Софрониј Врачански
Свети Софрониј Врачански (бугарски: Софроний Врачански; 1739–1813), познат и со своето световно име поп Стојко Владиславов, а подоцна Врачански епископ, е народен просветител, духовник од Бугарија, тој бил и прв следбеник на делото на Св. Паисиј Хилендарски. Во почетокот на 19 век тој е приман од руската и романската влада за основен претставник на христијанската заедница во Бугарија.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/12/%D0%A1%D0%BE%D1%84%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%B9_%D0%92%D1%80%D0%B0%D1%87%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%B9.jpg/220px-%D0%A1%D0%BE%D1%84%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%B9_%D0%92%D1%80%D0%B0%D1%87%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%B9.jpg)
Биографија
Софрониј Врачански е роден во 1739 година во Котел во семејството на богати трговци. Учел во неговиот роден град. Работил како абаџија, но сепак покажал интерест кон религијата. Во 1762 година е познат за свештеник, работи и како учител и книжовник во родниот град. Големо влијание врз неговите дела биле од Паисиј Хилендарски во 1765 година во Котел.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/f0/Nedelnik-Cover.jpg/220px-Nedelnik-Cover.jpg)
Автор е на зборникот „Неделник“ - првата печатна книга на новобугарски јазик. Канонизиран е за светец од Бугарската православна црква со писмен акт на патријарх Кирил во 1964 г.[1] Неговата автобиографија, "Житие и страданија грешнаго Софронија" (ок. 1804 г.), е првата автобиографија пишана на бугарски јазик. Автор е на првиот препис на Паисиевата "Историја словенобугарска".
Извори
Надворешни препратки
- „Кириакодромион, сиреч Неделник“
- Софрониев препис Архивирано на 21 јануари 2015 г. на „Историја славовенобугарска“
- Житие и страдања грешного Софрония (полн текст)