Список на највисоки планини во Сончевиот Систем

список на статии на Викимедија

Ова е список на највисоки планини во Сончевиот Систем. Со 21,9 км, огромниот штитест вулкан Олимп на Марс е највисоката планина на било која планета. Споредлива висина има средишниот врв на кратерот Рејасилвија на астероидот и протопланета Веста, откриен во 2011 г.

Олимп на Марс — највисока планетарна планина во Сончевиот Систем, дадена за споредба со Монт Еверест и Мауна Кеја на Земјата.

Список

Дадени се висините на планините од подножјето до врвот наместо како надморска височина бидејќи не постои непроизволен истоветник кој би важел за сите светови.

СветНајвисок врвВисина
(од подножјето, во км)
% од пречникотПотекло
МеркурТоплински Планини≤ 3[1][2] 0,12ударно[3]
ВенераСкади6,4 (приб.)[4] 0,11тектонско[5]
Маат4,9 (приб.)[6] 0,081вулканско[7]
ЗемјаМауна Кеја и Мауна Лоа10,2[8] 0,16вулканско
Халејакала9,1[9] 0,14вулканско
Теиде7,5[10] 0,12вулканско
Денали (Макинли)5,3[11] 0,093тектонско
Монт Еверест3,6 - 4,6[12] 0,072тектонско
МесечинаХајгенс5,5[13][14] 0,32ударно
Хедли4,5[13][14] 0,26ударно
Римкер1,1[15] 0,063вулканско
МарсОлимп 21,9[16][17] 0,65вулканско
Аскриска Плнина14,9[16] 0,44вулканско
Елизиум12,6[16] 0,37вулканско
Арсија 11,7[16] 0,35вулканско
Паунова Планина 8,4[16] 0,25вулканско
Гускина Планина 6,2[18] 0,18ударно
Еолида (Шарп) 4,5 - 5,5[19] 0,16наслојување и ерозија[20][21]
Вестасред. врв во Рејасилвија22[22][23] 8,4ударно
ЦерераАхуна4[24] 0,85криовулканско[25]
ИјаЈужна Боосавла[26]17,5 - 18,2[27] 1,0тектонско
источен срт на Јонска Планина12,7 (приб.)[28][29] 0,70тектонско
Евбеја10,3 - 13,4[30] 0,74тектонско
безимена (245° ЗГД, 30° ЈГШ)2,5 (приб.)[31][32] 0,14вулканско
Мимантсред. врв во Хершел7 (приб.)[33] 3,5ударно
Дионасрт Јаникул1,5[34] 0,27тектонско
ТитанМитрим≤ 3,3[35] 0,13тектонско[35]
Дум1,45[36] 0,056криовулканско[36]
Јапетекваторски срт20 (приб.)[37] 2,7неизвесно
Оберонбезимена (крак)11 (приб.)[33] 1,4ударно (?)
ПлутонПикар[38][39] ~5,6[40] 0,47криовулканско (?)
Рајт[38][39] ~4,0[38] 0,34криовулканско (?)
Тенцингови Планини[41] ≤ 3,5[42] 0,30тектонско[42] (?)

Галерија

Сликите се прикажани по висински редослед.

Поврзано

  • Список на вонземски вулкани
  • Список на езера и мориња во Сончевиот Систем
  • Топографска истакнатост
  • Список на највисоки планини на Земјата

Наводи