Неговите дела вклучуваат драми како: „Пипа Паси“ (1841) и долги поеми, вклучувајќи го и „Сордело“ (1840)[2]. Додека бил женет (1846-61) со Елизабет Барет Браунинг[3], во Италија, го напишал делото „Мажи и жени“ (1855), кое содржи драматична лирика како „Љубов меѓу руини“ и монолози како што се „Фра Липо Липи“ и „Извинувањето на епископот“, „Драматична личност“ (1864), како и „Рабинот бен Езра“ и „Калибаци над Сетебоси“, на крај му донеле голема популарност. Неговата книга „Прстенот и книгата“ (1896-69)[4] е заснована на судски процес за убиство во Рим.
Браунинг влијаел на многу модерни поети преку својот драматичен монолог[5] (со посебно внимание на поединечната психологија) и преку своето успешно пишување за различни теми од модерниот живот со јазик, кој за современците често бил тежок за разбирање.