Тагалски јазик

јазик

Тагалски јазик, или само тагалогавстронезиски јазик, кој воглавно се зборува на Филипините. Тагалскиот е мајчин јазик на една четвртина од населението на државата, а како втор јазик го зборува мнозинството население на Филипините. Стандардната форма на тагалскиот се нарекува филипински јазик, и тој е службен јазик на Филипините, покрај англискиот. Наречен е по неговите изворни носители, народот Тагали.

Тагалски јазик
Wikang Tagalog
Изговор/tɐˈɡaːloɡ/
Застапен воФилипини
ПодрачјеЦентрален Лусон и Јужен Лусон
НародТагали
Говорници280 милиони  (2007)ne2007
45 милиони како втор јазик (2013)[1]
Јазично семејство
австронезиско
Претходни облици:
протофилипински
  • старотагалски
    • класичен
      • тагалски јазик
Стандардни облици
Дијалекти
батангаски
батагаски
булакански
лубаншки
манилски
мариндукејски
танајско-паетејски
тајабаски
Писмолатиница (тагалска азбука/филипинска азбука),
историски бајбајин
Статус
Службен воФилипини
Регулативен органКомисија за филипински јазик
Јазични кодови
ISO 639-1tl
ISO 639-2tgl
ISO 639-3tgl — опсежен код
Поединечен код:
fil — филипински
Linguasphere31-CKA
{{{mapalt}}}
Тагалски области во Филипините.

Тагалскиот е сроден со останатите филипински јазици, како што се на пример биколски, илоканоански, висајски, капампангански и пангасинански, но и со поодалечените формозански, индонезиски, малајски, хавајски, малагашки и маорски.

Писма

Бајбајин

До 16 век, тагалскиот се пишувал со абугида писмо наречено бајбајин. Ова писмо било составено од симболи за 3 самогласки и 14 согласки. Како и останатите брахмански писма, и ова писмо споделувало сличности со сестринските писма, особено старокавиското писмо. Иако писмото имало висок степен на писменост меѓу народот, сепак тоа почнало постепено да биде заменувано од латиницата, особено по доаѓањето на Шпанците.

Современи писма

До првата половина на 20 век, јазикот користел латиница, односно верзија на латиницаата која се засновала на шпанската азбука. Азбуката имала 32 букви:[2][3]

големималиголемимали
AaNgng
BbÑñ
CcN͠g / Ñgn͠g / ñg
ChchOo
DdPp
EeQq
FfRr
GgRrrr
HhSs
IiTt
JjUu
KkVv
LlWw
LlllXx
MmYy
NnZz

Кога се одлучило дека националниот јазик ќе биде тагалски, граматичарот Лопе Сантос вовел нова азбука која била составена од 20 букви:[4][5][6]

големималиголемимали
AaNn
BbNgng
KkOo
DdPp
EeRr
GgSs
HhTt
IiUu
LlWw
MmYy

Во 1987 Министерството за образование, култура и спорт издало известување со кое се довеле нови промени во однос на азбуката,[7][8] односно се проширила за да може да се примат соодветно нови позајмени англиски или шпански зборови:[9]

големималиголемимали
AaÑñ
BbNgng
CcOo
DdPp
EeQq
FfRr
GgSs
HhTt
IiUu
JjVv
KkWw
LlXx
MmYy
NnZz

Наводи

Поврзано

Надворешни врски