Стадион Ахмад бин Али

Стадион Ахмад бин Али (арап. ملعب أحمد بن علي)[3] [4] познат како стадион Ал Рајан — повеќенаменски стадион во Ал Рајан, Катар. Моментално најмногу се користи за фудбалски натпревари и е стадион на спортскиот клуб Ал Рајан и спортскиот клуб Ал Харитијат. Стадионот е именуван по Ахмад бин Али Ал Тани, емирот на Катар од 1960 до 1972 година.[5] Поранешниот стадион, изграден во 2003 година, имал капацитет од 21.282 седишта и бил срушен во 2015 година[6] Новиот стадион Ал Рајан има капацитет од 50.000 седишта.[7]

Стадион Ахмад бин Али
МестоАл Рајан, Катар
Координати25°19′47″N 51°20′32″E / 25.329640° СГШ; 51.342273° ИГД / 25.329640; 51.342273
Започнат2001–2002, 2016–2018
Изграден2003
Отворен2003 (стар стадион), 18 декември 2020
Реновиран2016–2020
Сопственик
ПодлогаТрева
АрхитектPattern Design[1]
Главни изведувачиAl-Balagh и Larsen & Toubro
ИграСпортски клуб Ал Рајан
Гледачи50.000[2]

Изградба за Светското првенство Катар

Стадионот Ахмад бин Али е еден од осумте стадиони кои се пренаменети за Светското првенство во фудбал во Катар во 2022 година.[8]

Поранешниот стадион Ахмад бин Али бил срушен во 2015 година[9] за на тоа место да се изгради новиот стадион Ал Рајан. 90 отсто од урнатините ќе бидат повторно искористени или за новиот стадион или за други јавни уметнички проекти.[10]

Изградбата на новиот стадион започнала на почетокот на 2016 година,[11] од страна на Ал Балаг и Ларсен & Тубро. Како дел од реновирањето била направена огромна „медиумска фасада“ со мембрана која ќе делува како екран за проекции, вести, реклами, спортски вести, тековни информации за турнирите и натпревари. Исто така, стадионот бил проширен за капацитетот да достигне 40.740 седишта.

По Светското првенство капацитетот на стадионот ќе биде намален на 21.000 седишта. Новиот стадион е изграден за Светското првенство во фудбал во 2022 година, чиј домаќин ќе биде Катар.[12]


Свеченото отворање на стадионот било на 18 декември 2020 година, на Националниот ден на Катар, и точно две години пред земјата да биде домаќин на финалето на Светското првенство во фудбал во 2022 година.[13] На овој стадион се одиграле и дел од натпреварите за Светското клупско првенство на ФИФА во 2020 година.[14] [15]

Дополнително, тука се одиграле и четири натпревари од Арапскиот куп 2021 година.[16]

Светско првенство во фудбал 2022 година

Стадионот Ахмад бин Али ќе биде домаќин на седум натпревари на Светското првенство во фудбал во 2022 година.[17]

ДатумВремеТим 1РезултатТим 2РундаПрисуство
21 ноември 202222:00 часот  САД1–1  ВелсГрупа Б
23 ноември 202222:00 часот  Белгија1–0  КанадаГрупа Ф
25 ноември 202213:00 часот  Велс0–2  ИранГрупа Б
27 ноември 202213:00 часот  Јапонија  КостарикаГрупа Е
29 ноември 202222:00 часот  Велс  АнглијаГрупа Б
1 декември 202218:00 часот  Хрватска  БелгијаГрупа Ф
3 декември 202222:00 часотПобедникот од Група ЦВторопласириот од Група ДОсминафинале

Наводи