Склад

Склад,[1][2] складиште[3][4] или магацин[5][6] — просторија или зграда (комплекс) наменета за складирање на стоки и драгоцености. Ја врши должноста на натрупување резерви на материјални средства неопходни за обезбедување на промени во побарувачката и понудата на трговиштето, како и синхронизација на брзината на протокот на товарот.

Современ магацин со палети

Има производни, воени, сезонски и други видови магацини. Според друг критериум, тие можат да се поделат на затворени, полузатворени и отворени.

Историја

Праисторија и древна историја

Пред современите магацини, древните општества складирале дополнителна храна во јами или дворски складишта како оние што се наоѓаат во Кносос. Колин Ренфру, археолог, претполагал дека складирањето на земјоделски вишок во минојските дворци од бронзеното време играло клучна улога во развојот на раната државна власт.[7]

Наводи

Надворешни врски