Ретроним

Ретроним – нов збор или израз создаден за да се означи стар предмет или мисла чие првично име почнало да се користи за нешто друго, или кое повеќе не е единствено.

Создавањето на ретроним генерално е последица на напредокот на технологијата.

Историја на зборот

Зборот „ретроним“ е неологизам што го создал Франк Манкиевич во 1980 година, а го популаризирал Вилијам Сафир во Њујорк тајмс магазин.

Примери на ретроними

Заменет терминНов терминПричина за заменаЕпоха
АдресаПоштенска адресаЕлектронска адресакрај на XX век
ОружјеКонвенционално оружјеЈадрено, радиолошко, бактериолошко и хемиско оружјесредина на XX век
ЧоколадоТопло чоколадо (пијалак)Чоколадо (табла)
КопијаХартиена копијаДигитална копија (електронска)крај на XX век}}
Диск (информатика)Тврд дискДискета
Голема војнаПрва светска војнаВтора светска војна1940-тите
ФранкФранцуски франкБелгиски франк, Швајцарски франк
БроевиРеални броевиКомплексни броевиКантор, 1883
ТелевизијаЦрно-бела телевизија (1960-тите)Телевизија во боја(1960-1980)
ФилмНем филмФилм (со говор)крај на 1920-тите
ТелефонТелефон со бројчаникТелефон со тастатура
ТелефонФиксен телефон или жичен телефонМобилен телефонкрај на XX век}}

Често кога некое дело добива продолжение кое дели дел од неговиот оригинален наслов (на пример, дополнет со број 2), оригиналното дело го добива бројот 1 иако истиот не постоел при неговото создавање.

На ист начин, кога некоја компанија развие варијанта на некој производ, името на оригиналниот производ може да стане име на серијата.

Примери на ретронимски придавки

  • акустичен: ги означува музичките неелектрични инструменти кои немаат потреба од засилувач (акустична гитара).
  • аналоген: ги означува недигиталните системи (аналоген часовник, аналоген запис).

Поврзано