Список на кралеви на Античка Македонија

Македонија било античко кралство на територијата на денешна Македонија и северна Грција.

Македонија станува важна држава во IV век п.н.е. по покорувањето на грчките полиси од страна на кралот Филип II Македонски.

Неговиот син, Александар Македонски, успеал да го освои Персиското царство.

Македонската Империја после војните на дијадосите се распаднала на империи-наследнички.

Антигонидската династија продолжила да владее со територијата на поранешното Кралство Македонија, задржувајќи ја хегемонијата над Грција сè додека нивната држава не била освоена од страна на Римската Република за време на македонско-римските војни (215 п.н.е. - 148 п.н.е.).

По поразот на војската на Персеј во Битката кај Пидна во 168 п.н.е., Македонија била поделена на четири републики од страна на Римјаните.

Во 150 п.н.е. човек по име Андриск тврдел дека е син на Персеј и го барал престолот на Македонија како крал Филип VI. Ова била причината за Четвртата македонско-римска војна во која Андриск бил поразен од страна на римјаните и Македонија била припоена кон Рим (148 п.н.е.).

рбрвладетелпериод на владеење[1]време
(год.)
династијароденпочинатзабелешка
1Каран808 - 77830Аргеади
2Коин778 - 75028Аргеади
3Тирима750 - 70050Аргеади
4Пердика I700 - 67822Аргеадиги обединил македонските племиња
5Аргеј I678 - 64038Аргеади
6Филип I640 - 60238Аргеади
7Аероп I602 - 57626Аргеади
8Алкет I567 - 54720Аргеади
9Аминта I547 - 49849Аргеади
10Александар I498 - 45444Аргеади
11Алкет II454 - 4486Аргеади
12Пердика II448 - 41335Аргеади
13Архелај413 - 39914Аргеади
14Кратер399 - 399Аргеадивладеел само 4 дена
15Орест399 - 3963Аргеади
16Архелај II396 - 3933Аргеади
17Аминта II393 - 393Аргеади
18Павзаниј393 - 393Аргеади
19Аминта III393 - 393Аргеади
20Аргеј II393 - 3921Аргеади
21Аминта III392 - 37022Аргеадиповторно назначен
22Александар II370 - 3682Аргеади
23Птоломеј I368 - 3653Аргеади
23Пердика III365 - 3594АргеадиПогинал во битка со Илирите
23Аминта IV359 - 3563АргеадиБил малолетен кога станал титуларен крал, со кралството владеел регентот Филип II. После атентатот на Филип II и доаѓањето на престолот на Александар Македонски, Аминта IV бил веднаш погубен.
24Филип II Македонски359 - 33623Аргеадидошол на престолот како регент, но истата година се прогласил за крал
26Александар III Македонски356 - 32313Аргеадија формирал Македонската Империја
27Антипатар323 - 3231Аргеадирегент
28Филип III Аридеј323 - 31713Аргеадизаедно со Александар IV
28Александар IV Македонски323 - 31013Аргеадизаедно со Филип III Аридеј
29Пердика323 - 3211Аргеадирегент на Македонската Империја
30Антипатар321 - 3191Аргеадирегент на Македонската Империја
31Полиперхон319 - 3171Аргеадирегент на Македонската Империја
32Касандар317 - 30611Аргеадирегент на Македонската Империја
33Касандар306 - 2979Антипатриди
34Филип IV297 - 2961Антипатриди
35Александар V296 - 2942Антипатриди
36Антипатар II296 - 2942Антипатриди
37Деметриј I Опсадникот294 - 2886Антигониди
38Лизимах288 - 2817го делел престолот со Пир Епирски
39Пир Епирски288 - 2853го делел престолот со Лизимах
40Птоломеј II Керавн281 - 2792Птоломаиди
41Мелегар279 - 2791Антигониди
42Антипатар II279 - 2791Антигониди
43Состен279 - 2772командант на војската
44Антигон II Гонат277 - 2743Антигониди
45Пир Епирски274 - 2722повторно назначен
46Антигон II Гонат272 - 23933Антигонидиповторно назначен
47Деметриј II272 - 22910Антигониди
48Антигон III Досон229 - 2218Антигониди
49Филип V221 - 17942Антигониди
50Персеј179 - 16811Антигониди

Наводи

Поврзано