечен од македонскиот пазар во текот на месец Март 2018)
  • Pikaboo, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик и македонски DVB превод
  • KidsCo, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик (каналот престана со работење на 01.01.2014)

Тинејџерски и семејни канали со превод на македонски јазик:

  • Vavoom, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик и македонски DVB превод

Филмски канали со превод на македонски јазик:

  • Star, со македонски DVB превод
  • Star Life, со македонски DVB превод
  • Star Crime, со македонски DVB превод
  • Star Movies, со македонски DVB превод
  • AXN Adria, со македонски DVB превод
  • AXN SPiN, со македонски DVB превод
  • HBO Adria, со македонски DVB превод
  • HBO 2, со македонски DVB превод
  • HBO 3, со македонски DVB превод
  • Cinemax, со македонски DVB превод
  • Cinemax 2, со македонски DVB превод
  • Cinestar TV, со македонски DVB превод
  • Cinestar Action, со македонски DVB превод
  • Cinestar Premiere 1, со македонски DVB превод
  • Cinestar Premiere 2, со македонски DVB превод
  • TV 1000, со македонски DVB превод
  • Viasat Epic Drama, со македонски DVB превод
  • FilmBox Extra HD, со македонски DVB превод
  • FilmBox Plus, со македонски DVB превод
  • Tring Action, со македонски DVB превод (поранешен Tring Max)
  • Tring Fantasy, со македонски DVB превод
  • Tring Super, со македонски DVB превод
  • M1 Film, со македонски DVB превод
  • M1 Gold, со македонски DVB превод
  • M1 Family, со македонски DVB превод
  • BBC First, со македонски DVB превод
  • Pickbox TV, со македонски DVB превод
  • Dizi, со македонски DVB превод

Забавни канали со превод на македонски јазик:

  • MTV Adria, со македонски DVB превод (каналот опцијата за превод на македонски јазик ја има отстрането во текот на месец Март 2015 година, а на пазарот на поранешна Југославија престанува да работи на 31.12.2017)
  • E! Entertainment, со македонски DVB превод
  • 24 Kitchen, со македонски DVB превод
  • Fine Living (FLN), со македонски DVB превод
  • Zdrava TV, со македонски DVB превод
  • Nova S, со македонски DVB превод (поранешен Top канал)

Поврзано

  • Радио во Македонија

Наводи

Надворешни врски