Сотир Ѓорѓиевски-Сотката

Сотир Ѓорѓиевски-Сотката (Битола, 20 мај 1921 - Битола, 15 мај 1944)[1] — шивач од Битола противник на окупацијата, затворен од 1941 година.

Сотир Ѓорѓиевски-Сотката
Роден20 мај 1921
Битола, Кралство СХС
Починал15 мај 1944(1944-05-15) (возр. 22)
Битола, Царство Бугарија
НародностМакедонец

Животопис

Во заднина на споменикот е ѕидот со спомен-плочи

Сотир Ѓорѓиевски е роден во Битола на 20 мај 1921 година. По завршувањето на основното училиште го учел шивачкиот занает. Идењето на окупаторот во 1941 година исконски не го прифатил. Уште во 1941 година фашистичките сили го заробиле и го осудиле на смрт со бесење. Меѓутоа поради разни околности бесењето било извршено дури на 15 мај 1944 година.[1]

Спомен-плоча со неговото име стои на ѕидот со спомен-плочи во Споменикот на политичките затвореници во Битола.

Поврзано

Наводи