Седларци

село во Општина Василево

Седларци — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Седларци

Влезот на Седларци

Седларци во рамките на Македонија
Седларци
Местоположба на Седларци во Македонија
Седларци на карта

Карта

Координати 41°29′25″N 22°35′4″E / 41.49028° СГШ; 22.58444° ИГД / 41.49028; 22.58444
ОпштинаОпштина Василево
Население246 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО27060
Надм. вис.263 м
СлаваМитровден
Седларци на општинската карта

Атарот на Седларци во рамките на општината
Седларци на Ризницата

Географија и местоположба

Црква „Св. Димитриј“
ОУ „Гоце Делчев“
Спортско игралиште
Селска чешма

Пиперево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, северозападниот дел на Струмичка Котлина и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 11 километри.

Надморската височина во селото е 263 метри додека селото зафаќа површина од 4,3 км2. Од нив, 232 хектари се обработливо земјиште, 139 хектари се шуми и 36 хектари се пасишта [2]

Историја

Антички период

Ова населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Киров Рид. Претставува населба од доцноантичкото време. На 500 м источно од селото, на левата страна од патот Седларци-Ангелци, во нивата на П. Лазаров се откриени два големи питоса и се среќава голем број фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди. Во наоѓалиштето има и остатоци од топена железна руда[3].

Отоманско Царство

Во текот на XIX век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 8 семејства и 28 жители Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 100 жители Македонци[4][6].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 104 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[4][7].

Југославија

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. Во текот на Втората светска војна, во селото бил формиран НОО од страна на Киро Минанов[8]. По крајот на Втората светска војна, Седларци било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[9]

Во 1961 година селото имало 280 жители, сите Македонци. Во 1994 година во селото живееле 334 жители, сите Македонци[2].

На пописот од 2002 година, селото имало 343 жители. Следува табела на националната структура на населението[10]

НационалностВкупно
Македонци343
Турци0
Роми0
Албанци0
Власи0
Срби0
Бошњаци0
останати0

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Седларци има 246 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

НародностВкупно
Македонци207
Албанци0
Турци0
Роми0
Власи0
Срби0
Бошњаци0
Други39

Институции и знаменитости

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1795 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 301 гласач.[12]

Наводи

Надворешни врски