Средна Франконија

Средна Франконија (германски: Mittelfranken) — еден од трите административни региони на Франконија во сојузната покраина Баварија, Германија. Таа се наоѓа на западот на Баварија и се граничи со соседната покраина Баден-Виртемберг. Административното седиште е во Ансбах, но најнаселен град е Нирнберг.

Средна Франконија
Mittelfranken
Административен округ
Карта на Bavaria со округот Средна Франконија
Карта на Bavaria со округот Средна Франконија
ЗемјаГерманија
Сој. покраинаБаварија
Админ. центарАнсбах
Површина
 • Вкупна7.245,70 км2 (279,760 ми2)
Население (30 јуни 2008)
 • Вкупно1.714.453
 • Густина2,4/км2 (6,1/ми2)
Мреж. местоregierung.mittelfranken.bayern.de

Рурални окрузи

Овие се слични со руралните окрузи во Велика Британија или со окрузите и парохиите во САД.

  1. Ансбах
  2. Ерланген-Хехштат
  3. Фирт
  4. Нојштат (Ајш)-Бад Виндсхајм
  5. Нирнбергер Ланд
  6. Рот
  7. Вајсенбург-Гунценхаузен

Слободни градови

Овие се слични со урбаните окрузи во Велика Британија: тие се независни од околните рурални окрузи. Во САД ти се слични со независните градови.

  1. Ансбах (административно седиште на Средна Франконија)
  2. Ерланген
  3. Фирт
  4. Нирнберг
  5. Швабах

Кратка историја

Областа, претходно составена од независни кнежевства во рамките на Светото Римско Царство, станува округ во Кралството Баварија во времетот на Наполеон на почетокот на 19-от век. Тој го добил денешното име во 1838 година.

Грб

Грбот на Средна Франконија
Грбот прикажува:
  • црно-бели мостри на семејството Хоенцолерни во горната лева четвртина (првата четвртина)[1]
  • Грбот на Франконија во долната лева четвртина (третата четвртина)[2]
  • десната половина на германскиот царски орел (сличен на оној прикажан на Германскиот Сојуз) во десната половина.[3]

Население

ГодинаЖители
1900815.895
1910930.868
19391.065.122
19501.273.030
19611.371.144
19701.486.389
19871.521.484
20021.703.869
20051.712.275
20061.712.622
20081.714.453
20101.710.876

Поврзано

Наводи

Надворешни врски