Стадион Висенте Калдерон

Винсенте Калдерон (шпански: Estadio Vicente Calderón шпански изговор: [esˈtaðjo βiˈθente kaldeˈɾon]) — стадион на Атлетико Мадрид. Се наоѓа во самиот центар на главниот град на Шпанија. Стадионот првобитно се викал Мансанар, но во 1971 година, името му било променето во Винсенте Калдерон по познатиот, претседател на Атлетико Мадрид.

Стадион „Висенте Калдерон“
Целосно имеЕстадио „Висенте Калдерон“
МестоМадрид, Шпанија
Координати40°24′6.19″N 3°43′14.18″W / 40.4017194° СГШ; 3.7206056° ЗГД / 40.4017194; -3.7206056
Започнат1961
Изграден1966
Отворен2 октомври 1967
Реновиран1982
Затворен2017
Срушен2018
Сопственик
Подлогатрева
АрхитектХавиер Баросо
Мигел Ангел Гарсија Ломаш
Поранешни имињаМансанар
ИграАтлетико Мадрид
Гледачи54,907[1]
Висенте Калдерон од јужната страна на голот

На 30 јули 2007 година, Атлетико Мадрид, пиварницата Mahou и Ayuntamiento de Madrid потпишале договор за рекласификација на земјата, која во моментов е окупирана од страна на стадионот Висенте Калдерон и пиварницата Mahou, согласувајќи се дека Атлетико Мадрид во нардните 3 години ќе играат на стадионот Олимпико во Мадрид, подобро познат како Estadio La Peineta, кој во моментов се реновира во рамките на подготовките за закуп на Атлетико. По реконструкцијата, La Peineta ќе се има сместивост од 73.000 гледачи и ќе има целосно покриени трибини. На крајот на сезоната 2016/17, стадионот Висенте Калдерон ќе биде срушен, и на негово место ќе биде изграден парк што треба да биде прогласен за „Парк Атлетико Мадрид“. Тогаш Атлетико Мадрид ќе се пресели во La Peineta .

Одлуката за уривање на стадионот не беше добро примена од страна на некои од навивачите на Атлетико кои беа против релокација на клубот.

Одиграни натпревари на Светското првенство 1982 година на Висенте Калдерон

На Калдерон се одиграле три натпревари на Светското првенство во фудбал 1982 година (сите во второто коло во групата Д).

Надворешни врски