Ристо Ѓондев | ||
Роден | 1925 година Ваташа | |
---|---|---|
Починал | 16 јуни 1943 година Моклиште, Ваташа. Стрелан од бугарскиот фашистички окупатор | |
Националност | Македонец |
Ристо Ѓондев ( 1925 во Ваташа — 16 јуни 1943 во Ваташа) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите деца во Масакрот во Ваташа.[1]
Завршил основно училиште, за веднаш потоа да се вработи како фурнаџија во фурната кај Ристо Врангалов вo Кавадарци. Во редовите на младинското движење се вклучил во есента 1941 година во скоевската група со Пане Џунов, Пане Мешков, Ванчо Гурев и Перо Видев. Пројавил голема активност, а неговата работа му овозможувала честопати да пренесува пораки и писма од Кавадарци за Ваташа и обратно.
Учествувал во многу акции кои ги организирала скоевската организација, а се ангажирал и при собирањето на Црвена помош, храна облека и воен материјал. За време на јунската офанзива кога партизанскиот одред „Добри Даскалов” бил разбиен на помали групи, учествувал во носење на храна и друг потребен материјал за борците од одредот.[1]
Поради неговата револуционерна дејност на 16 јуни 1943 година (на 6-тиот роденденот на Симеон II - син на Царот Борис III) е уапсен од страна на бугарската полиција, а по зверското мачење истиот ден е однесен во месноста "Моклиште", каде што е стрелан со уште 11-мина младинци од Ваташа.[1]