Сала „Тиволи“

Сала „Тиволи“ (словенечки: Hala Tivoli) — комплекс од две повеќенаменски затворени спортски арени во Градскиот парк Тиволи во Љубљана, главниот град на Словенија. Комплексот бил отворен во 1965 година. Поголемата арена за хокеј на мраз има капацитет од 7.000 луѓе и е дом на клубот на хокеј клубот ХК Олимпија. За време на Евробаскетот 2013, капацитетот бил прилагоден на 5.600.[6]

Сала „Тиволи“
Карта
МестоположбаЉубљана, Словенија
Координати46°03′37″N 14°29′43″E / 46.0602916° СГШ; 14.4952792° ИГД / 46.0602916; 14.4952792
СопственикГрадска општина Љубљана
ОператорЈавна установа Спорт Љубљана
Сместивост7.000 (голема сала)[3][4]
4.500 (мала сала)[3][5]
ПовршинаМраз (голема сала)
Паркет (мала сала)
Изградба
Почнато со градбаноември 1963[1]
Изграден1963–1965
Отворенаприл 1965
Обновен1995 (мала сала)[1]
2000 и 2020 (голема сала)[1][2]
АрхитектМарјан Божич и Станко Блаудек

Помалата кошаркарска сала има капацитет за 4.500 гледачи и е вториот домашен терен на кошаркарскиот тим КК Цедевита Олимпија.[7]

Наводи

Надворешни врски