Спиро Олчев

Спиро Олчев (Дрмени, Ресенско, 25 декември 1870 - Софија, 23 април 1954) — македонски револуционер, деец на ВМОРО и ресенски војвода.

Спиро Олчев
Роден1870
Дрмени, Османлиско Царство
Починал23 април 1954
Софија, Бугарија

Животопис

Спиро Олчев

Олчев е роден на 25 декември 1870 година во Дрмени, Ресенско, во Османлиското Царство, денес во Република Македонија. Брат му Христо Олчев бил книжар во Софија[1]. Четврти клас гимназија завршил во Софија. Бил војвода на селска чета од родното место за време на Илинденското востание. Во Грција бил затворен од грчките власти, од каде пребегнал за Софија. Потоа во 1905 година пак се вратил во родниот крај.Во Битола отворил книжарница која постоела сè до доаѓањето на Србите во Вардарска Македонија во 1912 година. Починал на 23 април 1954 година во Софија.[2]

Наводи