Српски студии

Српски студии е академска дисциплина во рамките на славистиката која е фокусирана на изучување на српскиот јазик, литература, историја и култура. Во рамките на славистиката припаѓа на јужнословенската подгрупа.

„ Мирославово евангелие “ - српски средновековен ракопис од 12 век.

Главни центри

Главните центри на српските студии се наоѓаат во Србија, главно во Белград,[1] и во Нови Сад.[2] Специјализиран факултет во Белград, наречен Истражувачки центар за српски студии[3] бил создаден во 2010 година во рамките на Катедрата за историја (Филозофски факултет, Универзитетот во Белград.[4] На универзитетите во Босна и Херцеговина,[5] Црна Гора, Хрватска[6] и некои други европски и северноамерикански земји, се изучуваат и различни програми за српски студии. Северноамериканското друштво за српски студии (NASSS)[7] е активно од 1978 година. Нејзиното списание, наречено Српски студии, го достигнало 28-от том.[8] На Универзитетот Колумбија се организираат специјални програми по српски студии.[9]

Поврзано

Наводи

Извори

Надворешни врски