Стефан Ристовски

Македонски фудбалер

Стефан Ристовски (роден на 12 февруари 1992 во Скопје, Македонија) — македонски фудбалер, играч од одбраната на Динамо Загреб и на македонската репрезентација.

Стефан Ристовски
Лични податоци
Роден на12 февруари 1992(1992-02-12)(32 г.)
Роден воСкопје, Македонија
ДржаваМакедонија Македонија
Висина1.80 м
Позицијадесен бек
Клупски податоци
Сегашен клубДинамо Загреб Динамо Загреб
Број13
Младинска кариера
Вардар Вардар
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2008-2010Вардар Вардар23(1)
2010-2015Парма Парма6(0)
2011-2012Кротоне Кротоне1(0)
2012Фрозиноне Фрозиноне12(0)
2012-2013Бари Бари18(0)
2013-2014Латина Латина33(2)
2014-2015Латина Латина19(0)
2015-2017Риека Риека67(0)
2017-2021Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон52(0)
2021-Динамо Загреб Динамо Загреб63(5)
Репрезентација
2008-2009Македонија Македонија 196(0)
2009-2014Македонија Македонија 2120(1)
2011–Македонија Македонија76(2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 19 август 2018
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 27 март 2018

Биографија

Тој е постар брат на Милан Ристовски, кој е исто така фудбалер и игра за македонската репрезентација.

Клупска кариера

Почетоци

Ристовски ја започнал својата фудбалска кариера во својот роден крај Скопје, во екипата на Вардар за која дебитирал со само 16 години.[1] Во јануари 2010 година, на 17-годишна возраст потпишал петгодишен договор со италијанската Парма, но договорот не бил официјализиран додека играчот не наполнил 18 години.[2][3]

Годините во Италија

Ристовски и се прилкучил на Парма во 2010 година, каде играл за Примавера тимот.

На 6 јули 2011, Ристовски бил позајмен на второлигашот Кротоне за кој дебитирал во натпревар од Купот на Италија во кој неговиот тим загубил од Болоња со 4-2.[4] Своето деби во Серија Б, Ристовски го направил на 6 јануари 2012 година, влегувајќи во игра на местото на Антонио Мацота во 69-тата минута, во поразот на гостински терен од Бреша со 3-0. Тоа бил неговиот единствен првенствен настап за Кротоне, а кон крајот на истиот месец бил позајмен на Фрозиноне во Лега Про.[5] Во екипата на Фрозиноне, тој бил редовен стартер во пролетниот дел од сезоната, но клубот имал разочарувачка сезона завршувајќи на осмото место и надвор од борбата за влез во Серија Б.

Откако ја завршил сезоната со Фрозиноне, во текот на летото, Стефан бил проследен на нова позајмица овојпат во екипата на Бари. На 25 август 2012 година го направил дебито за Бари во победата со 2-1 на домашен терен против Читадела. Сезоната ја завршил со 20 настапи (15 како стартер), без постигнат гол и заработил три жолти картони.

Следната сезона (2013-2014) ја поминал на заем во новопромовираниот клуб Латина кој бил важна станица за Ристовски бидејќи бил стандарден во почетниот тим и имал можност да игра во континуитет и да се афирмира. Дебито во сино-црниот дрес го направил против Авелино на домашен терен (1-1) на 31 август 2013 година. По доаѓањето во клубот на новиот тренер Роберто Бреда, Ристовски станал стандарден првотимец по десната страна од теренот во формацијата 3-4-1-2, играјќи како бек-крило. Иако одбранбен играч, тој одлично се снашол на новата позиција и бил многу корисен и во нападот на својот тим по десната страна со опасни пробиви и центаршутеви, додека Масахуду Алхасан истото го правел по левата страна, па Латина имала повеќе постигнати голови по нафрлени топки од било кој друг клуб во лигата. На 22 јануари 2014 година, Ристовски го постигнал својот прв гол во Серија Б во својата кариера, носејќи му победа на својот тим против Емполи во третата минута (93) од судиското продолжение со прецизен удар со глава одблиску на втората статива по нафрлената топка на Алхасан.[6] Во следното коло по неговиот корнер во 61. минута, Марсело Котафава го постигнал водечкиот погодок во ремито 1-1 против Авелино.[7] Својот втор гол во сезоната го постигнал во победата со 4-1 над Новара, исто така, на домашен терен. Со добрите игри во текот на оваа сезона, тој дал голем придонес за одличното трето место на Латина, но тимот за малку не успеал да избори влез во Серија А. Во финалето на плејофот, Латина била поразена од Чезена со вкупен резултат од 4-2, а Ристовски играл и во двата натпревари.[8] Сезоната ја завршил со 37 првенствени настапи (вклучувајќи го и плејофот), 3 гола и 3 асистенции и еден настап во Купот на Италија.

Летото 2014 година, Ристовски се вратил во Парма и бил повикан за натпреварите од претсезонската турнеја. На 31 август, тој дебитирал во Серија А во поразот на гостувањето кај Чезена со 1-0, влегувајќи како замена на местото на Матија Касани во 82. минута.[3][9] На тој начин, Ристовски станал четвртиот македонски фудбалер кој заиграл во Серија А, по Дарко Панчев, Горан Пандев и Агим Ибраими.[10] Во следното коло, Ристовки дебитирал на домашен терен како стартер и го одиграл целиот натпревар во кој Парма загубила од Милан со 4-5, но во 79. минута направил груба грешка, враќајќи ја топката назад кон својот голман, со што му дозволил на Жереми Менез да ги доведе росонерите во водство со 5-3.[3][11] Откако не успеал да се избори за место во почетната постава на Парма, во јануари 2015, Ристовски се вратил во Латина на заем до крајот на сезоната 2014-2015.[12] Сезоната ја завршил со 6 настапи за Парма и 19 за Латина.

Риека

На 7 јули 2015 потпишал за екипата на Специја, но веднаш бил позајмен на хрватската Риека до крајот на сезоната, како резултат на партнерските односи меѓу двата клуба и честата размена на играчи. Ристовски дебитирал за Риека на 19 јули 2015 во натпреварот против Славен Белупо (3-3), a својот прв гол за клубот го постигнал на 29 ноември 2016 во победата со 3-1 на гостувањето кај Локомотива Загреб во Купот на Хрватска.[13]

Во сезоната 2016-2017, со клубот ги освоил хрватското првенство и Купот на Хрватска.[14]

Спортинг Лисабон

На 7 август 2017, Ристовски потпишал за Спортинг Лисабон.[15] Дебитирал во новиот дрес на 12 септември, во победата со 2-3 на гостувањето кај Олимпијакос во натпрвар од Лигата на шампионите, влегувајќи од клупата за резерви во завршните минути од средбата.[16] Во првенството дебитирал на 5 ноември, играјќи како стартер во ремито 2-2 против Брага. И покрај тоа што во првата сезона малку добивал простор за игра, следната сезона Ристовски станал прв избор на позицијата десен бек по заминувањето на Кристијано Пичини. Во Спортинг останал до почетокот на 2021 година и освоил два Лига купа на Португалија.

Динамо Загреб

На 2 февруари 2021, Ристовски потпишал за Динамо Загреб за непознат износ.[17][18] Дебитирал за модрите на 13 февруари во победата со 1-0 над Осиек на Максимир во Прва ХНЛ, но на тој натпревар добил два жолти картони и бил исклучен во 77-мата минута од натпреварот.[19]

Репрезентативна кариера

Своето деби за Македонската фудбалска репрезентација Ристовски го направил на 10 август 2011 година, на натрпеварот против Азербејџан. Својот прв погодок за репрезентацијата го постигнал на 11 јуни 2017, против Шпанија, во поразот со 1-2 во Скопје во квалификациите за Светското првенство 2018.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
10-08-2011БакуАзербејџан 0 – 1  МакедонијаПријателска-
26-05-2012ЛеиријаПортугалија 0 – 0  МакедонијаПријателска-
15-08-2012СкопјеМакедонија 1 – 0  ЛитванијаПријателска-  60'
16-10-2012СкопјеМакедонија 1 – 0  СрбијаКвал. за СП 2014-  90+1'
06-02-2013СкопјеМакедонија 3 – 0  ДанскаПријателска-
26-03-2013БриселБелгија 1 – 0  МакедонијаКвал. за СП 2014-  70'
14-08-2013СкопјеМакедонија 2 – 0  БугаријаПријателска-
06-09-2013СкопјеМакедонија 2 – 1  ВелсКвал. за СП 2014- 39'
10-09-2013СкопјеМакедонија 1 – 2  ШкотскаКвал. за СП 2014-
11-10-2013КардифВелс 1 – 0  МакедонијаКвал. за СП 2014-
15-10-2013ЈагодинаСрбија 5 – 1  МакедонијаКвал. за СП 2014- 25'
08-09-2014ВаленсијаШпанија 5 – 1  МакедонијаКвал. за Евро 2016- 14'
20-06-2014СкопјеМакедонија 3 – 2  ЛуксембургКвал. за Евро 2016- 26'
12-10-2014ЛавовУкраина 1 – 0  МакедонијаКвал. за Евро 2016-
15-11-2014СкопјеМакедонија 0 – 2  СловачкаКвал. за Евро 2016-
27-3-2015СкопјеМакедонија 1 – 2  БелорусијаКвал. за Евро 2016-
30-3-2015СкопјеМакедонија 0 – 0  АвстралијаПријателска-  74'
5-9-2015ЛуксембургЛуксембург 1 – 0  МакедонијаКвал. за Евро 2016- 40'
12-10-2015БорисовБелорусија 0 – 0  МакедонијаКвал. за Евро 2016-
12-11-2015СкопјеМакедонија 4 – 1  Црна ГораПријателска-
17-11-2015СкопјеМакедонија 0 – 1  ЛибанПријателска-  69'
ВкупноНастапи19Голови0

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 25 февруари 2019.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2011-јан. 2012 КротонеБ10КИ10------20
јан.-јун. 2012 Фрозиноне120КИ+КИ-ЛП--------120
2012-2013 БариБ200КИ10-----210
2013-2014 ЛатинаБ33+4[20]2+1[20]КИ10------383
2014-јан. 2015 ПармаА60КИ00------20
јан.-јун. 2015 ЛатинаБ190КИ--------140
Вкупно Латина56310----573
2015-2016 Риека1.ХНЛ320КХ50ЛЕ1[21]0---380
2016-20171.ХНЛ320КХ61ЛЕ2[21]0---401
2017-20181.ХНЛ30---ЛШ4[21]171
Вкупно Риека67011171--852
2017-2018 Спортинг ЛисабонПЛ80КП+ЛКП7+10ЛШ+ЛЕ4+30---230
2018-2019ПЛ100КП+ЛКП2+30ЛЕ30---180
Вкупно Спортинг Лисабон180130100--410
Вкупно во кариерата189+43+1221141--2296

Титули

Риека

2016-2017
2016-2017

Спортинг Лисабон

  • Лига куп на Португалија : 2
2017-2018, 2018-2019.

Наводи

Надворешни врски