Робин Рајт

Американска актерка

Робин Гејл Рајт (родена 8 Април 1966) - американска глумица и продуцент. Таа станува позната како Claire Underwood во политичката драма "House of Cards" на Netlflix, за кој таа доби Златен Глобус за најдобра глумица - телевизиски сериски драми во 2013, правејќи ја првата глумица што добила Златен Глобус за онлајн-телевизиска серија на интернет. Рајт има добиено последователни Primetime Emmy номинации во категоријата Извонредна главна глумица - Драма за "House of Cards" помеѓу 2013 и 2017 година.

Робин Рајт
Рајт во 2009 година
Роден(а)Робин Гејл Рајт
 8 Април 1966 (51 години)
 Далас, Тексас, САД.
Други имињаРобин Рајт Пен
ЗанимањеГлумица, продуцент
Активен1983–се уште
СопружникДејн Витерспун
 (в. 1986; раз. 1988)
Шон Пен
 (в. 1996; раз. 2010)
Деца2 (вклучувајќи ja Дајлан Пен)
РодниниЧарли Рајт (внук)

Рајт за првпат доби внимание за нејзината улога како Kelly Capwell во NBC оперската сапуница "Santa Barbara", од 1984 до 1988 година. Подоцна прави транзиција во филмови, како главен лик во романтичната комедија "The Princess Bride" (1987). Таа до сега ужива во својата успешна кариера во филмската индустрија, глумејќи во разни филмови, вклучувајќи ја романтичната комедија-драма "Forrest Gump" (1994), романтичната драма "Message in a Bottle" (1999), суперхеројската драма-трилер "Unbreakable" (2000), историската драма "The Conspirator" (2010), биографската спортска драма "Moneyball" (2011), мистериозниот трилер "The Girl with the Dragon Tattoo" (2011), биографската драма "Everest" (2015) и суперхеројскиот филм "Wonder Woman" (2017).

Ран живот

Рајт е родена во Далас, Тексас, ќерка на Гејл, продавачка во козметички салон и Фреди Рајт, работник во фамацевтска компанија. Рајт пораснала во Сан Диего, Калифорнија. Таа учела во La Jolla средно училиште и во Taft средно училиште во Вудлен Хилс, Лос Анџелес.

Кариера

Рајт во 2009 година, Меѓународниот Филмски Фестивал во Торонто

Рајт ја започна својата кариера како модел кога таа беше 14 години. На возраст од 18 години, таа ја одигра Kelly Capwell во NBC оперската сапуница Santa Barbara, за која таа доби и неколку Daytime Emmy Award номинации.

1980–2000: Транзиција во игран филм 

Таа премина во игран филм како Батеркап (Buttercup) во филмот "The Princess Bride" (1987). Таа доби критичко признание за нејзината улога како Џени Куран (Jenny Curran) во Forrest Gump (1994), добивајќи Златен Глобус и Screen Actors Guild номинации за Најдобра споредна женска улога.  

Во 1996 година таа глуми главна улога во филмската адаптација на Даниел Дефо - "Moll Flanders" (1996), за која таа доби Satellite Award номинација за Најдобра Глумица во Драма. Таа беше номинирана за Screen Actors Guild Award за Најдобра Глумица за нејзината улога во "She's so lovely" (1997), филм во кој таа глуми заедно со поранешниот сопруг (тогашен)  Шон Пен. Рајт ја доби својата трета номинација Screen Actors Guild Award за нејзината улога во телевизискиот филм "Empire Falls" (2005).

2013–тековно: Куќа на Карти, понатамошна филмска работа

Рајт во 2017, Канскиот Филмски Фестивал

Од 2013, Рајт се појавува во политичката сериска драма "House of Cards" во улога на Claire Underwood на Netflix. На 12 јануари 2014 година, таа го освои Златниот глобус за таа улога, станувајќи првата глумица што ја доби наградата за онлајн-телевизиска серија на интернет; беше номинирана за истата награда следната година. Таа исто така има добиено  номинации за Primetime Emmy Award во 2013 и 2014 година за истата улога. Следната 4та сезона во 2016 година, Рајт изјави дека треба да е платена за нејзината улога како Claire Underwood исто толку како и нејзиниот колега Кевин Спејси кој ја игра улогата на Frank Underwood; Netflix се согласи. Во 2017 година, за нејзиното глумење во петтата сезона, Рајт беше номинирана по петти пат заPrimetime Emmy nomination за Главна Глумица - Драма.

Во 2017 година, Рајт ја игра улогата General Antiope во Wonder Woman (2017), заедно со Гал Гадот и Крис Пајн. Таа ќе ја повтори улогата во Justice League (2017). Ќе се појави во продолжението на филмот "Blade Runner", "Blade Runner 2049"

Личен живот

Рајт со тогашниот сопруг Шон Пен во септември 2006 

Од 1986 до 1988 година Рајт беше во брак со глумецот Дејн Витерспун, кого таа се сретна во 1984 година на снимањето на сапунската опера "Santa Barbara".

Во 1989 година, Рајт беше во врска со Шон Пен по разведувањeто на него со Мадона. На Рајт и беше понудена улогата Lady Marian во филмот "Robin Hoodː Prince of Thieves" но ја одби, бидејќи била бремена. Ќерката на Рајт и Пен, Дајлан Францес е родена во април 1991. Таа се повлече од улогата на Abby McDeere во "The Firm" (1993) поради нејзината бременост со своето второ дете. Синот на Рајт и Пен, Хопер Џек, е роден во август 1993 година.[се бара извор]

По раскинувањето и враќањето заедно, Рајт и Пен се венчале во 1996, и го промениla нејзиното име во Робин Рајт Пен. Нивната слаба врска, доведе до планови за развод, објавен во декември 2007 година, но барањето за развод беше повлечено четири месеци подоцна по барање на парот. Во февруари 2009 година, Рајт и Пен заедно присуствуваа на Осумдесет и првото доделување на наградите Оскар заедно, на кој Пен доби награда за Најдобар Глумец. Пен поднесе барање за правно разведување во април 2009 година, но го повлече во мај. На 12 Август 2009, Рајт поднела барање за развод, изјавувајќи дека немала планови за помирување. Во тоа време го извадила "Пен" од нејзиното професионално име. Разводот финализирал на 22 Јули 2010.

Во февруари 2012 година, Рајт започна да се запознава со глумецот Бен Фостер, и нивната свршувачка беше објавена во јануари 2014 година. Двојката ја прекина нивната свршувачка во ноември 2014 година, но повторно се обединија во јануари 2015. На 29 Август 2015 година, тие објавија дека ја прекинуваат својата вторa свршувачка.

Филантропија и активизам

Рајт е почесен портпарол на Далас, Тексас-заснована непрофитна Гордиева фондација.

Во 2014 година, Рајт соработуваше со две компании во Калифорнија; Pour Les Femmes и The SunnyLion. The SunnyLion донира дел од својата добивка за движењето Raise Hope For Congo.

Рајт е активист за човековите права во Демократска Република Конго. Таа е раскажувач и извршен продуцент на документарниот филм "Кога Слоновите се борат" кој нагласува како мултинационалните рударски корпорации и политичари во Демократска Република Конго ги загрозуваат човековите права, и овековечување на конфликтот во регионот. Рајт е поддржувач на Stand With Congo, кампањата за човекови права зад филмот. Во 2016 година, јавно говореше за поддршка на кампањата на филмски проекции на филмскиот институт во Њујорк, во медиумските интервјуа, со новинари, и преку нејзините сметки за друштвените медиуми.

Филмографија

Филм

ГодинаНасловУлогаБелешки
1986Холивудска екипа на разврати
Лори Стантон
1987Принцеза невестаБатеркап
1990ПорекнувањеСара
1990Помилувани
Кетлин Фланери
1992КомичариТара Магвајер
1992ИграчкиГвен Тајлер

1994Форест ГампЏени Каран

1995На крстопатЏоџо
1996Мол Фландерс
Мол Фландерс

1997Сакани
Хеда Амерсон

1997Таа е прекрасна
Морин Мерфи Квин

1998ХарлибарлиДарлин
1999Порака во шишеТереза Озборн

2000Како да го убиеш кучето на твојот сосед 
Мелани Мекгауан
2000Нескршлив
Одри Дан

2001Заклетва
Лори
2001Последниот замокРозали ЕрвинНепотпишана во улоги
2002Потрага за Дебра Вингер
СебесиДокументарен филм
2002Бел олеандер 
Стар Томас
2003Распеаниот детектив
Никола/Нина/Русокоса
2003Девица
Г-ѓа Рејнолдс
2004Дом на крајот на светот
Клер
2005Девет животи
Дијана

2005Жалам, хејтери
Фиби Торенс

2005МаксМајкаКраткометражен филм
2006Провалник

Лив Улман

2006Соба број 10
Френи ЏонсКраткометражен филм
2007Ловечки песНепозната жена
2007БеовулфКралица Велтоу
2008Пикантни холивудски приказни
Кели
2008Њујорк, те сакамАна
2009Како стојат работите
Ен Колинс
2009Приватните животи на Пипа Ли
Пипа Ли
2009Божиќна приказна
Фен Скруџ/Бел
2010Заговорник
Мери Сарат
2011Формула за успех
Шерон Бин
2011Рампарт
Линда Фентрес
2011Девојката со тетоважа на змеј
Ерика Бергер
2013Конгрес

Себеси
2013Совршени мајки
Роз
2014Најбараниот човек
Марта Саливан
2015Еверест
Пич Витерс
2017Вондер вуман

Генерал Антиопа
2017Истребувач 2049
Подофицер ЏошиПостпродукција
2017Лига на правдата
Генерал АнтиопаПостпродукција

Телевизија

ГодинаНасловУлогаБелешки
1983–84Жолтата роза
Барбара Андерсон2 епизоди
1984–88Санта Барбара
Кели Кепвел
538 епизоди
2005Емпајер Фолс

Грејс Роби

2011Просветлени
Сенди2 епизоди
2013–сè уштеКуќа од карти

Клер Андервуд 
Главна улога, извршен продуцент (4. сезона) и режисер (7 епизоди)

Наводи

Stefanksy, Emma (June 7, 2017). „Robin Wright's Antiope 'Wonder Woman' character will be in 'Justice League'. Посетено на June 7, 2017.

Надворешни врски