Скопје фест

(Пренасочено од Скопје Фест)

Скопски фестивал, Скопје фест или Фестивал на забавни мелодии Скопје — еден од главните музички настани во Македонија.

Фестивалот започнал во 1968 во Универзална сала во Скопје, и продолжил до 1980. Во ова кратко време, фестивалот станал еден од најголемите музички настани во Југославија. Скопје фест било местото каде познати македонски пејачи како Славе Димитров, Зафир Хаџиманов, Нина Спирова, настапувале заедно со југословенски изведувачи. Публиката уживала во повеќе од 50 песни.

Откако Македонија се осамостоила од Југославија, Скопје фест оживеал во 1994, и ја презел титулата за прв музички фестивал на Македонија од Макфест. Фестивалот вклучува некои од најдобрите македонски изведувачи, пеејќи оригинални песни испратени до МРТ, обично придружувани од оркестарот на МРТ (освен некои од последните изданија).

Фестивалот се користел за македонските национални селекции за Евровизија, уште од доцните 1990-ти. Првиот македонски претставник на Евровизија бил македонскиот пејач Владо Јаневски, кој победил на Скопје фест 1998 со песната Не зори зоро за Евровизија 1998.[1]

Победници

ГодинаПеснаИзведувач
1968Срамежливи луѓеВиолета Томовска, Љупка Димитровска, Зафир Хаџиманов и Диме Томовски
1969Соул МакедонијоБезимени
1971Само тиЗоран Милосављевиќ
Мики Јевремовиќ
1972Оди сиДраган Мијалковски
Приспивна за рекатаСенка Велетанлиќ
1973Тивко тивкоГоце Николовски
На овој денНина Спирова
1974ГолубицаДраган Мијалковски
В облак сонцеМаја Оџаклиевска
1978О, љубов невернаЗафир Хаџиманов
1994Не допирај меМаја Оџаклиевска
1995Што те немаЛидија Кочовска
1996Само тиКалиопи
1997Манастирски сонПеце Огненов
1998Не зори, зороВладо Јаневски
1999СејачотСашо Гигов - Гиш
2000100% те љубамXXL
2001НосталгијаАндријана Јаневска
2002Од нас зависиКаролина Гочева
2007Мојот светКаролина Гочева
2008Во име на љубовтаТамара Тодевска, Врчак и Адријан Гаџа
2009Нешто што ќе останеNext Time
2010Јас ја имам силатаЃоко Танески feat. Били Ѕвер и Дамјан Пејчиноски Пејчин
2011РусинкaВлатко Илиевски
2013Ќе те чекам јасЛамбе Алабаковски
2014Лисја есенскиДаниел Кајмакоски
2015УбаваEye Cue

Наводи

Надворешни врски

Профил страна за Скопје фест на ВБУ Музички регистар.