Список на тренери на ФК Вердер Бремен

список на статии на Викимедија

Досега Вердер Бремен низ својата историја во ерата на Бундеслигата (од 1963 наваму) имал 23 тренери.

Ото Рехагел е тренерот со најдолг стаж во клубот, а веднаш зад него е Томас Шаф како и двајцата му служеле на клубот преку една деценија; Рехагел 14 години и 3 месеци додека Шаф 14 години и 5 дена. Тие двајца се водено и најуспешните тренери во историјата на клубот со најмногу освоени трофеи.

Ханс Тилковски, Вили Мултхауп, Руди Асауер и Рехагел го воделе Вердер во два наврати, додека Фриц Лангнер во три.

Ера пред Бундеслигата

Список на тренери и кратко резиме на нивниот престој во клубот

Тренерска статистика

Освоени трофеи по тренер

Ера на Бундеслигата (1963-денес)

Ханс Тилковски
Јозеф Пионтек
Руди Асауер
Куно Клетцер
Ото Рехагел
Ад де Мос
Томас Шаф
Робин Дут
Виктор Скрипник
Александер Нури
Флоријан Кофелт

Список на тренери и кратко резиме на нивниот престој во клубот

ИмеПериодБелешка
Вили Мултхауп01.07.1963–30.06.1965Првата сезона под неговото раководство Вердер завршил на десетто место. Уште во следната година Вердер ги довел дефанзивецот Хорст-Дитер Хетгес и напаѓачот Клаус Матишак и сензационално станал шампион. Покрај успехот Вили Мултхауп го напуштил клубот доброволно по крајот на сезоната и станал тренер на Борусија Дортмунд.
Гинтер Брокер01.07.1965–04.09.1967Гинтер Брокер ја добил тешката задача да ја брани титулата од претходната сезона. Под неговото раководство Вердер испаднал во вториот круг од Купот на европските шампиони. Откако бременците ја завршиле првата сезона под раководството на Брокер релативно успешно на четвртото место, во следната сезона испаѓањето било избегнато за влакно со освоеното 16. место, а во слабата година бил запишан антирекорд со најмалку публика во историјата на Вердер. По три катастрофални порази на почетокот на третата сезона на тренерот, Брокер бил отпуштен поради лошите резултати.
Фриц Лангер05.09.1967–30.06.1969Откако бил отпуштен од Шалке 04, тренерот познат по своите сурови тренерски методи Фриц Лангер го преземал Вердер кога клубот се наоѓал на последното место на табелата и по серијата од 14 натпревари без пораз го направил вицешампион во истата сезона. По нешто помалку успешната сезона 1968-1969, завршена на 9. место, "Железниот Фриц" ја продолжил кариерата во Минхен 1860.
Рихард Акершот10.11.1968 - 06.1969Во 10-тото, 12-тото и 13-тото коло од првенството во сезоната 1968-1969 поранешниот фудбалер и капитен на Вердер Рихард Акершот го заменувал болниот Фриц Лангер. Кога Лангер отсуствувал во 34-тото коло поради преговорите со Минхен 1860, Акершот одново седнал на клупата, а неговата екипа направила незаборавен пресврт во победата со 6-5.
Фриц Ребел01.07.1969–16.03.1970Фриц Ребел дошол во Вердер од нисколигашот Готинген 05 и раководел со клубот само во 22 натпревари. На крајот и тој самиот признал дека работата во Вердер била преголем залак за него изјавувајќи: "За човек на мојата возраст Бундеслигата е малку превише".[1] Се зборувало, дека пред натпреварите самите играчи му ги објаснувале тактичките варијанти на Ребел место обратно. Ребел често на пресконфернциите ги фалел фудбалерите, кој дури не ни играле во конкретниот натпревар. На 14 март 1970 година, тренерот бил отпуштен и заменет од Ханс Тилковски.
Ханс Тилковски17.03.1970–30.06.1970Тилковски го преземал клубот во сезоната 1969-1970 како наследник на Фриц Ребел. Тој е ангажиран како привремен тренер и на крајот на првенството треба да му го отстапи место на Роберт Гебхард, со кого веќе бил потпишан договор за следната сезона. На крајот на сезоната Тилковски со тешко срце се разделил со Вердер, изјавувајќи дека со задоволство би продолжил да го тренира овој клуб.[2]
Роберт Гебхард01.07.1970–29.09.1971Роберт Гебхард дошол во Бремен од Дујсбург. По крајот на својата прва сезона тој со Вердер го освоил десеттото место во првенството со 33 бода и гол-разлика 41-40. За втората сезона на Гебхард биле доведени националните играчи Петер Дитрих и Херберт Лаумен од Борусија Мехенгладбах, Вили Нојбергер и Вернер Вајст од Борусија Дортмунд. Со овие фудбалери очекувањата кон Вердер се зголемиле, но тимот стартувал неубедливо по осум круга имал само 8 бода и гол-разлика 15-12, кои биле доволни само за седмото место во моменталниот поредок. На 29 септември 1970 година Гебхард бил отпуштен.
Вили Мултхауп30.09.1971–24.10.1971Шампионскиот тренер на бременци од 1965 година се вратил во клубот, за да му помогне на долгорочно повредениот фудбалер Јозеф Пионтек да се изгради во добар иден тренер на Вердер. По завршувањето на обуката Мултхауп одново го напуштил клубот.
Јозеф Пионтек25.10.1971–30.06.1975Јозеф "Зеп" Пионтек одиграл за Вердер 203 натпревари во првенството и постигнал 15 гола, а по завршувањето на кариерата веднаш бил назначен за тренер на клубот.
Фриц Лангнер08.05.1972–10.06.1972Во вториот престој на Везерштадион Лангер го заменил Јозеф Пионтек за 31-вото и 32-рото коло од Првата Бундеслига, како и за двата полуфинални натпревари за Купот на Германија. Непосакуваниот тренер од повеќето фудбалери не успеал да се справи со задачата во милиони задолжениот бременски клуб, кој гледа кон освојувањето на Купот на Германија како шанса за "спасување" на сезоната, но губи двапати со по 1-2 од Кајзерслаутерн.
Херберт Бурденски01.07.1975–28.02.1976Таткото на голманот на Вердер во тоа време, Дитер Бурденски, бил принуден да го напушти клубот по само една победа од десет натпревари и моментно 14. место на табелата. Тој јавно го нарекол Вердер "селски клуб"[3] и додал, дека на крајот на сезоната тимот "ќе си го добие заслуженото" за лошите настапи.[3]
Ото Рехагел29.02.1976–12.06.1976Во првиот престој на Везер Ото Рехагел добил договор само до крајот на сезоната со цел да го избегне сè поочигледното испаѓање и тренерот се справил со задачата.
Ханс Тилковски01.07.1976–19.12.1977Во првата сезона под негово водство клубот му завршил на средината на табелата. Во средината на вториот Тилковски го напуштил клубот на помалку од 24 часа пред четвртфиналето на Купот на Германија, откако анонимен играч му соопштил, дека на внатрешен состанок на играчите три четвртини од нив се изјасниле против тренерот. Тилковски се дефинирал себеси како жртва на интриги во соблекувалната и доброволно се откажува од своите плати.
Руди Асауер и Фред Шулц20.12.1977–30.06.1978По напуштањето на Тилковски извршниот директор Руди Асауер ја преземал обврската да го тренира Вердер. Меѓутоа поради тоа што тој немал тренерска лиценца за тоа, од 1 јануари 1978 година формално тоа го вршел Фред Шулц, кој со својте 74 години бил највозрасниот тренер во Првата Бундеслига. Фудбалскиот сојуз на Германија остро се спротивставил на назначувањето на Асауер, сметајќи дека на тој начин биле заобиколени правилата на организацијата. Откако зелено-белите едно време се нашле под цртата за испаѓање, на крајот успеваат да се спасат завршувајќи на 15-тото место, последно кое носело опстанак.
Волфганг Вебер01.07.1978–29.01.1980Вердер бил првиот клуб, кој бившиот репрезентативец на Геманија го тренирал во својата тренерска кариера. Откако бременскиот клуб паднал блиску до опасната зона за испаѓање, Вебер бил отпуштен.
Руди Асауер и Фриц Лангнер29.01.1980–31.05.1980По отпуштањето на Волфганг Вебер одново Асауер ја презема тренерската функција, откако на 20 февруари 1980 година Фриц Лангнер се согласил да го обезбеди ова со својата диплома за тренери, иако тој веќе се пензионирал. На крајот од сезоната, перформансите на тимот на кои силно влијаела и казната на дефанзивецот Вотсон, станале многу слаби и Вердер испаднал во Втората Бундеслига како претпоследен тим на табелата со 91 примен гол.
Куно Клетцер01.07.1980–30.03.1981Долгогодишниот тренер од Првата Бундеслига го преземал клубот по испаѓањето, но на почетокот на 1981 година го напуштил постот поради здравствени причини, и покрај тоа што во тој момент тимот му се наоѓал на првото место.
Ото Рехагел01.04.1981–30.06.1995Под раководството на Ото Рехагел Вердер веднаш се вратил во германската Прва Бундеслига. За време на 14-годишниот престој во пристанишниот град "Кралот Ото" со клубот ги освоил Купот на победниците на куповите (1991-1992), пгерманското првенство (1987-1988, 1992-1993), Купот на Германија (1990-1991, 1993-1994), како и Суперкупот на Германија (1994). Ниту еден друг тренер во бундеслигата до тогаш не бил толку долго на функцијата во еден клуб. Во 1995 година тој го напуштил клубот и се преселил во големиот конкурент на "зелено-белите" Бајерн Минхен.
Ад де Мос01.07.1995–09.01.1996Ад де Мос имал изградено добра меѓународна репутација и е доведен во Бремен со надеж, дека ќе ги продолжи успесите на својот претходник Ото Рехагел. Меѓутоа нештата не тргнале како што треба и по серијата слаби резултати и несогласувања со фудбалерите тој бил отпуштен. Холанѓанецот бил првиот тренер, кој во клубот ја вовел играта со четири играчи во линија во одбраната, и продолжил да и верува на истата, и покрај лошите игри на својата екипа.
Ханс-Јирген Дорнер14.01.1996–20.08.1997При "Дикси" Дорнер бременскиот тим го избегнал испаѓањето и завршил на осмо место, но по никаков начин не покажал, дека има потенцијал за нешто повеќе. По лошата серија во 1997 година тренерот бил отпуштен.
Волфганг Зидка21.08.1997–21.10.1998Првично Зидка бил помошник на "Дикси" Дорнер и почетокот на чело на тимот му бил релативно успешен. "Зоната УЕФА" била испуштена за малку во сезоната 1997-1998, но Вердер учествувал во Интертото купот. Кога на почетокот на кампањата 1998-1999 јасно се видело, дека Вердер не се развивал кон подобрување, туку се закотвил на последното место по осмото коло, Зидка добил отказ на тренерската должност.
Феликс Магат22.10.1998–09.05.1999Магат вовел дефанзивна тактика во клубот и така го извадил од зоната за испаѓање. Сепак, тренерските методи и тврдото однесување кон фудбалерите бил остро критикувани од приврзаниците и раководството на бременскиот клуб. Магат извадил од составот долгогодишни фудбалери на Вердер и го оставил на клупата љубимецот на публиката Аилтон. Резултатот од тие дејства е само една победа во 12 натпревари во пролетната полусезона и враќање на дното на табелата. Ослободувањето на тренерот било логично и тој бил заменет од Томас Шаф.
Томас Шаф10.05.1999-15.05.2013Томас Шаф бил (по Ото Рехагел) вториот најуспешен тренер во историјата на Вердер. Во сезоната 1998-1999 тој спречил испаѓање, а на крајот на сезоната донел и големо славје во Бремен откако го освоил Купот на Германија. Последователно, поранешниот играч на Вердер и тренер на младинскиот тим формирал силен тим кој во сезоната 2003-2004 освојува двојна круна во Германија (првенството и купот). Под водството на Шаф, Вердер одново се претворил во респектабилен тим и во Европа каде во 2009 година тимот играл во финалето на Купот на УЕФА. Истата сезона тој го освоил и Купот на Германија кој до денес е последниот трофеј на клубот. Во основата на успесите на Шаф со зелено-белиот тим била неговата тесна врска и успешна соработка со спортскиот директор Клаус Алофс, кои во минатото биле соиграчи во Вердер. На 15 мај 2013 година, Томас Шаф и Вердер Бремен се разделиле со заедничка согласност. Тој исто така, станал тренер со втор најдолг стаж во клубот повторно после Ото Рехагел.
Робин Дут1.06.2013–25.10.2014Во својата прва сезона, Робин Дут го освоил 12-тото место со тимот. Во сезоната 2014-2015 тој бил ослободен по девет натпревари без победа на 25 октомври 2014.
Виктор Скрипник25.10.2014–17.09.2016Поранешниот одбранбен играч на Вердер од шампионската генерација во 2004 Виктор Скрипник го презел тимот како последен на табелата и последователно го одвел до безбедното десетто место. Откако Вердер ги изгубил првите четири натпревари од сезоната 2016-2017, тој бил ослободен.
Александер Нури18.09.2016–30.10.2017Александер Нури првично бил назначен за привремен тренер по неуспехот на Скрипник и бил промовиран во тренер по шестиот натпревар од сезоната. Осмото место освоено на крајот на сезоната, бил најдобриот финиш на клубот постигнат од многу години наваму. Сепак, откако немал ниту една победа во првите десет натпревари од сезоната 2017-2018, клубот се разделил со него.
Флоријан Кофелт30.10.2017–денесКофелт бил назначен како привремен тренер по десеттото коло во сезоната 2017-2018, кога тимот бил на претпоследното место. По успехот со тимот, тој добил долгорочен договор. До крајот на сезоната, Кофелт го одвел тимот до единаесеттото место, а под негово водство ниту еден од дванаесетте домашни натпревари не бил загубен.

Тренерска статистика

ДржаваТренерНатпреварувањеНатпревари тренерПобедиНерешениИзгубениПобеди %Години тренерБелешка
Вили МултхаупБундеслига60251916&1000000000000416700000041,67%1963–65
Куп на Германија2002&100000000000000000000000%
Европа
Вкупно62251916&1000000000000403200000040,32%
Гинтер БрокерБундеслига1965–67
Куп на Германија
Европа
Вкупно
Фриц ЛангнерБундеслига1967–69
Куп на Германија
Европа
Вкупно
Рихард АкершотБундеслига41968–69Замена за Фриц Лангнер во натпреварите од 11, 12, 13, и 34-то коло
Куп на Германија
Европа
Вкупно
Фриц РебелБундеслига1969–70
Куп на Германија
Европа
Вкупно
Ханс ТилковскиБундеслига1970
Куп на Германија
Европа
Вкупно
Роберт ГебхардтБундеслига1970–71
Куп на Германија
Европа
Вкупно
Вили МултхаупБундеслига1971
Куп на Германија
Европа
Вкупно
Јозеф ПионтекБундеслига1971–75
Куп на Германија
Европа
Вкупно
Фриц ЛангнерБундеслига21972Замена за Јозеф Пионтек во натпреварите од 31-во и 32-ро коло
Куп на Германија
Европа
Вкупно
Ото РехагелБундеслига1976
Куп на Германија
Европа
Вкупно
Херберт БурденскиБундеслига1975–76
Куп на Германија
Европа
Вкупно
Ханс ТилковскиБундеслига1976–77
Куп на Германија
Европа
Вкупно
Руди АсауерБундеслига1977–78Во соработката со Фред Шулц
Куп на Германија
Европа
Вкупно
Фред ШулцБундеслига1978Во соработка со Руди Асауер
Куп на Германија
Европа
Вкупно
Волфганг ВеберБундеслига1978–80
Куп на Германија
Европа
Вкупно
Руди АсауерБундеслига1980Во соработка со Фриц Лангнер
Куп на Германија
Европа
Вкупно
Фриц ЛангнерБундеслига1980во соработка со Руди Асауер
Куп на Германија
Европа
Вкупно
Куно Клетцер2. Бундеслига261943&1000000000000730800000073,08%1980–81Ото Рехагел ја преземал функцијата на 2 април.
Куп на Германија5311&1000000000000006000000060%
Европа
Вкупно312254&1000000000000709700000070,97%
Ото РехагелБундеслига и
2. Бундеслига
496252138106&1000000000000508100000050,81%1981–95
Куп на Германија5942710&1000000000000711900000071,19%
Европа68321917&1000000000000470600000047,06%
Вкупно623326164133&1000000000000523300000052,33%
Ад де МосБундеслига1995–96
Куп на Германија
Европа
Вкупно
Ханс-Јирген ДорнерБундеслига1996–97
Куп на Германија
Европа
Вкупно
Волфганг ЗидкаБундеслига3715715&1000000000000405400000040,54%1997–98
Куп на Германија3201&1000000000000666700000066,67%
Европа11821&1000000000000727300000072,73%
Вкупно5225917&1000000000000480800000048,08%
Феликс МагатБундеслига246711&1000000000000002500000025%1998–99
Куп на Германија3300&10000000000000100000000100%
Европа1001&100000000000000000000000%
Вкупно289712&1000000000000321400000032,14%
Томас ШафБундеслига479223106150&1000000000000465600000046,56%1999–2013
Куп на Германија533878&1000000000000071700000071,7%
Европа99432333&1000000000000434300000043,43%
Вкупно631304136191&1000000000000481800000048,18%
Робин ДутБундеслига43101320&1000000000000232600000023,26%2013–14
Куп на Германија2101&1000000000000005000000050%
Европа
Вкупно45111321&1000000000000244400000024,44%
Виктор СкрипникБундеслига62211427&1000000000000338700000033,87%2014–16
Куп на Германија8503&1000000000000062500000062,5%
Европа
Вкупно70261430&1000000000000371400000037,14%
Александер НуриБундеслига41131117&1000000000000317100000031,71%2016–17
Куп на Германија2200&10000000000000100000000100%
Европа
Вкупно43151117&1000000000000348800000034,88%
Флоријан КофелтБундеслига58241816&1000000000000413800000041,38%2017–денесдо 22 октомври 2018
Куп на Германија7412&1000000000000571400000057,14%
Европа
Вкупно65281918&1000000000000430800000043,08%

Освоени трофеи по тренер

ДржаваТренерГодини тренерБундеслига2. БундеслигаКуп на ГерманијаКуп на шампиони/
Лига на шампиони
Куп на УЕФА/
Лига Европа
Суперкуп на УЕФАКПКВкупно
Вили Мултхауп1963–651 (1965)1 -
Гинтер Брокер1965–67
Фриц Лангнер1967–69
Рихард Акершот1968–69
Фриц Ребел1969–70
Ханс Тилковски1970
Роберт Гебхардт1970–71
Вили Мултхауп1971
Јозеф Пионтек1971–75
Фриц Лангнер1972
Ото Рехагел1976
Херберт Бурденски1975–76
Ханс Тилковски1976–77
Руди Асауер1977–78
Фред Шулц1978
Волфганг Вебер1978–80
Руди Асауер1980
Фриц Лангнер1980
Куно Клецер1980–81
Ото Рехагел1981–952 (1988, 1993)1 (1980)2 (1991, 1994)1 (1992)6 -
Ад де Мос1995–96
Ханс-Јирген Дорнер1996–97
Волфганг Зидка1997–98
Феликс Магат1998–99
Томас Шаф1999–20131 (2004)3 (1999, 2004, 2009)4 -
Робин Дут2013–14
Виктор Скрипник2014–16
Александер Нури2016–17
Флоријан Кофелт2017–денес

Наводи