Рос Баркли

Рос Баркли (англиски: Ross Barkley; роден на 5 декември 1993 во Ливерпул) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Челси и на англиската репрезентација.

Рос Баркли
Лични податоци
Полно имеРос Баркли[1]
Роден на5 декември 1993(1993-12-05)(30 г.)[1]
Роден воЛиверпул, Англија
ДржаваАнглија Англија
Висина&100000000000001880000001,88 м[2]
Позицијасреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубЧелси Челси
Број18
Младинска кариера
Евертон Евертон
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2010-2018Евертон Евертон106(16)
2012Шефилд Венздеј Шефилд Венздеј13(4)
2013Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед4(0)
2018-Челси Челси58(4)
2020-2021Астон Вила Астон Вила24(3)
Репрезентација
2008-2009Англија Англија 167(2)
2009-2010Англија Англија 177(2)
2010-2012Англија Англија 1912(1)
2013Англија Англија 204(0)
2011-2013Англија Англија 215(1)
2013-Англија Англија33(6)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 15 февруари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 15 февруари 2012

Технички одлики

Се работи за поливалентен играч, чија главна позиција е онаа на офанзивен играч од средниот ред кој игра зад напаѓачот/чите, но исто така може да игра како централен играч од средниот ред. Опремен со многу добра поединечна техника, добро се снаоѓа со двете нозе, со голема физички сила и агилност се неговите главни предности, но исто така, има многу добар дриблинг и квалитетен шут од далечина.

Клупска кариера

Рана кариера

Баркли ја започнал својата кариера на 11-годишна возраст кога и се приклучил на академијата на Евертон и потоа напредувал низ сите младински екипи сè до првиот тим. Тој бил избран да биде резерва во првенствен натпревар на првиот игра во почетокот на сезоната 2010-2011, и се очекувало набрзо да го направи своето деби во Премиер лигата[3] пред да ја скрши ногата на дури три места по судир со соиграчот Андре Висдом за време на еден натпревар на англиската репрезентација под 19 години во октомври 2010 година.[4]

Тој закрепнал од повредата на време за да му се приклучи на подготовките на првиот тим пред почетокот на сезоната 2011-2012. За време на пред-сезоната, еден од најдобрите играчи на Евертон во тој момент Тим Кејхил рекол за Баркли дека тој е еден од најталентираните фудбалери со кои работел.[5] Тој го направил своето деби во првиот домашен натпревар на Евертон во сезоната, поразот со 1-0 од Квинс Парк Ренџерс, и бил прогласен за играч на натпреварот од страна на Радио Сити спорт.[6] Неговите први настапи му донеле силни пофалби од некогашниот дефанзивец на Арсенал Мартин Кион кој како предвидување рекол "тој [Баркли] ќе биде еден од најдобрите играчи што некогаш ќе видите во оваа земја."[7] Тој потпишал нов четири и пол годишен договор со клубот во декември 2011.[8]

На 14 септември 2012 година, Баркли му се приклучил на Шефилд Венздеј во Чемпионшип лигата на заем за еден месец[9] и дебитирал истиот ден во поразот на гости од Брајтон и Хоув Албион.[10] Тој го постигна својот прв гол за клубот, од пенал, против Болтон во следното коло.[11] Неговиот заем бил продолжен пред тој да биде повикан да се врати назад во Евертон, откако одиграл 13 натпревари за Венздеј.[12][13] Тој бил позајмен повторно, овој пат во Лидс Јунајтед во јануари 2013 година[14][15] и го направил своето деби за Лидс во дербито против Барнсли.[16]

Евертон

Баркли во дресот на Евертон во 2015

Баркли бил вратен во првиот тим на Евертон за сезоната 2013-2014. Тој го постигнал својот прв гол за клубот во првото коло од Премиер лигата, ремито 2-2 против Норич Сити, а подоцна бил прогласен за играч на натпреварот.[17][18] На 22 декември 2013, тој го постигнал победничкиот погодок за Евертон на гостувањето кај Свонзи Сити.[19] На 4 јануари Баркли го постигнал својот прв гол во кариерата во натпреварите од ФА Купот, првиот за Евертон во победата со 4-0 над Квинс Парк Ренџерс во третото коло.[20] Во март, Баркли постигнал прекрасен гол со соло-продор против Њукасл Јунајтед изнесувајќи ја топката од својата половина до мрежата на противникот, носејќи му на својот тим водство од 1-0 во победата со 3-0.[21] На 18 април 2014, тој бил именуван како еден од шесте играчи на листата кандидати за добитник на наградата ПФА млад играч на годината.[22] Тој постигнал вкупно 6 гола во 34 настапи во Премиер лигата во текот на сезоната, вклучувајќи го и погодокот против Манчестер Сити на 3 мај кој БиБиСи спорт го опишале како "спектакуларен" и бил избран за гол на сезоната на Евертон.[23][24]

На 29 јули 2014 година, Баркли потпишал нов договор со Евертон кој ќе го задржи во клубот до 2018 година.[25] Пред почетокот на сезоната 2014-2015 тој претрпел повреда на неговата медијалните лигаменти,[26] и бил надвор од акција сè до 18 октомври 2014, кога се вартил со асистенција за погодокот на Ромелу Лукаку во првенствената победа на домашен терен над Астон Вила со 3-0. Тој го постигнал својот прв гол за сезоната во победата со 3-1 над Квинс Парк Ренџерс на 15 декември.[27]

Сезоната 2015-2016 Баркли ја започнал постигнувајќи гол во првите два натпревари на Евертон во лигата против Вотфорд и Саутхемптон.[28] Тоа била неговата најдобра сезона во кариерата, ги одиграл сите 38 натпревари во Премиер лигата и постигнал највисоки за него во кариерата 8 голови во една првенствена сезона. Тој, исто така, постигнал 4 гола во куповите (2 во ФА Купот и 2 во Лига купот) што вкупно го донело до бројката од 12 голови за сезоната, што исто така е негов личен рекорд и до денес е единствената сезона во неговата кариера во која постигнал двоцифрен број голови.

На почетокот на сезоната 2016–2017, Баркли постигнал гол во првото коло од сезоната, стрелајќи во мрежата на Тотенхем во ремито 1–1 на домашен терен.[29] Во мај 2017, менаџерот на Евертон Роналд Куман му поставил ултиматум на Баркли, дека доколку не го потпише договорот за продолжување со клубот кој му е понуден, тој ќе биде продаден во текот на летото.[30] Потоа на 26 јули, Куман потврдил дека разговарал со Баркли и дека играчот му рекол дека е подготвен за нов предизвик во својата кариера поради што нема да потпише нов договор со Евертон.[31]

Баркли не се појавил во ниту еден натпревар на Евертон во сезоната 2017-2018, поради повреда на тетивата.[32]

Челси

На 5 јануари 2018 година, Баркли потпишал за Челси за сума од 15 милиони фунти, потпишувајќи пет и пол годишен договор со бранителот на титулата. Од клубот му бил доделен дресот со број 8, истиот број што го носел и во Евертон.[33][34] Баркли бил блиску до приклучување на Челси претходно во последните моменти од летниот преоден рок, но трансферот не се реализирал поради тоа што претрпел долготрајна повреда и сакал да ги разгледа неговите опции.[32] Баркли го направил своето деби во поразот со 2–1 од Арсенал во реванш полуфиналето од Лига купот на 24 јануари. Тој влегол како замена во првото полувреме, на местото на повредениот Вилијан.[35] Своето деби во Премиер лигата со Челси, Баркли го направил во поразот на домашен терен со 3-0 од Борнмут.[36] На крајот на сезоната, тој бил неискористена замена во Финалето на ФА Купот 2018, во кое Челси го победил Манчестер Јунајтед со 1-0, резултат што му овозможил на Баркли да го освои својот прв трофеј во професионалната кариера.[37]

Репрезентативна кариера

Баркли ја претставувал англиската репрезентација речиси во сите младински селекции почнувајќи од онаа под 16 години до селекцијата под 21 година.

За сениорската репрезентација дебитирал на 6 септември 2013 во квалификациски натпревар за Светското првенство 2014 против Молдавија на Вембли, влегувајќи во игра на местото на Џек Вилшер во победата со 4-0. Во јуни 2014 бил избран во составот од 23-ца играчи за Светското првенство во Бразил, и дебитирал веќе во првиот натпревар од групната фаза влегувајќи на местото на Дани Велбек во 61-вата минута во поразот со 2-1 од Италија. Својот прв гол за гордиот албион го постигнал во септември 2015 во победата со 6-0 над Сан Марино во квалификациите за Евро 2016.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Англија
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
6-9-2013ЛондонАнглија 4 – 0  МолдавијаКвал. за СП 2014-  59'
15-11-2013ЛондонАнглија 0 – 2  ЧилеПријателска-  77'
19-11-2013ЛондонАнглија 0 – 1  ГерманијаПријателска-  71'
30-5-2014ЛондонАнглија 3 – 0  ПеруПријателска-  82'
4-6-2014Мајами ГарденсЕквадор 2 – 2  АнглијаПријателска-  84'
7-6-2014Мајами ГарденсАнглија 0 – 0  ХондурасПријателска-  46'
14-6-2014МанаусАнглија 1 – 2  ИталијаСП 2014-1 фаза-  61'
19-6-2014Саун ПаулоУругвај 2 – 1  АнглијаСП 2014-1 фаза-  64'
24-6-2014Бело ХоризонтеКостарика 0 – 0  АнглијаСП 2014-1 фаза- 53'
18-11-2014ГлазговШкотска 1 – 3  АнглијаПријателска-  87'
27-3-2015ЛондонАнглија 4 – 0  ЛитванијаКвал. за Евро 2016-  71'
31-3-2015ТориноИталија 1 – 1  АнглијаПријателска-  55'
7-6-2015ДаблинИрска 0 – 0  АнглијаПријателска-  66'
5-9-2015СеравалеСан Марино 0 – 6  АнглијаКвал. за Евро 20161
8-9-2015ЛондонАнглија 2 – 0  ШвајцаријаКвал. за Евро 2016-  3'
9-10-2015ЛондонАнглија 2 – 0  ЕстонијаКвал. за Евро 2016-  88'
12-10-2015ВилниусЛитванија 0 – 3  АнглијаКвал. за Евро 20161  73'
13-11-2015АликантеШпанија 2 – 0  АнглијаПријателска-  73'
17-11-2015ЛондонАнглија 2 – 0  ФранцијаПријателска-  79'
26-3-2016БерлинГерманија 2 – 3  АнглијаПријателска-  71'
29-3-2016ЛондонАнглија 1 – 2  ХоландијаПријателска-
ВкупноНастапи21Голови2

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 20 април 2016.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2011-2012 ЕвертонПЛ60ФАКуп+ЛК1+20------90
2012-2013ПЛ70ФАКуп+ЛК1+10------90
2012-2013 Шефилд ВенздејЧЛ134ФАКуп+ЛК0+00-----134
2012-2013 Лидс ЈунајтедЧЛ40ФАКуп+ЛК0+00------40
2013-2014 ЕвертонПЛ346ФАКуп+ЛК3+11+0------387
2014-2015ПЛ292ФАКуп+ЛК2+00ЛЕ50---362
2015-2016ПЛ348ФАКуп+ЛК3+62+2------4312
Вкупно Евертон1101620550--13521
Вкупно во кариерата1272020550--15225

Наводи

Надворешни врски