Староградски плоштад (Прага)

плоштад во Прага

Староградски плоштад (чешки: Staroměstské náměstí) — историски плоштад во Стариот град на Прага, Чешка. Сместен е помеѓу Вацлавскиот плоштад и Карловиот мост.

Староградскиот плоштад од кулата на Староградскиот дом.
Споменикот на Јан Хус
Црквата „Св. Никола“

Градби

На плоштадот се застапени разни архитектонски стилови.

  • Пресв. Богородица пред Тин“ — готска црква од XIV век со кули високи 80 м
  • Прашки астрономски часовник на Староградскиот дом — астрономски часовник од 1410 г., трет по старост во светот и најстар кој сè уште работи.
  • Кула на Староградскиот дом
  • „Св. Никола“ (1737)
  • Кински дворец (1755-65) — ликовен музеј на Националната галерија

Споменици

Староградскиот плоштад има значаен споменик на верскиот реформатор Јан Хус, спален на клада за кривоверство во Констанц. Ова било повод за Хуситските војни (1419-1434). Статуата е подигната во 1915 г. по повод 500 години од неговата смрт.

Пред Староградскиот дом е сместен и паметникот на мачениците (како Јан Јесенски и Максимилијан Хоштјалек) погубени со обезглавување од Хабсбурговците по Битката на Бела Гора (1620). Во 1911 г. е поставена спомен-плоча со нивните имиња, а по Втората светска војна на плочникот се обележани 27 крста, на самото место на нивното погубување[1].

На плоштадот стоел Богородичниот столб, непосредно веднаш по Триесетгодишната војна (1618-1648), но бил срушен во Сè до 1918 г. чест на новостекнатата независност од Австроунгарија и основањето на Чехословачка.[2]

Староградскиот плоштад

Пазари

Божиќен пазар на плоштадот

За Божиќ и Велигден, на плоштадот се одржуваат пазнични пазари, се става голема елка и бина со музичка програма.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

50°05′15″N 14°25′17″E / 50.0875° СГШ; 14.4214° ИГД / 50.0875; 14.4214