Сен Пјер (Свети Петар и Микелон)

главен град на француската прекуморска територија Свети Петар и Микелон

Сен Пјер (француски: Saint-Pierre, „Свети Петар“) — главно гратче на француската прекуморска заедница Свети Петар и Микелон, недалеку од брегот на Њуфаундленд, Канада. Ова е поголемата од двете општини кои ја сочинуваат заедницата.

Сен Пјер
општина
Поглед на Сен Пјер од воздух
Поглед на Сен Пјер од воздух
Знаме на Сен Пјер
Карта

Сен Пјер во рамките на Свети Петар и Микелон
ЗемјаФранција
Прекуморска заедницаСвети Пјер и Микелон
Површина25 км2 (10 ми2)
Население (2016)15.628
 • Густина230/км2 (580/ми2)
INSEE/Пошт. бр.97502 / 97500
1 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.
Сен Пјер зиме.

Географија

Општината е сочинета од самиот остров Сен Пјер и неколку помали острови во околината, како што е Морнарскиот (Ил о Марен). Иако опфаќа речиси 90 % од населението на Свети Петар и Микелон, оваа општина е значително помала по површина од Микелон-Ланглад, која се наоѓа североападно од неа, на островот Микелон.

Главното населено подрачје е во северниот дел на заливот, наречена Барашоа, и излегува на Атлантскиот Океан од источниот брег на островот. Приодот кон овој залив е преграден со верига од помали островчиња.

Историја

Островот бил испостава на Ал Капоне во криумчарењето на алкохол од Канада во САД за време на прохибицијата.

Сè 1945 г. Морнарскиот Остров бил трета општина на територијата, кога е припоен кон Сен Пјер.

Население

Според пописот од 2016 г. Сен Пјер има 5.628 жители[1], претежно од баскиско, бретонско, нормандско и акадиско потекло. Сите жители на општината живеат на самиот остров Сен Пјер.

Знаменитости

Недалеку од брегот се поштата и царинарницата, а зад нив се плоштадот „Генерал Шарл де Гол“. Од неговата северна страна се наоѓа катедралата „Св. Петар“ преизградена на почетокот на XX век по голем пожар. Други знаменитости се светилникот кај старите одбранбени топови, а понасевер се поранешната болница и игралиштето „Саспијак бат“ наменето за традиционалниот баскиски спорт пелота.

Здравство

Заедницата Свети Петар и Микелон има само една болница — „Франсоа Динан“, отворена во 2011 г.[2]) Други здравствени услуги можат да се добијат во старечкиот дом „Еглантин“.

Сообраќај

Островот го опслужува меѓународниот аеродром кој се наоѓа јужно од градот. Ова е матично леталиште на превозникот „Ер Сен Пјер“ кој има летови до Микелон, пет градови во Канада и сезонска линија до Париз.

Образование

Државни училишта
  • Претшколска установа „Детски остров“ (Ile aux Enfants) — детска градинка со јасли[3]
  • Основно училиште „Анриета Бонин“ (Henriette Bonin)[4]
  • Основно училиште „Црвен пламен“ (Feu Rouge)[5]
  • Средно училиште „Емил Летурнел“ (Henriette Bonin) — општи нижи паралелки, средна стручна спрема и виши гимназиски паралелки.
Приватни училишта
  • Претшколска установа „Алојзиј Гонзага“ (Saint-Louis de Gonzague) — детска градинка со јасли[6]
  • Основно училиште „Св. Кроазина“ (Sainte-Croisine)[7]
  • Основно училиште „Св. Одилија“ (Sainte-Odile)[8]
  • Средно училиште „Свети Христофор“ (Saint-Christophe) — нижи паралелки[9]

Збратимени градови

Сен Пјер збратимен со:

  • Пор ан Бесен Ипен, Франција (1976)[10]

Галерија

Поврзано

  • Микелон-Ланглад

Наводи

Надворешни врски

46°46′40″N 56°10′40″W / 46.7778° СГШ; 56.1778° ЗГД / 46.7778; -56.1778