Стефано Пираци

италијански Друмски велосипедист

Стефано Пираци (италијански: Stefano Pirazzi; р. 11 март 1987) — италијански професионален друмски велосипедист, кој моментално е суспендиран поради позитивен допинг-тест.[1]

Стефано Пираци
Пираци на Гран при де Денен 2015
Лични податоци
Цело имеСтефано Пираци
Роден11 март 1987(1987-03-11)(37 г.)
Алатри,  Италија
Висина1,80 м
Маса62 кг
Податоци за клубот
Мом. клубсуспендиран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2007–2009 Палацаго Сакла Мајет
Професионални клубови
2010–2017 Колнаго-ЦСФ Инокс
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2014)
Планински пласман (2013)
Последна промена
6 април 2018

Кариера

Роден во Алатри, Пираци се натпреварува како професионалец од 2010, придружувајќи му се Колнаго-ЦСФ Инокс од аматерско ниво; неговиот брат-близнак Роберто е исто така велосипедист и исто така бил член на екипата Палацаго Рад Логистика со Стефано во 2009.[2]

Во мај 2017 година, еден ден пред почетокот на Џиро д’Италија 2017, UCI објавиле дека Пираци и колегата од Бардијани-ЦСФ, Никола Руфони, биле позитивни на хормони за раст во контрола надвор од трките пред еден месец.[3] Подоцна истиот месец, UCI ги поврдила и Б-примероците на обајцата, поради што екипата објавиле дека ги прекинува нивните договори.[4] Во октомври, Пираци добил четиригодишна забрана почнувајќи од првичната објава, поради што не смее да настапи повторно до мај 2021 година.[1]

Достигнувања

2007
1. Етапа 3 Џиро деле Региони
4. Џиро дел Канавезе
6. Гара Сиклистика Милионарија
8. Краен пласман Волта а Љеида
1. Етапа 4
1. Етапа 5b
2008
7. Кроноскалата Гардоне Валтромпија
2009
1. Гара Милионарија Монтапоне
3. Трофео Бастијанели
6. Џиро дел Сињо
2011
1. Планински пласман Џиро дела Провинсија ди Реџо Калабрија
1. Пласман за млад возач Џиро дел Трентино
3. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
2012
1. Планински пласман Тирено-Адријатико
2013
1. Планински пласман Џиро д’Италија
2. Национално хронометарско првенство
7. Краен пласман Џиро дел Трентино
2014
1. Етапа 17 Џиро д’Италија
4. Национално хронометарско првенство
2015
2. Џиро дел’Апенино
2016
1. Етапа 4 Сетимана Копи е Бартали

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка2010201120122013201420152016
Џиро120614644852218
Тур
Вуелта

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски