Реј Манај

Реј Манај (роден на 24 февруари 1997 година, во Лушње) — албански фудбалер, напаѓач на Сиваспор и на албанската репрезентација.

Реј Манај
Лични податоци
Полно имеРеј Алдо Манај[1]
Роден на24 февруари 1997(1997-02-24)(27 г.)
Роден воЛушње, Албанија
ДржаваАлбанија Албанија
Висина&100000000000001820000001,82 м[2]
Позицијанапаѓач
Клупски податоци
Сегашен клубСиваспор Сиваспор
Број9
Младинска кариера
Пјаченца Пјаченца
Кремонезе Кремонезе
Сампдорија Сампдорија
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2014-2015Кремонезе Кремонезе22(2)
2015-2018Интер Интер4(0)
2016-2017Пескара Пескара12(2)
2017Пиза Пиза17(2)
2017-2018Гранада Гранада19(1)
2018-2020Албасете Албасете37(9)
2020-2022Барселона Б Барселона Б27(13)
2021-2022Специја Специја30(5)
2022-2022Вотфорд Вотфорд6(1)
2023-Сиваспор Сиваспор23(14)
Репрезентација
2014Албанија Албанија 193(1)
2015-2019Албанија Албанија 219(13)
2015-Албанија Албанија31(7)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 23 април 2021
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 23 април 2021

Технички карактеристики

Централен напаѓач, кој може да се користи и како втор напаѓач, со добар осет за гол. Поседува одлична брзина која што му помага да избега од противничките дефанзивци, а има и добра физичка подготвеност и отпорност благодарение на физичката форма на неговото телото, што му овозможува да освојува воздушни дуели.[3] Исто така е одличен изведувач на слободни удари и пенали.

Клупска кариера

Почетоци

Тој израснал во младинските редови на Пјаченца, но кога црвено-белите банкротирале во 2012 година, тој се преселил во блискиот Кремонезе, а од таму на позајмица во Сампдорија. По завршувањето на сезоната со клубот од Лигурија, меѓудругото, и поради смената во раководството на клубот од Едоардо Гароне во Масимо Фереро, тој не бил откупен, по што се вратил во Кремонезе со кој дебитирал во Лега Про и во професионалниот фудбал.

Интер

На 15 јули 2015, тој бил позајмен на Интер во замена за заемите на Фабио Егуелфи и Франческо Форте.[4] На 23 август, тој го направил своето деби во Серија А против Аталанта, влегувајќи како замена неколку минути пред крајот на натпреварот.[2][5] На 15 декември, тој го направил своето деби во Купот на Италија против Каљари (3-0).[6] Во сите натпреварувања во сезоната 2015-2016, тој забележал само 6 настапи за првиот тим, додека со „Примавера“ тимот го освоил Купот на Италија, исто така постигнувајќи гол од пенал во реванш натпреварот од финалето против Јувентус добиен со 1-2.[7]

На 24 јуни 2016 година, тој бил откупен од Интер[8] за сумата утврдена претходното лето, односно 500.000 евра.[9]

Заемите во Пескара, Пиза и Гранада

На 11 јули 2016 година, тој се преселил во Пескара на сува позајмица заедно со Кристијано Бираги, како дел од договорот кој го донел Џанлука Капрари во Интер во 2017 година.[10] На 21 август, тој го направил своето деби за клубот од Абруцо во натпреварот Пескара-Наполи (2-2), заменувајќи го неговиот сонародник Ледијан Мемушај во второто полувреме. На 28 август 2016, тој го постигнал својот прв гол во Серија А, во натпреварот против Сасуоло кој завршил 2-1 за противниците. Голот бил вброен во статистиката и покрај одземената победа на Сасуоло и последователно прогласена во корист на Пескара со службен резултат (0-3) поради присуството на теренот на Антонино Рагуза, играчот на домашната екипа кој не бил вклучен во списокот поднесен до FIGC.[11][12]

По само шест месеци, Манај го завршил своето искуство во Пескара со 12 настапи и 2 гола во Серија А. На 18 јануари 2017 година, тој се вратил во Интер, кој го позајмил на Пиза во Серија Б.[13][14][15] Своето деби го направил ба 22 јануари, во натпреварот на домашен натпревар против Тернана, во кој промашил пенал. На 12 март 2017 година, го постигнал својот прв гол во Серија Б против Виченца, во натпревар кој завршил со пораз за неговата екипа од 2-1. Своето искуство во Пиза го завршил (во текот на кое имал и несогласувања со тренерот Џенаро Гатузо)[16] со 17 настапи и 2 гола, испаѓајќи со клубот на крајот од сезоната во Серија Ц.

На 30 август 2017 година, бил постигнат договор за преселба на Манај на годишна позајмица во Гранада, клуб од Андалузија кој се натпреварувал во шпанската Сегунда Дивисион, кој имал право и да го купи на крајот од сезоната.[17][18] Во текот на сезоната одиграл 19 првенствени натпревари, постигнувајќи еден гол.

Албасете и Барселона

На 30 јуни 2018 година, тој се преселил на позајмица во Албасете со обврска да биде откупен на крајот од сезоната, но Интер го задржал правото на враќање на играчот во текот на наредните неколку години. Манај потпишал петгодишен договор со Албасете кој истекувал на 30 јуни 2023 година.[19][20] Тој уживал во добар почеток на сезоната, постигнувајќи гол од пенал во својот деби натпревар во кој влегол како замена за да и донесе бод на својата екипа во натпреварот против Депортиво Ла Коруња.[21] Тој ја завршил сезоната со 30 настапи и 7 гола во првенството и националниот куп, а на 9 јули 2019 бил откупен од шпанскиот клуб за 2,5 милиони евра.[22][23]

Во првиот дел од новата сезона постигнал 3 гола на 10 натпревари. На 21 јануари 2020 година, Манај бил купен од Барселона за 700.000 евра плус 2 милиони евра во бонуси, и бил приклучен на Барселона Б во третата шпанска дивизија. Договорот бил потпишан на три ипол години, а своето деби за Барселона Б го направил пет дена подоцна во победата со 2-0 на домашен терен над Ехеа.

На 15 февруари 2020 година, тој го добил својот прв повик во првиот тим на Барселона од тренерот Кике Сетиен за натпреварот против Хетафе во рамките на 24-тото коло од Примера Дивисион, но сепак без да излезе на теренот. Откако за вториот тим на Барселона во година и половина забележал 31 настап и 16 голови, на 14 август 2021 година клубот објавил дека Манај ќе биде вклучен во првиот тим.[24]

Специја

По неколку години во Шпанија, на 31 август 2021 година, Манај се вратил во Италија каде и се приклучил на Специја на заем од 500.000 евра со право на откуп за 3,5 милиони евра.[25][26][27] На 19 септември, тој го направил своето деби со Специја во победата со 2-1 на гоствањето кај Венеција, заменувајќи го Јакопо Сала. На 5 декември, тој го постигнал својот прв гол со екипата од Ла Специја, во ремито 2-2 на домашен терен против Сасуоло 2-2.[28][29] Во првиот дел од сезоната, Манај најчесто бил користен од тренерот Тијаго Мота како замена од клупата за некој од напаѓачите Јанис Антист, М'Бала Нзола и Давид Стрелец. Откако во декември се изборил за место во стартната постава, Манај почнал да постигнува повеќе голови. Својот втор гол за сезоната го постигнал од пенал во ремито 2-2 на гостувањето кај Салернитана на 7 февруари 2022, а кон крајот на истиот месец постигнал гол и во поразот со 2-1 на гостувањето кај Болоња, што бил негов трет со што ја надминал својата најдобра сезона во Серија А онаа 2016-2017 во која постигнал два гола за Пескара. На 12 март, Манај го постигнал вториот гол за Специја во победата со 2-0 над Каљари. Својот петти и последен гол за сезоната го постигнал повторно од пенал во поразот со 2-1 на гостувањето кај Торино. Сезоната ја завршил со 30 настапи и 5 гола во Серија А, помагајќи и на Специја да избори опстанок во лигата, завршувајќи како втор стрелец на екипата зад Даниеле Верде (кој постигнал 8).

Вотфорд

На 12 јули 2022 година, Манај потпишал тригодишен договор со англискиот клуб Вотфорд, член на Чемпионшип лигата, кој го довел од Барселона за необјавена сума.[30] Во својот четврти настап за Вотфорд, Манај го постигнал својот прв гол за стршлените во ремито 1-1 против Бирмингем Сити во кое се појавил во игра влегувајќи од клупата. Тој претрпел повреда на тетивата на почетокот на септември 2022 година и бил успешно опериран од хирургот Ласе Лемпаинен во Турку, Финска.[31] Неговиот договор со Вотфорд последователно бил раскинат со заедничка согласност по јануарскиот преоден рок, со што ја завршил својата авантура во Вотфорд по само 6 натпревари и еден гол за клубот.[32]

Сиваспор

На 22 август 2023 година, како слободен играч Манај потпишал тригодишен договор со турскиот клуб Сиваспор.[33]

Репрезентативна кариера

Манај ја претставувал својата земја во младинските репрезентации на Албанија под 19 и под 21 година. За втората дебитирал со погодок во победата со 2-0 над Лихтенштајн во квалификациите за Европското првенство 2019.

На 9 ноември 2015 година, тој го добил својот прв повик во сениорската репрезентација од селекторот Џани Де Бјази за пријателските натпревари против Косово и Грузија. Тој го имал своето деби 4 дена подоцна, постигнувајќи гол само 12 секунди по влегувањето на теренот воспоставувајќи рекорд за најбрз постигнат гол од страна на некој албански репрезентативец како и за најмлад играч кој постигнал гол за репрезентацијата.[34] Де Бјази изјавил дека постојат шанси Манај да биде повикан да игра за Албанија на Европското првенство 2016,[35] но сепак, не се нашол на списокот од 27 играчи повикани за првенството.[36][37]

Потоа, Манај бил стандарден во репрезентацијата во квалификациите за Европското првенство 2020 и Светското првенство 2022, како и во УЕФА Лигата на нации 2020-2021 каде во рамките на Ц лигата на шест натпревари постигнал два гола и тоа во последните два натпревари од групата против Казахстан и Белорусија, помагајќи и на Албанија да избори промоција во Б лигата.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Албанија
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
13-11-2015ПриштинаКосово 2 – 2  АлбанијаПријателска1  54' 68'
16-11-2015ТиранаАлбанија 2 – 2  ГрузијаПријателска-  64'
12-11-2016ЕлбасанАлбанија 0 – 3  ИзраелКвал. за СП 2018-  82'
29-5-2018ЦирихАлбанија 0 – 3  КосовоПријателска-  44'
2-6-2018Евијан ле БенАлбанија 1 – 4  УкраинаПријателска-  58'
10-9-2018ГлазговШкотска 2 – 0  АлбанијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-  66'
10-10-2018ЕлбасанАлбанија 0 – 0  ЈорданПријателска- 90'
17-11-2018СкадарАлбанија 0 – 4  ШкотскаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза- 12'  62'
10-9-2019ЕлбасанАлбанија 4 – 2  ИсландКвал. за Евро 2020-
11-10-2019ИстанбулТурција 1 – 0  АлбанијаКвал. за Евро 2020-
14-10-2019КишињевМолдавија 0 – 4  АлбанијаКвал. за Евро 20201
14-11-2019ЕлбасанАлбанија 2 – 2  АндораКвал. за Евро 20201
17-11-2019ТиранаАлбанија 0 – 2  ФранцијаКвал. за Евро 2020-
4-9-2020МинскБелорусија 0 – 2  АлбанијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-  90'
7-9-2020ТиранаАлбанија 0 – 1  ЛитванијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-
11-10-2020АлматиКазахстан 0 – 0  АлбанијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-  82'
14-10-2020ВилниусЛитванија 0 – 0  АлбанијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-  78'
11-11-2020ЕлбасанАлбанија 2 – 1  КосовоПријателска-  46'
15-11-2020ТиранаАлбанија 3 – 1  КазахстанУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза1  86'
18-11-2020ТиранаАлбанија 3 – 2  БелорусијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза1  71' 90+5'[38]
25-3-2021Андора ла ВељаАндора 0 – 1  АлбанијаКвал. за СП 2022-  62' 63'[38]
28-3-2021ТиранаАлбанија 0 – 2  АнглијаКвал. за СП 2022-  59'
31-3-2021СеравалеСан Марино 0 – 2  АлбанијаКвал. за СП 20221  87'
5-6-2021КардифВелс 0 – 0  АлбанијаПријателска- 37'  77'
8-6-2021ПрагаЧешка 3 – 1  АлбанијаПријателска-  81'
2-9-2021ВаршаваПолска 4 – 1  АлбанијаКвал. за СП 2022- 65'  67'
8-9-2021ЕлбасанАлбанија 5 – 0  Сан МариноКвал. за СП 20221
9-10-2021БудимпештаУнгарија 0 – 1  АлбанијаКвал. за СП 2022-  66'
12-10-2021ТиранаАлбанија 0 – 1  ПолскаКвал. за СП 2022-
26-3-2022Корнеља де ЉобрегатШпанија 2 – 1  АлбанијаПријателска-  84'
29-3-2022ТиранаАлбанија 0 – 0  ГрузијаПријателска-  65'
ВкупноНастапи31Голови7

Статистика

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 22 август 2023.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2014-2015 КремонезеЛП232КИ+КИ-ЛП3+10------272
2015-2016 ИнтерА40КИ20------60
2016-јан. 2017 ПескараА122[39]КИ10------132
јан.-јун. 2017 ПизаБ172КИ00------172
2017-2018 ГранадаСД191КШ10------201
2018-2019 АлбасетеСД27+2[40]6КШ11------307
2019-јан. 2020СД103КШ10------113
Вкупно Албасете37+2921----4110
јан.-јун. 2020 Барселона БСДБ6+3[40]1+1[40]---------92
2020-2021СДБ15+7[40]8+6[40]---------2214
Вкупно Барселона Б21+109+7------3116
2021-2022 СпецијаА305КИ00------305
2022-2023 ВотфордФЛЧ61ФАКуп+ЛК0+10------71
2023-2024 СиваспорСЛ2314КТ34------2618
Вкупно во кариерата20251145----21756

Хет-трикови

Наводи

Надворешни врски