Светска турнеја на UCI 2020


Светска турнеја на UCI 2020 — низа трки предвидени во сезоната 2020, кои првично вклучувале триесет и шест друмски велосипедски настани во текот на сезоната 2020.[1] Меѓутоа, некои од нив биле откажани поради избувот на коронавирусот ковид-2019 во светот.[2] Натпреварувањето започнало со воведната етапа на Тур Даун Андер на 21 јануари[1] и завршило со последната етапа на Вуелта а Еспања на 8 ноември.[3][4]

Светска турнеја на UCI 2020
Дванаесетто издание на Светска турнеја на UCI
Лого на Светската турнеја {!}alt=Logo
Лого на Светската турнеја
Поединости
Датуми21 јануари – 8 ноември
МестаАвстралија, Европа и Среден Исток
Трки21
2019
2021

Настани

Календарот за 2020 бил првично објавен во јуни 2019 година.[1] Во октомври 2019 година, календарот бил официјално претставен од UCI.

Имало две промени од Светска турнеја 2019, обете отстранувања од календарот.

  • Трката околу Турција добила понизок ранг и била преместена во UCI ProSeries за 2020 година поради недостиг на учество од страна на UCI World Tour екипите во 2018 и 2019.[5]
  • Трката околу Калифорнија нема да се одржи во 2020 година поради недостиг на средства.[6]

Поради пандемијата на коронавирусот која се појавила пролетта, бројни трки биле одложени, вклучувајќи ги сите три големи трки и четири од петте годишни монументи. Поради тоа, организаторите на трките побарале нови датуми од Меѓународниот велосипедистички сојуз за многу од овие трки. На 5 мај 2020 година бил објавен нов ревидиран календар од UCI, па така 25 трки ќе бидат одржани помеѓу 1 август и 8 ноември; неколку трки се предвидени да се поклопат, како што се Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања.[7] Од овие 25, Трката околу Франкфурт и Јуроајс Класик требале да добијат потврдени датуми во календарот.[8] Други измени во календарот биле направени во јуни, кога уште две трки биле откажани, неколку други добиле нови датуми, а Јуроајс Класик бил закажан за октомври.[3]

Трки во Светската турнеја на UCI 2020[1][3][8]
ТркаДатумПобедникВторТрет
Тур Даун Андер21–26 јануари  Ричи Порт (АВС)  Диего Улиси (ИТА)  Зимон Гешке (ГЕР)
Голема океанска друмска трка2 февруари  Дрис Девенинс (БЕЛ)  Павел Сиваков (РУС)  Дарил Импи (ЈАР)
Трка ОАЕ23-27 февруари[б 1]  Адам Јејтс (ВБР)  Тадеј Погачар (СЛО)  Алексеј Луценко (КАЗ)
Омлоп Хет Ниусблад29 февруари  Јаспер Стејвен (БЕЛ)  Ив Ламперт (БЕЛ)  Серен Краг Андерсен (ДАН)
Париз-Ница8–14 март[б 2]  Максимилијан Шахман (ГЕР)  Тиш Бенот (БЕЛ)  Серхио Игита (КОЛ)
Страде Бјанке1 август[б 3]  Ваут ван Ерт (БЕЛ)  Давиде Формоло (ИТА)  Максимилијан Шахман (ГЕР)
Трка околу Полска5–9 август[б 4]  Ремко Евенепул (БЕЛ)  Јакоб Фуглсанг (ДАН)  Сајмон Јејтс (ВБР)
Милано-Санремо8 август[б 5]  Ваут ван Ерт (БЕЛ)  Жилијан Алафилип (ФРА)  Мајкл Метјус (АВС)
Критериум ди Дофине12–16 август[б 6]  Даниел Мартинес (КОЛ)  Тибо Пино (ФРА)  Гијом Мартен (ФРА)
Џиро ди Ломбардија15 август[б 7]  Јакоб Фуглсанг (ДАН)  Џорџ Бенет (НЗЛ)  Александар Власов (РУС)
Класик Бретања25 август[б 8]  Мајкл Метјус (АВС)  Лука Мезгец (СЛО)  Флоријан Сенешал (ФРА)
Тур де Франс29 август– 20 септември[б 9]  Тадеј Погачар (СЛО)  Примож Роглич (СЛО)  Ричи Порт (АВС)
Тирено-Адријатико7–14 септември[б 10]  Сајмон Јејтс (ВБР)  Герајнт Томас (ВБР)  Рафал Мајка (ПОЛ)
[б 11] БинкБенк Тур29 септември – 3 октомври[б 12]  Матје ван дер Пул (ХОЛ)  Серен Краг Андерсен (ДАН)  Штефан Кинг (ШВА)
Флеш Валон30 септември[б 13]  Марк Хирши (ШВА)  Беноа Конфруа (ФРА)  Мајкл Вудс (КАН)
Џиро д’Италија3–25 октомври[б 14]  Тео Гејган Харт (ВБР)  Џеј Хиндли (АВС)  Вилко Келдерман (ХОЛ)
Лиеж-Бастоњ-Лиеж4 октомври[б 13]  Примож Роглич (СЛО)  Марк Хирши (ШВА)  Тадеј Погачар (СЛО)
Гент-Вевелгем11 октомври[б 15]  Мадс Педерсен (ДАН)  Флоријан Сенешал (ФРА)  Матео Трентин (ИТА)
Трка околу Фландрија18 октомври[б 15]  Матје ван дер Пул (ХОЛ)  Ваут ван Ерт (БЕЛ)  Александер Кристоф (НОР)
Вуелта а Еспања20 октомври – 8 ноември[б 16]  Примож Роглич (СЛО)  Ричард Карапас (ЕКВ)  Хју Карти (ВБР)
Три дена Брухе-Де Пане21 октомври[б 17]  Ив Ламперт (БЕЛ)  Тим Деклерк (БЕЛ)  Тим Мерлир (БЕЛ)

Откажани настани

Вкупно петнаесет настани не биле повторно закажани да се одржат во сезоната 2020 или пак биле целосно откажани. Стогодишната Волта а Каталуња (23–29 март),[14] Трка околу Баскија (6–11 април),[15] Тур де Романди (28 април – 3 мај),[16] Тур де Свис (7–14 јуни),[17] и Класика де Сан Себастијан (25 јули) биле откажани пред обновениот календар да биде објавен од UCI.[15] По обновата на календарот во мај, Е3 БинкБенк Класик (27 март)[8] и Класик Лондон-Сари (16 август) биле откажани;[18] при обновата на календарот во јуни, Трката околу Франкфурт (првично закажана за 1 мај) и Дварс дор Вландерен (претходно презакажана за 14 октомври) биле исто така откажани.[3] Во јули, ЈуроАјс Класик (првично закажана за 16 авгист, а потоа презакажана за 3 октомври),[19] и двете канадски трки во Квебек и Монтреал (закажани за 11 и 13 септември) биле откажани.[20]

По започнувањето со трките на 1 август, завршната трка во сезоната Трка околу Гуангси (првично закажана за периодот 15-20 октомври, а потоа закажана за 5-10 ноември) била откажана на 10 август.[4] На 30 септември, дента откако холандските етапи биле отстранети од БинкБенк Тур, Амстел Голд Рејс (првично закажана за 19 април, а потоа презакажана за 10 октомври), била откажана по избувот на нови случаи од коронавирусот во Холандија.[12][21] На 9 октомври, Париз-Рубе (првично закажана за 12 април, а потоа презакажана за 25 октомври) била откажана по растот на случаи на коронавирусот во Франција.[22]

Белешки

Наводи

Надворешни врски