Стакато

Стакато (италијански: staccato, скршен, отсечен) – кратко и отсечно изведување на музички тонови.[1] Во модерното означување дава упатство за изведување на нота или пасус. Се означува со точка под или над нотата чиј тон треба да биде исполнет на овој начин, или со кратенката stac, напишана над петолинието, ако е подолг музички текст.

Пример на означување тон за стакато артикулирање

Исполнување на стакато значи дека соодветните вредности на нотата означени со него мора да се извршат кратко, отсечно, без мек премин кон соседните тонови на мелодијата [2][3], издвоена од нотата што следи со тишина.[4] Стакатато било опишано од теоретичарите и се појавило во музиката најдоцна во 1676 година.[5]

Различните музички инструменти имаат своја сопствена техника за исполнување на стакато. Кај жичените инструменти, често стакато се меша со пицикато, додека со гитарата може да се појави конфузија и со пицикато и со знамиња.

Од гледна точка на теоријата на музиката, термините стакато и нелегато не се совпаѓаат, иако честопати се мешаат во пракса.

Нотација

Примерот даден подолу го илустрира опфатот на стакато точката:

Математички прецизно стакато треба да звучи половина од должината на нотната вредност, портаменто три четвртини и стакатисимо само една четвртина.[6]

Во музичкиот програм Сибелиус, стакато ги скратува нотите за 50%.[7]

Поврзано

  • Глисандо
  • Легато
  • Маркато
  • Портато
  • Лига (музика)

Наводи