Слободни радикали

Слободни радикали - штетни молекули што ја нарушуваат структурата на здравите ткива во организмот.

Слободни радикали
Во нормална молекула, јадрото е опкружено со пар на негативно наелектризирани електрони. Со одстранување на еден елктрон од парот, со процес кој се нарекува оксидација, молекулата станува нестабилна и деструктивна (настанува радикална молекула) кој ги напаѓа соседните биомолекули во средината во која се наоѓа, така да, со неговото делување доаѓа до створање на нови слободни радикали - со ланчана реакција.[1].

Особености

Слободните радикали ја нарушуваат структурата на здравите ткива, а кога нивниот број ќе се зголеми, тие го неутрализираат капацитетот на здравиот огранизам при што се јавува т.н. „оксидативен стрес“, којшто ја зголемува веројатноста за појава на разни болести, како: кардиоваскуларни и имунолошки заболувања, перде, Алцхајмерова и Паркинсонова болест. Едноличната исхрана, внесувањето алкохол и пушењето придонесува за создавање слободни радикали во организмот.[2]

Наводи